Македонија
(Видео) Лефков: Oва се докази за исплати од 7.8 милиони долари кон фантом-фирмата која требала да набави вакцини
Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков на денешната прес-конференција истакна дека е јасно зошто пет месеци чекавме вакцини, одговорот според него е затоа што додека министрите низ светот бркаа вакцини, Филипче и Заев најверојатно, како што рече, бркаа провизии. Сагата со кинеските вакцини заврши со илјадници загубени животи, додаде Лефков.
„На 13 март објавив дека Филипче наместо по регуларен пат, тргнал да набавува вакцини преку фантом-фирма од Хонгконг – тоа е фирмата ‘Стабри интернешенал’ со седиште во Хонгконг, за која Министерството за здравство и Венко Филипче првин тврдеа дека не постои, а потоа дека документите што ги објавуваме се лажни и неточни. Објавивме документи од кои се гледа дека вкупната вредност за набавката за 200.000 вакцини која требало да биде направена би била 12.5 милиони американски долари, што е 62.5 долари за вакцина. Тоа е дупло поскапо од цената што ја плаќале другите држави. Филипче негираше и се правдаше. До ВМРО-ДПМНЕ свиркач достави документи, од кои се гледа дека плаќањето било извршено“, истакна Лефков.
„Ова е налог за извршување плаќање во странство остварен со акредитив во висина од 7.800.000 американски долари, уплатата е извршена од страна на Министерството за здравство, во кое министер е Венко Филипче, преку сметка во НБРМ од буџетски средства, а примач е ‘Стабри интернешенал’. 7.800.000 американски долари, се околу 60% од 12.500.000 американски долари, колку што беше информацијата изнесена во медиумите дека ќе биде исплатена за 200.000 кинески вакцини, со што добивме единечна цена на чинење на една вакцина од 62.5 американски долари, а тоа е двојно повеќе од сумата која излезе како податок дека ја платиле други држави“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој јавно го праша Венко Филипче дали тоа се документите кои беа лажни, кои не постоеја и дали ова сега не е кредибилен документ дека исплатата е извршена? Дополнително праша каде требало да завршат над 30 долари по вакцина, односно над 6 милиони американски долари?
„Венко Филипче е должен да ѝ одговори на јавноста зошто имал намера да купи вакцини по цена двојно повисока од таа која ја плаќале други држави? Каде требала да заврши разликата во цени? И кој требал да има профит од сето тоа? Дали трката по провизии беше поважна од здравјето на илјадници луѓе и свесен ли е Филипче дека сите починати по 1 јануари 2021 година одат на неговата и совеста на Зоран Заев, кои не набавија навреме вакцини?“, праша Лефков.
Потенцира дека одговорност мора да има, и го повика ЈО веднаш да отвори случај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.