Македонија
(Видео) Марин: Има куп тревници низ општината, не може да се стопираат градби
Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, за „Макфакс“ вели дека не може да промени ништо ако деталните урбанистички планови се донесени на законски начин. Тој тврди дека не може да ги стопира градбите со мораториум по примерот на Oпштина Центар бидејќи тоа не е законски. Марин не може да ја стопира ниту градбата кај Реонски центар, која е на државно земјиште, а гради државно јавно претпријатие. Тој вели треба да се има предвид дека од градбите се полни буџетот на Oпштината.
„Иако Oпштина Центар донесе одлука за мораториум, таква можност не постои според закон. Имаме и една разлика, касата на општинстиот буџет 70% се полни од комуналиите што се плаќаат за изградба на зградите. ДУП-овите се донесени, ние не можеме да ги смениме“, вели Марин. „Kако граѓани може да не ни оди во прилог да се гради низ Аеродром, но за да има нови капитални објекти, мора да го направиме тоа, односно сè додека не се смени Законот за финансирање на локалната самоуправа“.
Експанзијата на градење објекти во Аеродром и уништувањето на парковите Марин ја стимулирал со 500 садници, и вели дека во идниот период ќе има јавен повик за засадување нови 1500 садници.
„Дрва се садат на земја, не се садат на зграда. Секаде каде што има зелена површина ќе засадиме дрва. Има еден куп тревници низ општината. Граѓаните велат дека нема, но ако излеземе ќе ги видиме зелените површини. Можеби не се пошумени, ама тоа е“, вели Марин за „Макфакс“.
На парцела каде што требаше да изгради игралиште во близина на Тобако 2, моментално се гради зграда. Според градоначалникот на Аеродром, тоа не е спорно бидејќи е приватно земјиште, а игралиштето е преместено преку пат.
„Во општина Аеродром се исечени само две дрва“, тврди Марин.
Марин вели дека граѓаните можат да го критикуваат кога тој ќе ги носи ДУП-овите, а истите не се во согласност со потребите на граѓаните, за подобри услови за живот.
„Изминативе години се направија 90, а сега се градат 2-3 згради. Сами ќе излезете надвор и ќе видите дали има место да се гради, освен на локациите што се оставени. Аеродром ќе се шири во пределот на Горно и Долно Лисиче, овој предел не го пипкаме повеќе со нови градби“, вели градоначалникот.
Златко Марин не одговори конкретно зошто ветил стопирање на градежната мафија во Аеродром, иако уште во предизборниот период знаел дека ДУП-овите не може да се сменат.
„Ревидираме ДУП-ови, гледаме законска можност да бидат поништени. ДУП-от И10 е даден на Уставен суд. Кога ние ќе изработуваме нов ДУП, може да разговараме за ова“, одговори Марин коментирајќи ги своите ветувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето
Ова е старт, прв чекор во градењето на инфраструктура за електричната мобилност, што е клучно за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето од страна на транспортниот сектор, проблем што е доста актуелен во изминатите неколку години, истакна пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска, при образложение на амандманот, со кој треба да се обезбедат 9,2 милиони денари за физибилити студија за развивање изградба на мрежа на станици за полнење на електрични возила на патиштата во Северна Македонија.
Лукаревска нагласи дека само со клучни и добро обмислени чекори ќе може да има борба против загадениот воздух.
Со развиена мрежа на станици за полнење ќе се поттикнат граѓаните и компаниите да преминат на електрични возила, нешто што е пракса во сите високо развиените земји. Физибилити студијата е за современ ефикасен систем за полнење, што ќе придонесе и за енергетска ефикасност и подобрувањена квалитетот на воздухот, како и унапредување на туристичкиот потенцијал на државата, истакна Лукаревска.
Се надевам дека за прв пат ќе направите отстапка и ќе кажете дека овој амандман се прифаќа, бидејќи досега само еден амандман е прифатен и тоа е амандман од власта, нагласи пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска.
Македонија
Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен
Очигледно наместо да зборуваме што е потреба за граѓаните, очигледно дебатата е кој обезбедил, што обезбедил, кој што не направил, кој што направил, се со цел да се одбиваат амандманите, истакна пратеникот на СДСМ Јован Митревски, на амандманската расправа за Буџетот на седницата на комисијата за финансирање и буџет.
Митревски нагласи дека го повлекува амандманот со кој треба да се обезбедат шест милиони денари за санација на дивата депонија кај Мауцхер, Охрид, како и наредниот амандман.
Ве повикувам, како колеги пратеници од опозицијата. Досега ниту еден амандман не е прифатен. Ова не се има случено во историјата на Собранието, рече Митрески, додавајќи дека не може ништо од ова што е напишано да не биде прифатено, како што имаше ситуација, минатата недела на тоа што сами од власта си го пишувле во прграмата, сега ќе излезе дека и амандманите што пишувале како опозиција сега не се прифатливи.
Ве повикувам колеги пратеници размислете, до крајот на амандманската расправа да видиме како може како пратеници избрани од граѓаните да промениме ова што е предлог буџет, затоа што на крајот буџетот на државата го носи собранието, порача пратеникот на СДСМ Јован Митревски.
Македонија
Петкоска: Ќе се формира претпријатие за регионална депонија во Новаци, што ќе донесе решение и за Буково
Ве информирам дека задутре во советот на Општина Новаци е закажана седница на која ќе се формира Претпријатие за регионална депонија и врз основа на таа одлука сите општини ќе може да си партиципираат за овој проект. Имаме посветена Влада, имаме одговорен градоначалник кој кажа дека депонијата ќе се огради, ќе се осветли, ќе се постави видео надзор и ќе се покрие со 4 илјади кубици земја. Владата е сериозна, веќе е откочен проектот и фаза по фаза ќе се реши проблемот со депонијата Буково“, истакна на денешната Комисија за финансии и буџет, на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година, пратничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска.
Покрај ова, таа истакна и дека претходната власт нема ништо направено во однос на регионалната депонија во Буково, и дека сето што е ветено од нив останува неисполнето и покрај тоа што биле обезбедени средства, па така проблемот го наследила сегашната власт која успешно се справува со сето тоа.
„Поранешната министерка за животна средина вети дека до 2024 година оваа регионална депонија ќе биде отворена. Но како што велат, каде што СДС ветува појдете со мала торбичка, па ова ветување остана во наследство на владата предвидена од ВМРО-ДПМНЕ, која пак за разлика од претходната влада, во рекорден рок од само три месеци, успеа да го откочи проектот. Значи при обезбедени средства од Светска банка не се направи ништо од ветеното“, рече Петкоска.