Македонија
(Видео) Маричиќ презентираше дел од критериумите за прочистување на судството и обвинителството

На прес-конференцијата по повод одбележувањето на првите 100 дена од формирањето на Владата, министерот за правда, Бојан Маричиќ најави дека методологијата за филтрација на судството и обвинителството е при крај и дека очекува Судскиот совет до крајот на оваа недела истата да ја разгледа и усвои.
Потоа, како што кажа тој, на 28 декември методологијата ќе се најде на седница на Советот за реформи во правосудството, а врз основа на тоа по нејзиното донесување и крајно утврдување ќе биде и објавена за јавноста.
„ Она што можам сега да го кажам, а што е врзано со оваа методологија е дека мал дел од критериумите за филтрирање би биле утврдување дали има неоправдано одложување на рочишта од страна на судиите, непочитување или пречекорување на законските рочишта, застарување на гонење или извршување на санкциите во кривичните предмети, неправилна одлука или приговор за застареност од странките“ , потенцираше Маричиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Апасиев и Мециновќ се разоткриени, пред граѓаните глумат чесност, а зад завесите во џеб ставаат народни пари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Дволичноста на лицата од Левица веќе е на виделина. Лицата како Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ кои постојано зборуваат за чесност, грижа за граѓаните се покажа дека е една голема лага. Апасиев и Мециновиќ практично глумат едно пред јавноста, друго како приватни лица. Па така Апасиев и Мециновиќ си земале од партиските пари на Левица за лични потреби, тие пари пак се на народот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Само во периодот од 2021 година до денес се послужиле или во џеб ставиле околу милион денари.
Само за оваа година 2025, Мециновиќ кој е пратеник во Собранието од Левица земал околу 200 илјади денари.
Со вакво однесување Апасиев и Мециновиќ покажуваат само колку се дволични и колку не им е грижа за граѓаните, со други зборови глумат наивни лица загрижени за народот.
Едно е јасно раководството на Левица, или Апасиев и Мециновиќ пред граѓаните глумат фалш скромници, а зад грб само ги ставаат во својот џеб нивните граѓани.
Секој ден се покажува дека лицата од Левица се демагози или само лажно ветуваат и манипулираат за да го придобијат народот, а воедно се и тешки лицемери, едно се нивните јавно кажани зборови, а нивните приватни постапки се сосема нешто друго“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Доста беа приказни, за еколошката катастрофа во Скопје мора да има политичка и кривична одговорност“, велат од СДСМ

„Македонија има неспособна власт која раскажува приказни додека горат депонии и фабрики, а граѓаните ја плаќаат цената со сопственото здравје. Над 500 илјади жители на Скопје и околината се гушат во отровен чад од пожарите во Трубарево, Дрисла и Вардариште, а власта се крие зад измислени приказни за ‘хибридни напади’“, велат од СДСМ.
„Додека граѓаните вдишуваа канцерогени материи, институциите задоцнето реагираа, дури не излегоа навреме ниту да ги информираат граѓаните, да дадат препораки, да кажат како да се заштитат.
Скопјани се уште не знаат колкаво е загадувањето, дали е целосно безбедно, колкаво количество токсичен отпад изгоре, колкава беше концентрацијата на отровни, корозивни и опасни материи за здравјето на луѓето.
Владата на Мицкоски е најодговорна за еколошката катастрофа што се случува со пожарите, вклучително и во депониите кои се управувани токму од ВМРО-ДПМНЕ.
Доста беа приказни, за овој екоцид, за оваа еколошка катастрофа во Скопје и во Македонија мора да има политичка и кривична одговорност.
Освен за Трубарево, Јавното обвинителстви треба да ја прошири истрагата за пожарите во Вардариште и Дрисла, која ќе ги опфати сите актуелни раководни струкури во време на пожарите, кои дозволија да се случи еколошка катастрофа со опасни здравствени последици“, соопшти СДСМ.
Македонија
Муртезани во Брисел на состанок на ГАК за владеење на правото

На покана на Данското претседателство со Советот на ЕУ, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, утре во Брисел ќе учествува на состанок на Советот за општи работи на Европската Унија (ГАК), кој ќе биде посветен на владеење на правото.
Ова е второ учество на министри од земји-кандидатки за членство во Унијата, заедно со земјите-членки да бидат дел од формалниот ГАК на кој ќе се дискутира за овогодинешниот Извештај на Европската комисија за владеење на правото.
Во тој контекст, предвидено е да се разговара за состојбите во четирите области опфатени со Извештајот на ЕК за владеење на правото 2025: судскиот систем, антикорупција, медиумски плурализам и слободата на медиумите и за други институционални прашања поврзани со контролните механизми.