Контакт

Македонија

(Видео) Медиумски ден во „Макфакс“ – средношколците се запознаа како да разликуваат информација од дезинформација

Објавено пред

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста организира медиумски ден, при што повеќе печатени, електронски и онлајн-медиуми од Скопје, Битола и од Куманово беа домаќини на ученици од повеќе средни училишта од цела Македонија. Идејата на овој настан е младите да се запознаат со улогата на медиумите во општеството, начинот на кој функционираат редакциите, како и со основните новинарски професионални стандарди.

Оваа година домаќини се: дневниот весник „Нова Македонија“, „МРТ 1 промо“, „TВ 21“, „Tера TВ“ (Битола) и ТВ „Плус“ (Куманово), новинската агенција „Макфакс“ и Радио МОФ. Настанот е организиран во рамките на проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост“, што Високата школа го реализира во партнерство со Институтот за различности во медиумите и весникот „Нова Македонија“, со поддршка на Европската Унија.

Македонија

Дескоска најави измени на Кривичниот законик за кривични дела поврзани со тортура

Објавено пред

Министерката за правда, Рената Дескоска, се обрати на меѓународната конференција посветена на справувањето со несоодветното постапување на полицијата содржани во пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Во своето обраќање министерката Дескоска истакна дека и нашата држава имала предмети во кои Судот во Стразбур утврдил повреда на Конвенцијата во однос на постапувањето на полициските службеници. Покрај Судот во Стразбур, оваа состојба во нашата држава е констатирана и во извештаите за ситуацијата во однос на човековите права на Комитетот против тортура, ОБСЕ, Амнести Интернешнал, и други релевантни извештаи.

Како реакција на наведените пресуди и извештаи, Дескоска истакна дека изминатиот период се преземени повеќе мерки за менување на состојбите во оваа област.

Со цел воспоставување на независен надворешен механизам за контрола над работата на вработените во Министерството за внатрешни работи со полициски овластувања и затворската полицијата, беа направени измени и дополнувања на Законот за Јавното обвинителство, Законот за полицијата и Законот за извршување на санкциите, додека во рамките на граѓанската контрола беа извршени измени и дополнувања на законот за Народниот правобранител.

„Со предложените измени се даде основа за формирање посебно одделение во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со специјализирани јавни обвинители кои постапуваат по овој вид предмети“, потенцираше министерката за правда. Таа информираше дека наведените законски одредби веќе успешно се применуваат во практиката и формираното Одделение во рамките на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција постапува по повеќе вакви предмети.

Дескоска истакна дека значајна новина е дека по овие предмети повеќе не постапува внатрешната контрола во рамките на Министерството за внатрешни работи, туку истрагата ја води единствено јавниот обвинител и истражителите во јавното обвинителство. Оваа надлежност ја следи и судството, со пропишаната надлежност за постапување по овие предмети на Одделението кое суди за дела од организиран криминал и корупција во рамките на Основниот кривичен суд во Скопје.

Понатаму, министерката се осврна на измените на Законот за Народен правобраниетел со кои е предвидено дека Народниот правобранител заедно со претставници на невладини организации презема дејства и мерки за обезбедување, поддршка и заштита на жртвите, нивните права и презентирање на нивните интереси во сите постапки и случаи.

Дескоска информираше дека како дел од реформската агенда на Министерството за правда во иднина ќе бидат подготвени измени и дополнувања на Кривичниот законик во однос на кривичните дела поврзани со тортура.

„Овие измени ќе содржат целосно редефинирање на двата члена од Кривичниот законик – Мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување и Малтретирање во вршење на службата. Исто така, овој предлог ќе содржи и одредба согласно која предлагаме за наведените две кривични дела да нема застарување, и тоа како за кривичното гонење, така и за извршувањето на казната“, истакна Дескоска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Спасовски на меѓународна конефернција во Будва

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска учествува на меѓународната конференција на тема „Спречување на нечовечко постапување од страна на полиција: справување со предизвиците што произлегуваат од пресудите на Европскиот суд за човечки права и други институции при Советот на Европа“, што во организација на Советот на Европа денес се одржа во Будва, Република Црна Гора.

„Република Северна Македонија во последните две години направи низа важни чекори кон усогласување со стандардите на ЕУ. Правната и институционалната рамка за заштита на фундаменталните права во голема мера е воспоставена и реформите ја подобрија усогласеноста со европските стандарди за човековите права. Владата на РСМ јасно ги демонстрира својата волја и решителноста да ги спроведе и препораките на Европскиот комитет за спречување тортура и да направи напредок во спречувањето тортура и малтретирање. Северна Македонија е докажан партнер на меѓународната заедница и ЕУ. Континуирано учествуваме во работата на меѓународните тела и организации, сите регионални и европски иницијативи поврзани со борбата против криминалот, заштитата, промоцијата на човековите права и изградбата на здрави демократски општества. Решени сме и во иднина да продолжиме во тој правец давајќи максимален придонес и во меѓународните иницијативи на ова поле, а со примарна цел за уште поефикасна заштита на човековите права и особено спречувањето на злоупотребите при постапувањето од страна на полицијата“, рече Спасовски.

Тој посочи низа од досега реализираните проекти и активности на полицијата од областа на регулацијата на полициското постапување, притоа особено фокусирајќи се на тесната соработка со Советот на Европа, особено во делот на изработка на стандардни оперативни процедури на полициско постапување во согласност со полициските стандарди на ЕУ и стандардните оперативни процедури за внатрешна контрола на полициските прекорачувања и незаконски постапувања.

„Во оваа пригода сакам да истакнам дека од септември 2016 година се почна со имплементација на проектот ‘Јакнење на почитувањето на човековите права при полициското постапување’, кофинансиран од страна на Европската Унија и Советот на Европа, чија основна цел беше да се воведе ефикасна контрола над работата на полицијата преку воспоставување надворешен механизам. Во рамките на овој проект беше избран двостепен модел на надворешна контрола т.н. обвинителство плус, кој предвиде воспоставување посебно одделение во рамките на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, специјализирано за кривични дела сторени од страна на вработени во МВР со полициски овластувања и од припадници на затворската полиција. Како и посебно надворешно тело (тело за граѓанска контрола или модел „народен правобранител плус“), во смисол на дополнителен коректив, со надлежност да поведува постапка по барање на странката жртва или на член на неговото семејство или по иницијатива на претставници на невладиниот сектор, како и по сопствена иницијатива по добиени сознанија (допрен глас) за можни повреди на правото на живот и забрана на тортура“, потенцира министерот Спасовски.

Во тој контекст Спасовски нагласи дека од декември 2018 година почна со работа Одделението за истражување и гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, кое е позиционирано во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Притоа тој посочи дека целиот овој механизам за надворешен надзор веќе дава резултати илустрирајќи дека веќе во првите три месеци од своето формирање наведеното Одделение постапуваше по предмети против 15 лица, од кои против две лица е поведен обвинителен акт и за две лица е одреден притвор.

На конференцијата, покрај претставници на Советот на Европа и Европската Унија, присуствуваа претставници од земјите од регионот на Југоисточна Европа.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без многу оптимизам се очекува конечната одлука за преговори со ЕУ

Објавено пред

Денешните разговори на лидерите на ЕУ во Брисел се последна надеж дека земјава може да го добие очекуваниот датум за пристапни преговори.

Лидерите на ЕУ рано утрово ги прекинаа разговорите без договор за почнување преговори со Албанија и Северна Македонија, без многу оптимизам дека цврстиот став на францускиот претседател, Емануел Макрон, би можел да се промени.

„Ние не постигнавме заклучок за ова денес, но утре ќе продолжиме да разговараме за тоа“, изјави финскиот премиер Анти Рине, чија земја моментно го има претседателството со ЕУ.

На прашањето за шанса да се најде компромис, тој рече дека не е сигурен оти е можно, но се надева дека може да се постигне договор.

Двете балкански земји се очекуваше да добијат зелено светло на самитот за да почнат преговори за пристапување кон ЕУ, а Европската комисија потврди дека ги имаат исполнето критериумите, потсетува агенцијата АП.

Макрон одби да дозволи нова земја да влезе во ЕУ сè додека не се подобрат процедурите за проширување, а Холандија се спротивстави на кандидатурата на Албанија.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Пучдемон им се предаде на белгиските власти

Поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон, им се предаде денеска на белгиските правосудни органи кога Шпанија издаде нов налог за...

Топ2 часа

Воз удри во автомобил во Прилеп, повредени четири лица

Четири лица се повредени во железничка несреќа што се случила во близина на меѓуградската автобуска станица во Прилеп. Според информациите на...

Македонија3 часа

Без многу оптимизам се очекува конечната одлука за преговори со ЕУ

Денешните разговори на лидерите на ЕУ во Брисел се последна надеж дека земјава може да го добие очекуваниот датум за...

Свет3 часа

Трамп во нова трговска офанзива, воведе царини на многубројни европски производи

Дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа европски производи денеска воведоа САД, што претставува нова трговска...

Свет4 часа

Eксплозии и пукање во Сирија еден ден по договорот за прекин на огнот

Експлозии на гранати и пукање во областа на градот Рас ел-Ајн во североисточна Сирија на само еден ден по договорот...

Европа5 часа

(Видео) Барселона во пламен, протестите излегоа од контрола

Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред. Како што пренесуваат локалните медиуми, на...

Свет16 часа

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Регион18 часа

Рама: Направивме сè што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија19 часа

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет20 часа

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Регион20 часа

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат...

Македонија21 час

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени...

Македонија22 часа

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Македонија23 часа

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ1 ден

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија1 ден

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ1 ден

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија1 ден

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Европа1 ден

Постигнат договор за брегзитот

Договорот за брегзитот, конечно, е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија за новиот...

Македонија1 ден

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Досие