Македонија
(Видео) Милошоски: Одброени се деновите на корумпираниот Заев, кој тргува со националните интереси
Вечерва, би сакал тука од Кичево да пренсесеме една порака заеднички со сите граѓани присутни на овој протестен собир – дека време е Заев да си оди за државата да тргне напред. Бидејќи се работи за еден човек и политичар што секој збор му е лага, како што беше лага ветувањето дека од Македонија ќе направел европска држава, порача Антонио Милошоски од Кичево.
„Македонија гледаме дека и економски, национално, уставно и образовно, во секој поглед, назадува, за жал, и наместо ветувањата на Заев дека ќе ја однесе државата во европски Париз, тој заглави во бугарскиот Пазарџик. На сметка на пазарењето со националното достоинство на Македонците, но и на сите граѓани со кои манипулира.
Затоа, сметаме дека за ваков еден корумпиран политичар за кого националните интереси се предмет на трговија, треба што побргу Заев да си даде оставка за Македонија да може да биде понормална и развиена држава.
Оттука, од Кичево сакам да порачам дека има и многу наши сограѓани кичевци, членови на СДСМ, не би сакал поединечно да ги споменам, кои се срамат од тоа што ваков човек им е претседател и, за жал, во моментот е премиер на државата.
Но, неговите денови се одброени и мислам дека во едно успеа Заев да направи, а тоа е што успеа да ги ообедини граѓаните против него. Бидејќи и тие што не веруваа за каков неурамнотежен политичар станува збор, сега може да се уверат дека Заев е проблемот на Македонија. Затоа, нашата порака е оставка на Заев, слобода за Македонија“, рече Милошоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

