Македонија
(Видео) Митева: Неспособноста на градските власти ги остави скопјани со непроодни улици
Во моментов се наоѓаме на улицата „Тодор Чангов“, една од најпрометните улици во населба Лисиче, општина Аеродром. Она што можеме да констатираме од терен е дека властите не потфрлија само во една работа, а тоа е во нивната неспособност, изјави Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
„ Жално е ова што му се случува на Скопје! Најави за снежна покривка имаше пет дена наназад. Но, изгледа скопските градоначалници ова не го очекуваа или едноставно толку можат. Вчера бевме сведоци на непроодни улици, за жал сведочевме и на сообраќајни незгоди поради лизгавите патишта. Ситуацијата беше иста во сите општини. Во општина Аеродром граѓаните немаа проодни патеки, а уште помалку проодни беа и главните улици и булевари. Иста слика и во општина Карпош, Кисела Вода, Центар, Ѓорче Петров и Гази Баба. Заглавени возила по коловозите, непристапни пешачки патеки, а механизацијата со која толку се фалеа градоначалниците ја нема никаде! Ве прашуваме каде се службите, каде е механизацијата на градот?“ рече Митева и додаде дека Градот Скопје е блокиран и непрооден при првиот снег.
Таа порача дека Градот Скопје троши милиони евра за чистење на снег, кој како што рече, воопшто не е исчистен. Снегот можеби ќе ја сокрие нечистотијата на градот, но ќе ја извади на површина неспособноста на Шилегов, нагласи Митева.
„ Ништо подобра не е ни состојбата со државните, регионалните и магистралните патишта низ државата. За ваквото неодговорно однесување, за ова неработење и за ова недолично однесување граѓаните ќе ви возвратат културно на локалните избори оваа година. А, казната за несовесно вршење надзор врз сообраќајот се наоѓа во член 299 од Кривичниот законик. Но, тоа во некои други времиња кога законите нема да бидат само мртво слово на хартија, туку ќе важат подеднакво за сите“ нагласи таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ледени зрна на одделни патни правци: ЦУК апелира на зголемена внимателност поради заледување на патиштата
Центарот за управување со кризи известува дека денес, во попладневните часови, на одделни патни правци е евидентирана појава на врнежи од ледени зрна, кои предизвикуваат брзо и ненадејно заледување на коловозите, особено во повисоките и планинските предели.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемена внимателност, да ја прилагодат брзината според условите на патот, да одржуваат поголемо безбедно растојание и задолжително да користат соодветна зимска опрема.
Македонија
Градоначалникот на Битола им се придружи на младите бадникари во изработката на бадниковите ѕвезди
Пред дестина дена започнаа подготовките за годинашната Бадникова поворкa која ќе се одржи годинава и во Битола, како и во многу други градови и населени места во Македонија.
На младите бадникари-деца од различни возрасти во подготовката, односно изработката на бадниковите ѕвезди, вечерва им се приклучи и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Организаторите на поворката велат дека вредните детски раце неуморно и со љубов и верба во традицијата ги изработуваат овие ѕвезди, подготвувајќи се за Бадник.
На 6 јануари на големиот верски празник Бадник, собирно место ќе биде плоштадот „Магнолија“ од каде ќе се упатат кон Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“, а потоа и низ Широк Сокак до Офицерскиот дом каде ќе биде завршниот дел на поворката, велат од Општина Битола.
Организаторите упатуваат повик до сите оние кои што сакаат да бидат дел од Бадниковата поворка на големиот празник да им се приклучат.
Македонија
МВР со посебен план за безбедност и сообраќај во Маврово за зимската туристичка сезона, најави Тошковски
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на Полициското одделение Маврово, Полициското одделение Ростуше и Полициската станица за граничен надзор Жировница, при што се запозна со тековните активности, условите за работа и конкретните предизвици со кои се соочуваат полициските службеници на терен.
„Во ПО Маврово ќе се изготви посебен план за претстојната зимска туристичка сезона, со цел овозможување подобар проток на сообраќајот, навремено управување со зголемениот број посетители и распоредување на соодветен број полициски службеници за одржување на јавниот ред и мир.“, потенцираше Тошковски.
При посетата на Полициското одделение Ростуше беше разгледана можноста за обука на полициски службеници за вршење увиди на сообраќајни незгоди, што ќе овозможи побрзо и поефикасно завршување на постапките на лице место. Оваа мерка ќе придонесе за намалување на времето на чекање, избегнување подолготрајни блокади на сообраќајниците и зголемување на функционалноста на системот, имајќи предвид дека досега овие увиди ги вршеа екипи од Гостивар.
Во Полициската станица за граничен надзор Жировница беше отворено и прашањето за можност дел од просторот во рамки на станицата да биде отстапен на општината, со цел обезбедување паркинг простор за жителите, како практично и рационално решение во интерес на локалната заедница.

