Македонија
(Видео) Мицкоски: Македонија не му е приоритет на Заев, обновата ќе ги стави државата и народот на прво место
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Општина Ранковце порача дека владеењето на Зоран Заев е кошмар за македонците, но е најпосакуван сон за соседите. Македонија на Заев му е на дното на приоритетите. Не покажуваат елементарно чувство за македонците. Тоа им е традиција во СДСМ, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„ Првата влада на СДСМ започна да не убедува да се откажеме од националното знаме и ни ветуваа Европа и дека сите наши проблеми ќе исчезнат. Потоа дојде временото име. И сега 25 години покасно истото ни го ветуваа. Да ве потсетам на транзицијата кога нашите родители доаѓаа разочарани со страв како да се преживее. Потоа да ве потсетам на ТАТ кога министер во тренерки со вреќи вадеше пари.
Втората генерација на СДСМ донесе голем национален срам беше кога територијалната поделба кога многу наши сограѓани станаа гости во својот дом. Тогаш се делеа тендери за тенковски делови. За оваа трета генерација што да ви кажам. Целиот криминал се гледа во Луј Витон чанта. Ако добијат четврта шанса за управување тогаш на маса на коалицијата СДСМ и БЕСА ќе биде Македонија. Прв чекор федерализација, а во втор чекор целосно уништување. Да биде кажано, да не биде дека ова било само во главата на вмровците. Истото беше и во 2016 година тогаш не убедуваа дека нема Тиранска платформа, нема промена на устав. Секој еден што ќе заокружи број 3 треба да знае дека заокружува за уништување на Македонија. Убеден сум во голема победа на ВМРО и коалицијата и нема да дојде до реализација на договорот на БЕСА и СДСМ, истакна Христијан Мицкоски.
Сето она што за нив претставуваше режим сега тоа го претворија во хибриден режим. Во таква реалност ние живееме. Во првите 100 дена предлагаме да биде донесен закон со кој ќе се испита потеклото на имот на сите политичари. Секој политичар да докаже од каде потекнува неговиот имот. Јас велам да почнеме од мене. Тој кој нема да може да покаже и докаже како го стекнал имотот за него ќе следи одговорност. Обновата е систем на вредности што е поинаков од овој денес во Македонија. Зборуваме за чести и работливост. Заедно сме со народот на терен да си ја обновиме Македонија. На 15 јули сум убеден во голема победа но веднаш на 16 јули да си ги засукаме ракавите и да си ја обновиме Македонија. Тоа го има во нашата читанка Обнова на Македонија. Таму има коа да дојдеме до 25 проценти повисока плата. Како до 20 проценти повисока пензија. Како до бесплатни студии во учебната 2020-2021 за студентите во државните универзитети и еден универзитет во првите 1000 во светот. Нула проценти за работодавач кој ќе вработи човек на возраст до 29 години. Најнизок данок во Европа од 8 проценти каков што нема никаде. Ќе субвенционираме 50 проценти за нова термоенергетска фасада за помали трошоци. Бесплатен приклучок за гас за секое семејство. 640 милиони евра за субвенции за земјоделците и навремен откуп, потенцира Мицкоски.
Христијан Мицкоски ги повика гласачите на 15 јули да излеземе масовно и да го заокружиме бројот 14 пред името на Игор Јанушев. Така закружуваме за Македонија каква што заеднички сонуваме. Победува Обновата со голема разлика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Карпош и Кисела Вода денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Претпладне сончево со умерена облачност, попладне зголемување на облачноста
Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

