Македонија
(Видео) Нелоски: Утре на протест против неспособните политики на Филипче

Власта е неспособна да обезбеди вакцини. 4 месеци откако во регионот и Европа е почната вакцинацијата, ние уште немаме вакцини. Секојдневно се разболуваат над 1.000 луѓе од Ковид-19, а бројот на починати одамна е двоцифрен секој ден. Додека Заев е вицкаст и ја замајува јавноста, 3.500 животи се загубени, обвини Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев и Филипче на совест ги носат сите заразени и починати од јануари до денес, тоа се луѓе што, доколку имаше навремено вакцина, немаше да се заразат или немаше да ги изгубат своите животи.
Заев и Филипче мора да сфатат дека штетата што им ја нанесоа на граѓаните и државата е непоправлива и залудни се сите обиди за спас.
Потребна е одговорност, а не изјави со обид за засмејување на народот, од типот еве сега сме сигурни барем дека вакцините се безбедни. Не, Заев, сега сме сигурни дека сте неспособни и дека наместо здравјето на граѓаните, на прво место ги ставивте вашите провизии.
Одговорност ќе има. Здравје, наместо провизии!
Ве повикувам сите, утре, сабота, со почеток од 11.30 часот, пред Министерството за здравство на протест против неспособните политики на Филипче, кои нѐ чинат животи“, порача Нелоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Талевски: МВР на дело покажува што значи бескомпромисна борба против корупција

Последните акции што ги презеде Министерството за внатрешни работи за разбивање на организирана група која незаконски издавала патни исправи, како и заплената на огромна количина на дрога се доказ за бескомпромисната борба против организираниот криминал и корупцијата, изјави Миле Талевски пратеник од редовите на СДСМ.
Според него двете акции каде се уапсени и вработени во МВР се потврда како што рече на професионалниот, ефикасен и неселективен пристап на полицијата во спречувањето незаконско дејствување.
„Наместо како целата јавност да го поздрави постапувањето на полицијата, од ВМРО-ДПМНЕ повторно видовме обиди за одбрана на криминалот и криминалците. Додека траеше сложена полициска операција „Двојник“ ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се обидоа да ја саботираат акцијата преку пласирање на информации во јавноста додека таа се уште траеше. Откако не им успеа обидот за саботажа, од белиот дворец продолжија да шират лажни вести и дезинформации за акцијата со што свесно и неодговорно ја загрозуваат натамошната истрага“, вели Талевски.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски идентично се однесувале и за време на акцијата каде беше запленета голема количина марихуана.
„Очигледно е дека за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо тоа што законите денес важат за сите подеднакво, тоа што денес никој не е над правдата и секој одговара за сторените криминали. Тоа, не беше случај во времето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Јавноста памети како во 2014 година, ВМРО-ДПМНЕ и тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска ја заташкаа аферата во која пасоши се печатеа во приватни домови. Јавноста многу добро памети и како синот на Трајко Вељановски беше ослободен откако беше фатен со дрога на границата со Грција“, истакна Талевски.
Тој додаде дека денес, институциите се посветени на неселективна и бескомпромисна борба против секаков вид криминал и корупција.
Македонија
Нови 30 дена притвор за Камчев

Основниот кривичен суд Скопје му го продолжи притворот за дополнителни 30 дена на бизнисменот Јордан Камчев.
„ Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Ј.К., донесе решени со кое се уште постојат околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП и го прифати предлогот на обвинителството со што ја породолжи мерката притвор за 30 дена“ се наведува во соопштението од судот.
Камчев се наоѓа во притвор од 14 март, како еден од осомничените во предметот „Плацови на Водно“.
Претходно денеска, неговата одбрана соопшти дека судската одлука за притворот е незаконска, бидејќи доказите врз кои се темели истата, билке прибавени на нелегален начин.
Адвокатот на Камчев, Тони Менкиновски рече дека одбраната ќе поведе постапка за незаконитост на докази кои се поднесени од Агенцијата за национална безбендост, со што ќе бараат тој да се брани од слобода. Според адвокатот единствениот доказ врз основа на кој се темели Решението за определување на мерка притвор, никогаш не бил доставен до одбраната.
Македонија
ДУИ: Помалку од 1.300 Албанци чекаат државјанство, законот од 2004 година е решението

Демократската унија за интеграција бара да се врати законот од 2004 година за добивање државјанство, според кој македонско државјанство се добиваше со потврда за завршено образование во Македонија, лекарска книшка, сметки за електрична енергија, вода и греење и други документи.
„Сметаме дека прашањето за државјанството треба да се реши според веќе успешниот модел од 2004 година, кој предвидуваше дека еден граѓанин може да добие државјанство преку поседување потврда за завршено образование во Република Северна Македонија, поседување лекарска книшка, сметки за електрична енергија, водоснабдување или греење и други документи издадени од државни институции“, велат од ДУИ.
Од партијата наведуваат дека од 1991 до 2021 година со државјанство вкупно 43.321 Албанци го оствариле правото на државјанство и само 3.374 се одбиени.
Во тек за добивање на документ за државјанство се 2.674 граѓани, од кои помалку од половина се Албанци, односно помалку од 1.300 граѓани.
„За нас, дури и едно барање од наш граѓанин без државјанство, а кој ги исполнува условите, треба да се реши бидејќи тоа беше една од првите точки на нашиот договор и имаме добро искуство од минатото. Оптимисти сме дека наскоро ќе најдеме заеднички јазик со опозицијата со цел да го деблокираме функционирањето на собранието и со тоа да им помогнеме на граѓаните бидејќи во собраниска процедура се токму законите со економските пакети, главно финансиска помош за граѓаните и деловните субјекти на земјата. Со оваа неразумна блокада, опозицијата остави 16.000 работници без плата и многу не усвоени закони“, велат од ДУИ.
Од таму велат дека не се ниту 70.000 Албанци кои немаат државјанство, ниту 7.000 како што тврди опозицијата.
ДУИ ја повика опозицијата да престане, како што велат, да манипулира со чувствата на Албанците.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш