Македонија
(Видео) Николовски: Сите професионалци да ја искористат можноста за самокандидирање на пратеничките листи на СДСМ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/02/03_02_2020_Nikolovski_.jpg)
„СДСМ почна постапки за избор на најодговорните кандидати за пратеници од независноста па досега. СДСМ е отворена партија. Даваме можност за самокандидирање и на личности што не се дел од СДСМ, а се докажани индивидуи, кредибилни и препознаени во средината, кои ги поддржуваат нашите политики и имаат идеи да ги надградуваат нашите политики. Ве повикувам, сите професионалци, чесни и угледни индивидуи, кои и споделувате социјалдемократските вредности и кои имате порив и определба да направите добро за својата земја, веќе од 7 февруари да доставите кандидатура за пратник или пратеничка. Програмата на СДСМ носи храбри решенија, приклучете се“, изјави Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.
„На нашите кандидатски листи младите ќе бидат застапени со 30 отсто, а првпат ќе воведеме целосна родова рамноправност од 50 отсто жени и 50 отсто мажи. Нашите кандидати ќе го водат патот до победата на овие избори. Ќе го унапредиме парламентот уште повеќе да биде дом на сите граѓани, дом во кој се носат прогресивни одлуки за доброто на народот, дом кој ја влече земјата напред. Сето она што го постигнавме досега ни дава сигурност дека можеме да обезбедиме одговорно Собрание, а со тоа и способна држава. СДСМ е подготвен, СДСМ е модерна, европска, државничка партија, која оди на победа на 12 април“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.