Македонија
(Видео) Николовски: Јасно се гледа дека постои договор помеѓу Мијалков и власта
Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа до власта дека за 24 часа очекуваат да го обезбедат бегалецот Сашо Мијалков и да го изнесат пред лицето на правдата за да одговара за делата кои му ги изрекол судот. Александар Николовски на партиската прес-конференција рече дека доколку власта дозволи да избега Мијалков, да си поднесе оставка веднаш.
„Криминалната коалиција Вице и Зоран и Сашо Мијалков ја доби својата кулминација. Како што знае јавноста, кога на 22 октомври пред три години го исклучивме Сашо Мијалков од партијата знаевме дека постои криминална коалиција Вице, Зоран и Мијалков, кои работат на уништување и разнебитување на Македонија. Наградата од Зоран Заев стигна овој викенд, се овозможи тој да избега од правдата, имаме бегалец од правдата. Додека Оливер Спасовски и Радмила Шеќеринска ги нема никаде, Зоран Заев жали и ја префрла вината. Имаат 24 часа да го обезбедат бегалецот од правдата. Зоран Заев и Оливер Спасовски да го обезбедат затоа што се потврдува дека со Македонија владее криминална коалиција, којашто ги руши основните вредности, системот на владеење на правото, која влијае врз бизнисите и ги ректира, со Македонија владее крими колација. Затоа очекуваме во следните 24 часа да го обезбедат бегалецот Мијалков“, рече Николовски.
Одговарајќи на новинарско прашање дали очекува власта да го испорача Мијалков во следното деноноќие, тој рече дека се сомнева дека ќе биде изнесен пред лицето на правдата и додаде.
„Од ова власт не можеме тоа да го очекуваме, затоа што јасно се гледа дека постои договор помеѓу него и власта. Или ќе му се овозможи да избега или во стилот на Пабло Ескобар добиваат на време да ги договорат условите под кои тој би се предал“, додаде Николовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ
Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.
Македонија
Во Скопје санкционирани 179 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.
Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.