Контакт

Македонија

(Видео) Нови скандали кај сметководителите, седница зад заклучени врати во „Континентал“, закани со полиција и обвинувања за непотизам

Објавено пред

Долгонајавуваното самораспуштање на сите тела на Институтот на сметководители и овластени сметководители со цел да се справат со непотизмот утврден  во речиси сите органи не се случи ни на денешната седница иако било ставено како точка на дневниот ред. Сметководителите обвинуваат дека нивните колеги кои се против самораспуштање кренале тензија и ги исклучиле од седницата сите оние кои се согласиле да си поднесат оставки.

dobivaj vesti na viber

Пред да стигнат до точката за оставки претседавачот ја прекинал седницата и најавил пауза, а по паузата седницата ја продолжиле само дел од членовите на Собранието. На другите, меѓу кои и членови на Управниот одбор кои го подготвиле дневниот ред и материјалот за седницата, не им било дозволено да влезат. Седницата продолжила зад заклучени врати.

„Требаше Собранието да донесе одлука Управниот одбор да објави оглас за именување нови членови на Управен одбор, Надзорен одбор и членови на Собрание. Меѓутоа, Собранието, откако Верификациската комисија го констатира бројот на членовите, почна да се одвива во други насоки. Беше најавен прекин од 30 минути, за по тоа и на членовите на Управниот одбор и на другите наши колеги од цела Македонија како јавност да не им биде дозволено присуство на тоа Собрание. Собранието сега се одвива во некоја сала, заклучени се и ќе се настојува, и тоа беше најавено на почетокот на состанокот, членовите на подружниците да не си дадат оставка. Тоа значи, таквите нетранспарентно избрани членови на подружници да останат и да го водат Собранието на Институтот. И така избраните членови на подружниците да изберат Надзорен одбор, а таквиот нетранспарентно избран надзорен одбор да избере нов Управен одбор. Некој упорно сака нетранспарентно избраното Собрание во 2016 година да остане и натаму“, вели Јован Златевски, член на Управениот одбор на Институтот.

Тој заедно со уште триесетина сметководители, иако поканет на седницата, остана надвор бидејќи по паузата не му бил дозволен влез во салата, а обезбедувањето се заканило дека ќе викне полиција ако инсистира да влезе.

Самораспуштање на Собранието и на сите тела на Институтот и избор на нови членови и лица на раководни позиции сметководителите договараат од минатата година. До ова решение дошле откако Министерството за финансии по извршен надзор во органите кои управуваат со Институтот утврди непотизам и нетранспарентна постапка при изборот на членовите. Состаноците со главна тема самораспуштање биле интензивирани од почетокот на годинава.

„На претходните состаноци што ги имавме од почетокот на годината досега, подружниците имаа состаноци низ цела Македонија, едногласна беше одлуката сите самоиницијативно да се разрешат. Правната служба требаше да каже точно како тоа да биде. Тука настана проблемот, уште на почетокот на седницата. Претседавачот, најстариот член на Собранието, почна да реагира дека не е возможно, немало закон  за разрешување на членовите на Собрание и тука настана револт, а потоа беше прогласена пауза“, вели сметководителката Билјана Премуш  од скопската подружница на која не ѝ беше доволено да се врати во салата по паузата.

Оставки на денешната седница не се случија. Откако обезбедувањето ја отклучи вратата во хотелот „Континентал“ зад која се одвиваше седницата, сметководителите кои беа внатре соопштија дека изгласале нов дневен ред на кој немало точка за самораспуштање на Собранието.

„Дневниот ред што ни беше понуден од страна на претседателот на Управниот одбор на ИСОС беше без никакви материјали, без никакви подготовки, без никакви претходни согледувања од страна на Надзорниот одбор за да можеме ние да одлучуваме. Го отфрливме тој дневен ред и прифативме нов дневен ред со две точки. Втората нормално секогаш е разно, а првата е третпат поднесување иницијатива за разрешување на претседателот на Управниот одбор, меѓутоа сега и на Управниот одбор на Институтот. Ние сакаме сè што е во овој институт да си поднесе одговорност, да се тргне и нормално потоа да си дојдат нови лица на овие одлучувачки функции, а потоа дали има правен начин, и кој е правниот начин да се сменат и овие 50 членови на Собрание. Или, пак, ако сакате  изберете ги или не ги избирајте, меѓутоа ти да донесеш цел институт од 8 000 членови со огромни финансиски средства на ниво небаре е ова сега некое здружение на љубители на птици па ќе се распуштаме, ќе се самораспуштаме. Кој го знае правниот начин го знае, кој не го знае ќе треба да го научи“, рече Златко Митрески во име на сметководителите кои расправаа зад заклучени врати.

Членовите на Управниот одбор кои биле разрешувани на денешната седница тврдат дека материјалите за самораспуштање на Собранието на сите им биле уредно доставени, а ги донеле и на денешната седница. Обвинувањата за претседателката на Управниот одбор велат дека се беспредметни бидејќи таа сама утрово поднела неотповиклива оставка од функцијата кај министерот за финансии, па немало потреба од нејзино разрешување. Тие тврдат дека за да може Институтот професионално да функционира, неопходно е сите членови во Собранието да си дадат оставки и на нивно место да се изберат нови, па дури потоа да се избираат нови органи. Сегашните членови, како што велат, посебно оние кои денеска останале на седницата, сите биле роднински поврзани.

„Ние имавме состаноци по подружниците каде што, во подружницата во Скопје, на четири состаноци дојдоа само четири претставници од Собрание, значи останатите 11 не ги видовме. Ќе ве замолам да проверите колку од нив се роднински исповрзани и во какви функции се. Во Битолскиот регион беа присутни сите претставници, во Прилеп беа присутни сите претставници, во Велес беа сите претставници, во Штип беа присутни сите претставници, во Куманово беа присутни сите претставници, во Тетово немаше претставници од Собранието, таму се членови мајка и син, братот близнак е член на Надзорен одбор, претседателот на Надзорниот одбор си има своја вработена во Собранието, синот на еден претставник од Собранието каде што се пет члена е член на Надзорен одбор, бившиот претседател си има двајца во Собранието. Ова е вторпат како нè разрешуваат. Првиот пат беше нелегитимно разрешување, ако малку се распрашате ќе дојдете до сознание дека таму се потпишуваа луѓе кај ќе стасаа, по патишта,  а нашето Собрание и министерот оценија дека така не се разрешува, но ако ги прашате нив ќе ви речат дека не треба за нас мислење од министерот, требало само за претседателката. Не е проблем, ние во секој случај одлучивме да ѝ дадеме шанса на професијата, не да си дадеме лична шанса, своја, ние секако поднесуваме оставка“, рече сметководителот Тихомир Мурџоски, член на Управен одбор.

Сметководителите на кои денес не им беше дозволен влез на седницата велат дека ќе ги сметаат за нелегитимни одлуките донесени зад заклучени врати. Голем дел од поканетите сметководители, пак, воопшто и не го чекале резултатот од седницата. Си заминале по паузата откако увиделе дека бробата против непотизмот во нивните редови е невозможна.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Филипче: Мицкоски е скапо платен спроведувач на интересите на држави кои не ѝ мислат добро на Македонија

Објавено пред

Од

За една година ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план, станавме држава заложник на туѓи интереси, кажа претседателот на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната трибина „Мугра на Слободата“, во Крушево.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека Владата на ВМРО ДПМНЕ од држава со јасна иднина напред, ја направи држава заложник на туѓи интереси.

„За една година ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план. Од држава со јасна иднина напред, станавме држава заложник на туѓи интереси кои што ја раководат оваа власт преку финансиско заложништво. Мицкоски е скапо платен спроведувач на политики на држави кои не и мислат добро на Македонија, туку ја гледаат само како поле за своите геостратешки интереси“, рече Филипче.

Тој обвини дека Мицкоски со новите задолжувања направил вистинско предавство на интересите на државата.

„Долговите од 7 милијарди евра ќе бидат камен околу вратот за секој млад човек и за развојот на државата во следните 10 години. Ова е вистинско предавство на националните интереси, вистинско предавство на државата“, рече Филипче.

Во обраќањето пред присутните граѓани во Крушево, Филипче рече дека премиерот Мицкоски ја турка Македонија во амбисот на криминалот, корупцијата, самоволието, киднапирајќи ја европската иднина за државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Филипче: Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од политички прогон

Објавено пред

Од

На вечерашната граѓанска трибина „Мугра на слободата“ која се одржа во Крушево, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето обраќање рече дека кумановскиот градоначалник Миксим Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од политички прогон.

dobivaj vesti na viber

„Максим Димитриевски конечно се потврди за што е влезен во коалиција со Мицкоски и која беше неговата цел. Не била само поделбата на СДСМ. Негова цел била да се спаси од правен прогон. Скандалозно е и преседан е во судството на само еден ден од носење на пресуда обвинението против него да се повлекува. И ова е јасен знак дека тој е политички заштитен од Христијан Мицкоски и дека е сега негов вечен должник. Јасно е зошто тројанскиот коњ Димитриевски беше задолжен да го дели СДСМ. Сега повеќе никој не му верува“, рече Филипче.

Оценувајќи ги меѓупартиските релации, тој во своето обраќање партиите ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ги нарече колаборациоалисти.

„ВМРО-ДПМНЕ и нивниот привезок ЗНАМ се колаборационисти. Со години лажат и шират хистерија дека тие ќе се „бореле со Бугарите“, а впрочем тие се тоа. Нема кој нема бугарски пасош од нив и не е проблем да имаш бугарски пасош, од било која причина – економска, социјална или лична – но лицемерно е да се правиш патриот дека ќе се бориш против „бугарски диктат“ а да имаш фирми во Бугарија, државјанства, и разни други интереси. За нив може ЕУ, за другите не може“, рече Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Ќе воведеме обврска институциите да одговорат на барањата на граѓаните, задолжително и во најбрз рок

Објавено пред

Од

Ќе воведеме обврска институциите да одговорат на барањата на граѓаните, задолжително и во најбрз рок, најави премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната трибина во Струмица насловена „Една година ги градиме темелите на македонското земјоделство и храна“.

dobivaj vesti na viber

„Свесен сум дека мора да направиме и многу други работи. И работиме на тоа. Мора да се знае дека граѓаните ќе бидат на прво место. Затоа предвидуваме гаранција за услуга, во рок од 5 дена во сите општини и институции. Тоа нема да биде желба , туку закон. Секој граѓанин ќе добие одговор. Навреме, точно и без чекање. Ќе воведеме нова услуга каде администрацијата, за првпат, ќе биде таа што ќе го бара граѓанинот, а не спротивно. Ставаме крај на молкот, одложувањата и бирократската ароганција. Ќе обезбедиме гарантиран максимум на чекање во институциите. Ќе постојат јасни граници и секое прекршување ќе се казнува. Почит за времето на граѓанинот ќе биде основна вредност на новата јавна администрација. Ќе воведеме Јавна листа со времиња на чекање по сите здравствени установи. Транспарентноста ќе стане стандард, пациентите ќе знаат каде ќе добијат најбрза услуга“, кажа Мицкоски.

Тој истакна дека во образованието ќе се воведе предмет за изучување на вештачката интелигенција.

„Воведување предмет за изучување на вештачка интелигенција во образованието. Нема повеќе да учиме само за минатото, ќе ги подготвиме генерациите за иднината, за новата економија, за дигиталната ера што веќе тропа на вратата. Ова е визијата што ја градиме“, посочи Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ8 часа

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...

Македонија9 часа

(Видео) Платата на пилотите во ДЗС покачена за 100 отсто како дополнителен мотив, кажа Ангелов

Платата на десетте вработени во Одделението за специјализирани воздухоплови во ДЗС им е покачена за 100% и им е даден...

Македонија9 часа

(Видео) Јакимовски: Унапредувањето на судијката Димовска е награда за мојата затворска казна

Начинот на кој е избрана судијката Даниела Димовска за вд претседател на Основниот кривичен суд Скопје ми дава за право...

Македонија10 часа

Можно е Костадинов да се кандидира за градоначалник на Струмица како независен кандидат

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, ја отвори можноста да се кандидира како независен кандидат за нов мандат, oткако СДСМ...

Македонија13 часа

Ковачев: За темите за идентитетот и за јазикот нема место во извештајот, се отвора Пандорината кутија

Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од...

Македонија14 часа

Бришењето на македонскиот јазик и на идентитетот од извештајот е еднакво лошо за нас како да стоеше модерен, вели Мицкоски

По објавите на бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент (ЕП) се согласиле од извештајот за напредокот...

Топ15 часа

Вршеле обљуба врз малолетнички и снимале со мобилен: уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово

Вчера во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во с.Горно Седларце и во...

Топ17 часа

Затаила над 50 милиони денари, ниту пријавувала ниту плаќала данок: кривична за сопственичка од Кавадарци

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т во својство на сопственик, управител и...

Регион19 часа

(Фото) Масовна евакуација на туристи поради пожар на Крит

Голем пожар во Грција продолжува да беснее во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна...

Европа19 часа

Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев...

Европа20 часа

(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2...

Свет20 часа

(Видео) Траект потона во близина на Бали: четворица мртви, десетици исчезнати

Четири лица загинаа, 38 се водат како исчезнати, а 23 се спасени откако ферибот со 65 лица потона во близина...

Свет21 час

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години

Пентагон објави дека американските напади ја уназадија нуклеарната програма на Иран за до две години, откако уништија три целни локации....

Свет21 час

Во Лос Анџелес луѓето мора да живеат во токсични куќи по пожарот: „Осигурителните компании нè измамија“

Луис Казарес беше меѓу ретките чиј дом остана недопрен по разорните пожари што ја опустошија населбата Алтадена, североисточно од центарот...

Свет21 час

ЦИА не оспорува дека Путин се обидел да му помогне на Трамп на изборите во 2016 година

Ревизијата на ЦИА откри недостатоци во подготовката на проценката на американското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин се обидел да...

Македонија1 ден

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ, најави ново политичко делување

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ, незадоволен од сегашното раководство и од насоката во...

Македонија1 ден

СДСМ објави 11 нови кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија1 ден

„Пулс“ ќе се суди во Основниот кривичен суд Скопје, предметот е доставен

Основниот суд во Кочани денеска го достави предметот за пожарот во „Пулс“ во Основниот кривичен суд Скопје, согласно одлуката на...

Македонија1 ден

Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи. Во објава на...

Македонија2 дена

„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод...