Македонија
(Видео) Партиите да не условуваат, туку да достават предлози за ДИК, порача Џафери

Партиите да не условуваат, туку да достават предлози за членови и претседател на Државната изборна комисија како што се обврзаа, порача претседателот на Собранието, Талат Џафери. Во согласност со надлежностите, тој вели дека може да свика седница, но тоа би било залудно ако нема меѓупартиски договор затоа што е потребно двотретинско мнозинство за да се избере новиот состав на ДИК.
– Разрешница за ДИК е политичките партии да донесат одлука да излезат од условите што ги поставуваат во однос на обврските што ги имаат преземено. Јас немам потреба да чекам, не е мој проблем што бара ВМРО-ДПМНЕ, Собранието има процедура, партиите се обрзаа, консензуално ги донесоа измените на Изборниот законик за избор на ДИК. А за другите барања и потреби, кога ќе има договор, не е пречка Собранието и тоа да го реализира – рече Џафери.
Во однос на указот на законот за ратификација на договорот со Грција, кој претседателот Иванов не го потпиша и го врати до Собранието, Џафери вели дека ќе го испрати до „Службен весник“, но не прецизира кога ќе се случи тоа бидејќи нема рок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Специјал“ им подели крофни со рок до утре на учениците во „Димитар Миладинов“

Принцес-крофни со рок на траење до утре им биле поделени денеска како ужинка на учениците во ООУ „Димитар Миладинов“ во скопски Центар. Дел од дечињата ги изеле, но дел од нив само ги пробале, оти вкусот им бил чуден и се пожалиле на родителите.
„Ја пробав крофната на син ми, беше кисела па тоа нè натера да го видиме и рокот. Пишува дека е употреблива до 16.02.2019 година. Вакви игри со здравјето на децата нема повеќе да толерираме“, се пожали родител.
Родителите вечерва се организираат да го пријават случајот во Агенцијата за храна и ветеринарство. Нагласуваат дека ова не е прв случај децата да се пожалат од храната поради што веќе барале да се раскине договорот со „Специјал“, но од училиштето им одговориле дека нема услови за раскинување и избор на нов оператор.
Маја Ангелова, директорка на ООУ „Димитар Миладинов“, вечерва не знаеше за крофните со рок до утре, но најави дека ќе провери каква храна им била послужена на учениците денес.
„Затечена сум од оваа информација. Не знам за што се работи. Јас денес бев на обука и еве во моментов влегувам дома. Ќе проверам уште веднаш за што се работи и кога ќе имам релевантни информации ќе ги споделам“, изјави директорката Ангелова за „Макфакс“.
Таа не кажа дали е пракса училиштето да дели храна со само еден ден рок на траење.
Од „Специјал“ беа недостапни да објаснат како се случило кај децата да завршат крофни еден ден пред истекот на рокот. Вработените кои одговараат на телефонските броеви во пекарниците велат дека надлежни за изјави се управителите, но вечерва не се на работа. Тие објаснија дека вообичаено принцес-крофните што ги прават имаат рок од една недела оти се прават со млеко и јајца.
Оваа пекарница многу често дава принцес-крофни на подарок ако се купи кој било друг нивен производ.
„Специјал“ склучи договор со училиштето „Димитар Миладинов“ непосредно по скандалот со стаорецот што се шеташе по масите во една од пекарниците по што беше извршена контрола во сите нивни локали.
Заблешки за храната од оваа пекарница имаа и други школи од Скопје, а дел од нив успеаја и да ги раскинат договорите и да ангажираат други снабдувачи.
Македонија
МВР: Преземени мерки за спречување терористички напад на ИСИС

Министерството за внатрешни работи соопшти дека презело мерки за спречување терористички напад во земјата.
„По претходно разменети оперативни сознанија со партнерска земја, во врска со потенцијални планови и намери за извршување на терористички акт на територијата на Република Северна Македонија од страна на припадници на радикални структури поддржувачи на ИСИС, спроведе оперативно-тактички мерки со цел идентификација на можните организатори, логистичари и потенцијалните извршители на нападот“, јави Министерството.
Како што соопштија, со цел попречување на терористичкиот напад и остварување на превентивната функција, од Министерството за внатрешни работи изготвиле план на мерки и активности, за што обезбедиле соодветни наредби за нивно спроведување. По добиените наредби на неколку локации на територијата на државата извршени биле претреси при што се одземени предмети и уреди што се поврзани со можниот напад.
„Министерството за внатрешни работи продолжува да спроведува дејствија, мерки и активности со кои се работи на осигурување на безбедноста на граѓаните“, се вели во соопштението на МВР.
Македонија
Европската Унија e официјално известена за новотo име

Европската Унија официјално е известена за промената на името во Северна Македонија, соопшти Службата за надворешни работи на ЕУ.
„Срдечно го поздравуваме овој историски чекор, кој претставува пример за помирување на Западен Балкан и пошироко“, се наведува во соопштението на европската Служба за надворешни работи.
ЕУ го доби формалното известување за новото име на земјата, откако преспанскиот договор пред неколку дена стапи на сила.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Афера „Банки“3 месеци
(Видео) Афера „Банки“ – Кичевец тврди дека го измамиле банка и локални моќници
- Истражувања2 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето