Македонија
(Видео) Пендаровски – Кравињо: Македонија интензивно се подготвува за скрининг-процесот, кој почнува во септември

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за надворешни работи на Португалската Република, Жоао Гомес Кравињо, кој престојува во посета на Република Северна Македонија.
На средбата беа разменети мислења за можностите за унапредување на билатералните односи на двете земји во контекст на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, унапредување на првната рамка и зајакнување на економската соработка, а воедно беше изразено и очекување дека соработката во одбраната дополнително ќе се интензивира во рамките на НАТО.
Во разговорот претседателот Пендаровски изрази благодарност за силната поддршка од Португалија во исполнување на нашата европска агенда и посочи дека со неодамнешното одржување на меѓувладината конференција во Брисел се означува ново поглавје од евроинтеграцискиот процес, што е од огромно значење за Северна Македонија. Во тој контекст претседателот Пендаровски посочи дека земјата интензивно се подготвува за скрининг-процесот, кој почнува во септември, и се очекува да даде пресек за подготвеноста и усогласеноста на македонското и европското законодавство.
Соговорниците се согласија дека отворањето на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија е од суштинско значење во актуелните геополитички и безбедносни околности и справување со влијанијата од руската агресија врз Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Повторно активен пожарот кај охридските села Вапила и Сирула

Пожарот во с.Вапила е повторно активиран према с.Сирула, соопшти Центарот за управување со кризи.
Се работи за карпест предел со ниска вегетација, а теренот е непристапен. На лице место присутни се представници од ДСЗ и вработени од Македонски Шуми кои моментално вршат обиколки.
Македонија
Никотински уреди од новата генерација: минлив тренд или долгорочни придобивки

Во извештајот на Институтот за јавно здравје во Велика Британија се наведува дека електронските уреди кои содржат никотин се најефективното средство за откажување од пушење во таа земја.
Податоците покажуваат дека употребата на овие уреди како дел од терапијата за откажување од пушење имала една од највисоките стапки на успех во откажувањето од пушење во последните две години.
Денес, на пазарот има голем број електронски уреди кои претставуваат подобра алтернатива за продолжување на пушењето цигари за возрасните пушачи. Сепак, не се сите алтернативи исти, и само оние кои се потврдени од науката се безбедни.
Основните разлики меѓу нив се во тоа што се поделени на тутунски и нетутунски производи, како и различните технологии на кои се базираат. Така, од една страна, постојат тутунски системи засновани на технологија на загревање вистински тутун, од кои најпознат е IQOS, кој воедно е и единствениот систем за загревање на тутунот што Американската агенција за храна и лекови го класифицира како производ со модифициран здравствен ризик. Од друга страна, постојат електронски цигари кои работат на принцип на загревање на течност која може да содржи никотин.
Иако може да има скептицизам кај општата популација за овие алтернативи, науката е неподелена и тврди дека овие уреди се подобра опција отколку да продолжите да пушите, но само ако се докажани производи базирани на наука и ако целосно се префрлите на нив. Секако, најдобрата одлука што може да ја донесете е целосно да се откажете од цигарите и од сите производи од тутун и никотин, но за оние кои не сакаат да го направат тоа, многубројните алтернативи се подобро решение.
Најголемата предност на уредите што го загреваат тутунот, но не го согоруваат, е елиминирањето на процесот на согорување, со што се елиминираат повеќето штетни и потенцијално штетни материи што се ослободуваат од согорувањето преку чадот од тутунот. Исто така, овие уреди содржат вистински тутун, а со тоа и супстанцата никотин, природна состојка на растението тутун, која предизвикува зависност, но докажано е дека не е главен виновник за болестите поврзани со пушењето.
Заедничко за електронските цигари и уредите што го загреваат тутунот е тоа што и двете се алтернативи на традиционалните цигари и подобро решение отколку да продолжите да пушите.
ПР
Македонија
Без струја делови на Ѓорче Петров

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:
од 9:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улиците: Александар Македонски, Кадињача и Андреја Папарадишки (општина Ѓорче Петров)