Контакт

Македонија

(Видео) Пендаровски: Oд Мицотакис побарав помош за деблокада на македонските евроинтеграции

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски за време на официјалната посета на Грција, денеска во Атина одржа прес-конференција за претставниците на македонските медиуми.

dobivaj vesti na viber

По средбите со претседателката Катерина Сакеларопулу и со премиерот Киријакос Мицотакис, Пендаровски истакна дека најважно е што двете највисоки политички инстанци во Грција потврдиле дека преспанскиот договор важи, ќе се почитуваа и дека има политичка волја за негова целосна имплементација.

Во тој контекст претседателот го повтори ставот дека договорите мора да се чуваат, заштитуваат и имплементираат и дека тоа е главниот индикатор за сериозноста на страните што ги потпишуваат и се обврзуваат на нив.

„Ние сме апсолутно сериозни во тој дел, имаме јасна политичка намера да го имплементираме сето она што е внатре напишано и во таа смисла замолив од грчка страна поголема ажурност во однос на неколку елементи, компоненти на преспанскиот договор, кои, пред сѐ, поради Ковид-19 се најдоа во своевиден стенд-бај“, изјави Пендаровски.

Претседателот потврди дека по извесна стагнација, Комисијата за трговски брендови и Комисијата за образовни, историски и археолошки прашања ќе продолжат да работат и дека постои најава за нивна следна средба независно од предизборниот период кај нас.

Во таа насока Пендаровски додаде дека Комисијата за археолошки, историски и образовни прашања уште пред почетокот на пандемијата има постигнато значаен напредок и дека усвоила и усогласила четири записници.

Во однос на средбата со премиерот Мицотакис, Пендаровски изјави дека побарал помош и поддршка за деблокада на македонските евроинтеграции на престојниот самит Европска Унија – Западен Балкан посочувајќи дека преспанскиот договор претставува и договор за воспоставување стратешко партнерство меѓу Република Северна Македонија и Република Грција.

„Очекуваме од него поддршка и помош во однос на оние претставници од земјите членки кои уште се скептични, во прв ред Бугарија, а се разбира и со другите што евентуално би можеле да имаат некакви забелешки за втората држава,. која знаете дека досега неформално е третирана во пакет со нас, тоа е Република Албанија“, изјави Пендаровски.

Претседателот додаде дека на средбите со грчкиот државен врв изразил благодарност за донацијата на 20.000 вакцини, како и за помошта во справување со пожарите на територијата на општина Гевгелија.

„Практично, покажавме како функционира европската солидарност и како треба да функционира и понатаму независно каде постојат проблеми и од таков тип“, изјави Пендаровски.

Македонија

Ковачки во седиштето на НАТО: Поздравено е значителното вложување и одвојување на средства на сите земји членки

Објавено пред

Пратеникот Драган Ковачки од 3-5 ноември е дел од собраниската делегација која учествува на брифинзи во седиштето на НАТО.

dobivaj vesti na viber

-Настанот претставуваше уникатна можност учесниците изворно да се информираат за начинот на функционирање и соработката меѓу парламентарниот и владиниот дел на Алијансата, како и за нејзините актуелните приоритети, политики и идни предизвици во пресрет на Самитот на НАТО во Хаг следната година. Беше поздравено значителното инвестирање и одвојување средства во делот на одбраната кај сите земји членки, со потенцијал истите да продолжат да се зголемуваат во следните години, рече тој.

Ковачки посочи дека особено беше потенцирана потребата од континуирана комуникација меѓу земјите членки, координацијата на заедничките активности, како и зголемената соработка со индустријата, како клучни за нивно поуспешно делување.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Денот на ромскиот јазик е и потсетник дека мораме да го зачуваме, да го негуваме и да се погрижиме дека ќе продолжи да живее и да се развива

Објавено пред

Денес, се собравме заедно за да одбележиме еден важен ден за ромската заедница – Денот на ромскиот јазик, кој секоја година се прославува на 5 ноември. Овој ден претставува можност да се потсетиме на значењето на ромскиот јазик, како и на богатата култура и историја на ромскиот народ, кои се суштински дел од нашето општество.

dobivaj vesti na viber

Ромскиот јазик е многу повеќе од само средство за комуникација. Тој е симбол на идентификација, на култура и на единство на ромската заедница од целиот свет. Преку него се пренесуваат приказни, обичаи, песни и танци, кои се одржуваат од генерација на генерација. Јазикот е она што ја врзува една заедница, што ѝ дава чувство на припадност и ја одржува нејзината автентичност, истакна премиерот Христијан Мицкоски по повод денот на ромскиот јазик.

Нагласи дека во последните неколку децении се прават сериозни напори за заштита и унапредување на ромскиот јазик и култура.

„Сепак, се соочуваме со многу предизвици бидејќи овој јазик и понатаму е под закана од губење поради асимилацијата и недостигот на системска поддршка. Затоа, важно е да се потрудиме да ги охрабриме младите Роми да го зборуваат, учат и користат ромскиот јазик во својот секојдневен живот. Образованието е од клучно значење. Но, за жал, постојат предизвици што спречуваат многу млади да ја добијат оваа шанса. Некои од нив се економските бариери, недостигот на ресурси и нееднакви можности. Овие предизвици мора да ги надминеме заедно. Наша задача е да изградиме систем што ќе овозможи квалитетно и достапно образование за сите. Токму затоа инвестицијата во образованието е инвестиција во иднината. Со вложување во образованието ние вложуваме во градење генерации што  ќе бидат подготвени да ги решат проблемите на иднината. Младите кои ќе создаваат иновации, ќе промовираат позитивни промени, практично градат посилно и поодговорно општество“, нагласи Мицкоски.

Според Мицкоски, треба да се потсетиме и на потребата од заедничка работа за поголема инклузија и поддршка на ромската заедница.

Сите ние, додаде тој, без разлика на етничката, религиозната или културната припадност, сме дел од една голема заедница – заедницата на човештвото. Оцени дека само заедно, со меѓусебно почитување и разбирање, можеме да создадеме свет во кој секој јазик, култура и секоја приказна ќе имаат еднакво значење и ќе бидат слушнати и почитувани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Тошковски: Организираниот криминал и насилниот екстремизам претставуваат сериозни закани за стабилноста на Западен Балкан

Објавено пред

Министерот Панче Тошковски учествуваше и се обрати на експертски состанок за подобрување на разбирањето на врските со насилниот екстремизам, тероризмот и организираниот криминал во Западен Балкан во организација на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал (ГИ-ТОК) со поддршка со Министерството за внатрешни работи на Холандија.

dobivaj vesti na viber

Министерот Тошковски потенцира дека ваквите иницијативи се клучни во заедничката борба за подобра безбедносна перспектива бидејќи проблемите со кои се соочуваме не познаваат граници и бараат заеднички, координирани и одлучни одговори.

„Организираниот криминал и насилниот екстремизам претставуваат сериозни закани за стабилноста на Западент Балкан. Тие имаат потенцијал да ги разјадат нашите институции, да ги ослабат заедниците и да создадат атмосфера на страв и несигурност. Затоа од витална важност е да ги зајакнеме механизмите за отпорност во најпогодените заедници и да вложиме во долгорочни решенија, што ќе ги спречат овие појави уште во нивната почетна фаза“, нагласи министерот Тошковски.

Тошковски на крајот истакна дека ваквите иницијативи имаат потенцијал да создадат трајни партнерства и вмрежувања, кои ќе ја зголемат ефикасноста на нашите заеднички напори и само преку такви синхронизирани и интегрирани мерки можеме да ја заштитиме стабилноста на нашите држави и да обезбедиме побезбедна и просперитетна иднина за сите наши граѓани.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Кога ќе го знаеме победникот на изборите во САД

Дојде денот на изборите во Америка. Демократската кандидатка Камала Харис и републиканскиот кандидат Доналд Трамп се во трка за претседател...

Македонија3 часа

„Кога Куманово гореше, Ахмети се чешлаше“, велат од „Влен“

„Во отсуство на внатрешни кадровски и програмски реформи.и за одржување на кондиција нивните мал број на гласачи кои што се...

Регион4 часа

(Видео) „Крвави ви се рацете“: во Нови Сад беше закачен транспарент

Активисти на Движењето на слободните граѓани синоќа на големо бело платно на Градското собрание во Нови Сад закачија транспарент на...

Свет5 часа

(Видео) Во завршниот говор Трамп ги нападна Камала и Бајден: Ќе ја спасиме Америка

Трамп штотуку го заврши митингот во арената Ван Андел во Гранд Рапидс, Мичиген. Неговиот последен митинг донесе враќање на главните...

Свет6 часа

Шефот на НАТО: Ќе останеме обединети кој и да победи на американските избори

НАТО ќе остане обединет без разлика кој ќе победи на изборите во САД, изјави во Берлин генералниот секретар на алијансата,...

Свет7 часа

Палестинскиот претседател: Време е за прекин на огнот во Газа

Палестинскиот претседател Махмуд Абас рече дека е време да се имплементира Резолуцијата 2735 на Советот за безбедност на Обединетите нации,...

Свет7 часа

Северна Кореја лансира серија балистички ракети

Северна Кореја истрела неколку балистички ракети со краток дострел кон морето источно од Корејскиот Полуостров, објави началникот на Здружениот Генералштаб...

Свет8 часа

Камала Харис го одржа последниот митинг во Пенсилванија

Говорејќи на нејзиниот последен предизборен митинг во Филаделфија пред денот на изборите во понеделникот вечерта, потпретседателката Камала Харис рече дека...

Македонија16 часа

Земјотресот со епицентар во скопското подрачје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија17 часа

Вечерва почувствуван земјотрес во Македонија

Вечерва почувствуван земјотрес во Македонија. Информацијата е објавена и на официјалната страна на ЕМСЦ. Земјотресот е почувствуван и кај дел...

Македонија18 часа

Состојбата во земјата е стабилна и нема индиции за загрозеност на границите, констатира Советот за безбедност

Денес во Кабинетот на Претседателката се одржа конститутивната седница на Советот за безбедност. На седницата со која претседаваше претседателката Гордана...

Македонија24 часа

Пензионирани полицајци одавале службени тајни на криминалната група „Дуќанџик“ од Грчец

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК ноќеска ја координира акцијата на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР во...

Македонија1 ден

Кога има мнозинство од 78 пратеници, непотребно е да се размислува за предвремени избори, тоа е само трошок, вели Меџити

Предвремени парламентарни избори заедно со локалните в година, за министерот за животна средина, Изет Меџити, се само трошок и губење...

Македонија1 ден

Венко Филипче: На Владата не ѝ оди, подготвени сме да одиме на предвремени избори

СДСМ е подготвен за предвремени избори, рече лидерот на партијата Венко Филипче на прес-конференција. Филипче беше прашан за понудата на...

Македонија1 ден

„Фронтот на Ахмети и Села е без компас“, велат од „Вреди“

„Сметавме дека 100 дена се доволно време Ахмети и Села да ја прифатат реалноста и да се свртат кон внатрешен...

Македонија1 ден

Kонститутивна седница на Советот за безбедност

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова свика конститутивна седница на Советот за безбедност, што ќе се одржи денеска, 4 ноември 2024 година, понеделник,...

Топ1 ден

Полицијата ги пронајде планинарите што се изгубија во Тетовско, лицата биле пренесени во болница

Вчера, во 22.10 часот, над село Пршовце, Тетовско, по преземените мерки и организираната потрага, полициски службеници од СВР Тетово во...

Регион1 ден

Млада кошаркарка ја загуби раката во страшната несреќа во Нови Сад: семејството се моли Ања да преживее

Студентката Ања Р.(23) од Параќин е тешко повредена при пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Таа се...

Свет1 ден

Анкета покажува дека Трамп губи во Ајова

Доналд Трамп ја освои американската сојузна држава Ајова, која носи шест изборни гласови, за осум процентни поени на претседателските избори...

Европа1 ден

(Видео) Кон kралот на Шпанија фрлаа кал: „Ја разбирам фрустрацијата на луѓето“

Градоначалничката на Паипорта, град во Шпанија каде жителите фрлаа кал врз кралот и премиерот, нарекувајќи ги „убијци“, рече дека тоа...