Контакт

Изборен законик

(Видео) Поголема демократија – Македонија една изборна единица

Објавено пред

Македонија една изборна единица наместо сегашните шест. Воведувањето на овој изборен систем се очекува да стави крај на досегашната пракса кога и со 30 000 гласа помалите партии не можеа да добијат ниту еден пратеник.

dobivaj vesti na viber

Иако јавно се декларираат за промена на изборниот модел, на големите партии кои наизменично се менуваат на власт не им одговара ваква промена. Слевањето на гласовите во една изборна единица во пракса би значело дека ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе изгубат по два-три, па и повеќе пратеници, кои со постојниот изборен систем ги прибираат на свое конто. Дополнително, со една изборна единица, големите партии ќе треба да прават поголеми отстапки за постизборни коалиции.

„Макфакс“ истражуваше колку гласови пропаѓаат на парламентарните избори и како би изгледал пратеничкиот состав во македонското собрание ако гласањето се спроведува во една изборна единица?
На последните парламентарни избори, во 2016, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наместо 51, ќе имаше 48 пратеници, додека коалицијата на СДСМ ќе освоеше 47 наместо сегашните 49 пратенички места. ДУИ наместо 10 ќе имаше 9 пратеници. На сметка на големите партии, Левицата, Коалицијата за правда и промени и коалицијата „ВМРО за Македонија“, ќе имаа свои пратеници во собранието. Беса ќе имаше шест пратеници.

Слична е ситуацијата и со предвремените избори во 2011 година кога партиите на Љубе Бошкоски и на Имер Селмани ќе освоеле по еден пратеник, а на Љубчо Георгиевски три пратеници. Но, ВМРО ДПМНЕ наместо 56 ќе имаше 50 пратеници, а СДСМ наместо 42 ќе имаше 41 пратеник. ДУИ со една изборна единица ќе освоеше 13 наместо 15 пратеници.

Оттука станува појасна сликата зошто големите партии не сакаат да го менуваат изборниот модел. Со губењето на пратеничките мандати се намалува и моќта на партиите, кои сега приграбуваат повеќе пратенички места. Тоа, од друга страна, ја зајакнува позицијата на помалите партии, што поттикнува плурализам и води кон поголема демократија.

Изборен законик

(Видео) Сиљановска за гафовите: Подобро е да се збуните за име на град, отколку за тезата зад која стоите

Објавено пред

За професорката Гордана Сиљановска-Давкова пострашно е да се погреши за ставовите и тезите зад кои стои одреден политичар, отколку да се збуни за името на град. Ова го изјави при денешната посетата на Домот на занаетчиите, на прашањето како ги прифаќа коментарите на социјалните мрежи за нејзините неколку гафови во изборната кампања.

dobivaj vesti na viber

„Не си ставам при срце, направив ненамерна грешка, се извинив. Знаете, ние во кампањата сме преоптоварени, одиме на различни места и може да се случат вакви несакани грешки. Ова покажува дека политичарите се само луѓе, дека не се совршени и дека и тие можат да погрешат. Според мене, пострашно е да ја промашите тезата зад која стоите, отколку да се збуните за име на град“, рече Сиљановска-Давкова.

Коментарите на социјалните мрежи следуваа отакако на вториот ден од кампањата Сиљановска на граѓаните на Неготино им се обрати со кавадарчани.

Одговарајќи на новинарско прашање, таа рече дека е задоволна од првото соочување со своите противкандидати. Дебатата според неа била  жива, аргументирана и додаде дека  се обидела да настапи во стилот на женскиот говор и женското писмо.

 

Прикажи повеќе...

Изборен законик

Партиите се договорија за парите – за една изборна единица и отворени листи не им се брза

Објавено пред

Прашањата за една изборна единица и отворени листи на преговарачката маса меѓу партиите ќе се најдат наесен, по референдумот, брифираат за „Макфакс“ од работните групи. За можните измени на изборниот модел, партиите сè уште не дискутирале бидејќи приоритет биле барањата на ВМРО-ДПМНЕ за техничка Влада и  финансирањето на партиите, но и изборот на ДИК.

dobivaj vesti na viber

Од СДСМ велат дека тие  нема да отстапат од предлогот за менување на изборниот систем во една изборна единица, како и воведување модел на отворени листи на гласање, како подемократски принцип од актуелниот, но велат дека е потребна согласност и од другите партии. Од ДУИ не ја поддржуваат идејата за една изборна единица, но се за преференцијално гласање. Од ВМРО-ДПМНЕ кусо одговорија дека согласно со динамиката на преговорите меѓу работните групи, за овие теми ќе разговараат од септември.

Партиите веќе се договорија и во Собранието едногласно изгласаа да се зголеми финансирањето на партиите од буџетот, од 1.8 милиони евра на 4,5 милиони евра на годишно ниво. Со законските измени се намалува сумата која може да ја прибираат од донации од компании и физички лица.Триесет отсто од парите се наменети за малите партиите, а останатите 70 отсто за големите партии. Партиите ќе може да се финансираат и од кредити, а и да поседуваат земјиште, што не беше пракса до сега. Измени во Изборниот законик има и во делот на кампањата, со што сега рекламирањето ќе се плаќа од буџетот наместо од партиските сметки, а се наметнува и обврска ДИК да ги мониторира и интернет-порталите.

Избран е и новиот состав на ДИК, кој ќе треба да го спроведе референдумот, но бидејќи е преодно решение, има мандат од шест месеци.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...

Македонија9 часа

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на...

Топ10 часа

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...

Македонија12 часа

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...

Македонија14 часа

Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства

Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот...

Македонија14 часа

Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели, велат од МНР и апелираат граѓаните да се воздржат од патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на...

Македонија17 часа

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија17 часа

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија17 часа

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија18 часа

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија18 часа

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија18 часа

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија19 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија19 часа

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет23 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет23 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет24 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет24 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа1 ден

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет1 ден

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...