Контакт

Македонија

(Видео) Полицајците во Арачиново не казнуваат оти немале казни

Објавено пред

Полицајците кои работат во одделението во Арачиново не казнуваат бидејќи немале казни. Тие се жалат дека по наредба на високи функционери од МВР, било забрането да ги добиваат казните. Полицаецот Дејан Саздов, вработен во ПО Арачиново и претседател на Независниот синдикат на полицијата, вели дека оваа практика со незадолжување на списи е со години, односно по повторното отворање на одделението во Арачиново.

„Ми беше укажано дека нема да може да бидам задолжен со потребни списи, иако одговорност на полицискиот службеник е да ги има истите затоа што без нив не може да ги употребува задолжувањата и да презема мерки согласно со Законот за безбедност на патниот сообраќај“, вели полицаецот Саздов.

Кога Саздов побарал списи од административниот работник, тој му кажал дека нема да добие. Образложението било дека административниот работник не можел да ги подигне овие документи од МВР, бидејќи полицајците не можеле да ги задолжат.

„На пример, во случај кога вие би возеле 200 километри на час и без возачка дозвола а јас би работел во тој дел, не би можел да постапам согласно со законот затоа што ќе бидам спречен да ви изречам мерка согласно со сторениот прекршок. Во таа ситуација јас ќе треба да повикувам други полициски службеници, од други надлежни полициски станици да дојдат на местото на настанот па тие да ја преземат мерката. За колку време ќе дојдат, тоа ќе зависи од нив“, објаснува Саздов за тоа на кој начин може да се казнат можните неправилности.

Со оваа одлука на функционерите на МВР, полицаецот тврди дека незаконски им се одземаат дел од овластувањета на полициските службеници, а со тоа има привилигирани и непривилигирани делови од Скопје. Граѓаните од тој дел на Скопје барале полицијата да преземе мерки за безбедноста во сообраќајот, вели Саздов, кој додава дека ќе бара образложение од министерот Оливер Спасовски и директорот на БЈБ, Лазо Велковски, за тоа од кои причини полициските службеници се попречени да преземаат службени дејствија.

Саздов е во казнена експедиција во Арачиново, тврди тој. Полицаецот бил вработен во сообраќајна полиција по што поради недоразбирања и постапка на Внатрешната контрола бил преместен да обезбедува амбасади. Откако ги тужел и ја добил тужбата, бил вратен во старото одделение, но распределен во ПО Арачиново.

„Макфакс“ побара одговор од МВР зошто не им биле доставувани списи на полицајците од Арачиново, но од таму молк.

Македонија

Заев на средба со европскиот комесар Аврамопулос: Реформите во безбедносниот сектор се успешно спроведени

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вечерва се сретна со европскиот комесар за миграции, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос, придружуван од амбасадорот на ЕУ во земјата, Самуел Жбогар.

На средбата се поздравени успешните политики на МВР и на Владата во делот на јакнење на капацитетите и соработката со ЕУ за справување со илегалната миграција и за направените безбедносни реформи. Констатирано е дека нашата држава ги исполни бараните стандарди од ЕУ и порачано е нашата држава да го задржи лидерството во реформскиот процес. Пренесена е пораката дека Република Северна Македонија ја има поддршката од Европската комисија, која потврди дека нашата држава заслужува отворање на преговарачкиот процес.

На средбата заеднички е констатирано дека европските интеграции се важни како за стабилноста на нашата земја така и на регионот.

„Работиме на спроведувањето на реформите и очекуваме да бидат вреднувани постигнатите резултати како дома така и во добрососедските односи. Почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ ќе овозможи проширување на соработката во борбата со криминалот и корупцијата, што ќе има резултати и на регионално ниво“, рече премиерот Заев.

На состанокот, претседателот на Владата, Заев, му се заблагодари на европскиот комесар Аврамопулос за изразената поддршка за напредокот и интеграциските перспективи на Република Северна Македонија.

Европскиот комесар Димитрис Аврамопулос е во Скопје за дводневниот министерски форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи, организиран под покровителство на финското претседателство со ЕУ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Царовска: Со социјалната реформа 22.374 деца земаат детски додаток

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика и потпретседателка на СДСМ, Мила Царовска, денеска беше во посета на Шуто Оризари, каде што се сретна со граѓаните и дискутираа за актуелните реформи и случувања во областа на трудот и социјалната политика.

„Нашите граѓани веќе ги чувствуваат придобивките од социјалната реформа и земаат во просек 300 отсто зголемена помош. Во споредба со претходниот систем, дури 20 пати се зголемува бројот на сиромашни деца на кои им следува помош од државата. Конкретно, од почетокот на социјалната реформа 22.374 деца земаат детски додаток, а 8.678 деца добиваат детски додаток. Гарантиран минимален приход примаат 27.387 граѓани, а над 2.000 возрасни лица веќе користат социјална пензија, која првпат ја воведовме“, истакна Царовска.

Таа исто така информира за предлог-законот за неевидентирани лица во Матичната книга на родените, што Владата го усвои на последната седница.

„Го решаваме долгогодишниот проблем на лицата неевидентирани во Матичната книга на родените. Овие луѓе премногу долго живееа на маргините на нашето општество. Со новиот предлог-закон, кој го утврдивме на седница на Владата, им овозможуваме право на здравствена и социјална заштита и редовен работен однос, а децата, конечно, ќе може да се вклучат во образованиот процес“, дополни таа.

На денешната средба со граѓаните од Шуто Оризари се дискутира и за активните мерки за вработување, кои се дел од оперативниот план, за што оваа година се издвоени 1,1 милијарда денари.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров на средба со Аврамопулос: Северна Македонија не отстапува од европскиот курс

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес оствари средба со eврокомесарот за миграција, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос, кој престојува во земјата по повод учеството на министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи, во Скопје, на 18 и 19 ноември 2019 година.

На средбата беа разменети мислења за актуелни случувања во земјата и регионот по исходот на октомврискиот европски совет, како и за тековните прашања во самата ЕУ. Соговорниците се осврнаа и на заедничките современи предизвици, кои наметнуваат потреба од заедничка соработка и дејствување, со особен акцент на миграцијата, а во тој контекст стана збор и за потпишувањето на статусниот договор за соработка на Северна Македонија со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража.

Министерот Димитров повтори дека и покрај искреното жалење што не се постигнал консензус за донесување одлука за почеток на преговорите на ЕУ со Северна Македонија во октомври, земјата не отстапува од европскиот курс, од реформите и градењето на добрососедските односи и регионалната соработка.

Еврокомесарот Аврамопулос изрази задоволство од постигнувањата на земјата во однос на европската интеграција. Северна Македонија покажа големи заложби и напори во справување со безбедносните ризици и предизвици што произлегоа од миграциската криза, а за кои ЕУ е особено благодарна и ќе продолжи да соработува со земјата и понатаму.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 часа

Три лица убиени во пукање во супермаркет во САД

Најмалку три лица се убиени во пукање во супермаркетот „Волмарт“ во Данкан, Оклахома, објавија американските медиуми. Од локалната полиција наведоа...

Македонија14 часа

Османи се сретна со Тимоние: „Процесот на интегрирање во ЕУ не е запрен“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со францускиот амбасадор во земјата, Кристијан Тимоние, на која главна...

Економија15 часа

Бензините поевтинуваат

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија...

Македонија19 часа

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија19 часа

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Економија19 часа

(Видео) Финансии дава 33.000 евра за маркетинг-стратегија за „МојДДВ,#МојаНаграда“

Министерството за финансии одвои половина милион евра за награди за скенирање сметки во рамки на акцијата „Мој ДДВ“. Предвидени се...

Македонија20 часа

Завршни зборови во „Тврдина 2“, в среда втора пресуда за Горан Грујевски

Во кривичниот суд во Скопје в среда судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ треба да ја изрече по вторпат пресудата за ексначалникот на...

Свет21 час

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Свет22 часа

(Видео) Пукање во Калифорнија – застрелани десет лица додека гледале фудбал

Во масовно пукање на забава во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18...

Економија23 часа

Првпат во историјата глобалниот долг надминува 250 милијарди долари

Комбинираните долгови на националните влади, претпријатија и домаќинства на глобално ниво се зголемиле за 7,5 милијарди долари во текот на...

Македонија24 часа

Приватните специјализанти на протест, бараат повисоки плати

Кофинансираните приватни специјализанти најавија протест за денеска пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата и поради тоа што...

Екологија1 ден

Џиновска панда од Вашингтон ќе патува за Кина со приватен лет

Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен...

Свет1 ден

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал. Трамп на...

Европа1 ден

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра.Ова го изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро откако плоштадот Свети Марко во...

Свет2 дена

Папата организираше ручек за 1 500 бездомници

Папата Франциско организираше ручек за 1 500 бездомници и лица во неволја. Римокатоличката црква денеска го одбележува денот на сиромашните, а...

Македонија2 дена

Франција е за влез на Балканот во ЕУ, но со нова постапка во седум етапи

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во Европската унија, но преку нов, постепен процес на пристапување во седум фази,...

Свет2 дена

Русија ѝ ги враќа запленетите воени бродови на Украина

Русија започна да ги враќа украинските воени бродови запленети на 25. ноември минатата година во Керчкиот проток, соопштија руските власти....

Свет2 дена

(Видео) Бојно поле на улиците на Хонгконг, полицаец погоден со стрела

Полицаец од Хонгконг денеска бил погоден со стрела в нога, отакако полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои...

Македонија2 дена

Во републичка акција, за една вечер казнети 203 возачи под дејство на алкохол

За откривање на возачи под дејство на алкохол, полициските сектори од цела држава, спровеле акција која траела синоќа од 22...

Регион2 дена

Српскиот министер за здравство: Животот на Вучиќ беше во опасност

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за „Танјуг“ нагласи дека претседателот на државата, Александар Вучиќ, имал хронични,...

Досие