Контакт

Македонија

(Видео) Семејството Ватиќ излезе со чист образ и крената глава, рече адвокатот на ослободениот Сафет Ватиќ

Објавено пред

„Семејството Ватиќ излезе со чист образ и крената глава“, изјави по изрекувањето на пресудата за случајот „Труст“, адвокатот на ослободениот Сафет Ватиќ, Ванчо Митев.  „Респект за судот. Пресудата не ја доживувам како лична победа, или како пораз на обвинителството“, рече адвокатот пред новинарите.

Мујо Ватиќ, пак, еден од сопствениците на „Вато“, рече дека правдата е достапна за секој кој е праведен, како што рече со новата власт.

Судот денеска го осуди бизнисменот Сеад Кочан на шест години затворска казна во предметот „Труст“ на СЈО, а Василије Авировиќ на три години. Тие се осудени за злоупотреба на постапката за јавна набавка. И двајцата добија забрана за вршење дејност и да бидат управители или одговорни лица на правно лице во траење од 3 години. Третообвинениот во предметот, Сафет Ватиќ, е ослободен од обвинението, како и неговата фирма „Вато“ ДООЕЛ.

Василије Авировиќ не беше присутен на изрекување на пресудата. Според неговата одбрана, тој не се чувствувал добро.

Македонија

Првиот братучед на градоначалникот Наумоски вработен во Централен регистар

Објавено пред

Мирослав Наумоски, прв братучед на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, пред 2 месеци бил вработен во Централен регистар на определено време, дознава „Макфакс“. Двајцата живеат во иста куќа, во скопската населба Даме Груев.

Градоначалникот Наумоски тврди дека немал никаков влијание за неговиот братучед да биде вработен, а запрашан на која работна позиција е поставен, тој вели: „Не знам. Не сме се виделе одамна, поради обврските“. Претходно, во периодот 2004-2005 година и градоначалникот Александар Наумоски работеше во Централниот регистар.

„Не сум имал никако влијание. Како можам јас да влијаам? Тој е дипломиран, а таа е професионална установа каде треба квалификации. Тој има 7-8 години искуство. Централен регистар е професионална установа каде се потребни квалифакации“, вели Александар Наумоски за „Макфакс“.

Од Централниот регистар не одговорија на прашањата дали Мирослав Наумоски ги исполнувал критериумите, на која работна позиција е распределен, на кој оглас се пријавил и како од сите кандидати токму тој е избран на позицијата.

На фејсбук профилот од сега вработениот Мирослав Наумоски можат да се видат низа од фотографии каде тој се појавувал на партиски активности организирани од СДСМ, а учествувал и во предизборната кампања на неговиот братучед Александар Наумоски. Во периодот од 2009-2013 година тој бил советник на СДСМ во Општина Ѓорче Петров.

Антикорупциската комисија минатата недела ги објави случаите кои ќе бидат отворени за вработувањата на децата и роднините на актуелни функционери во државниот сектор, а премиерот Зоран Заев најави дека веќе дел од нив му потврдиле оти нивните блиски ќе се откажат од работните места.

Денеска, портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, изјави дека неговата мајка се повлекува од работното место во Централниот регистар во Струмица, но дека станува збор само за „морален чин“.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Адеми – Стојберг: Данска е силен и искрен пријател

Објавено пред

Во рамките на официјалната посета на Кралството Данска, министерот задолжен за дијаспората во Владата, Едмонд Адеми, денеска оствари средба со Данскиот министер за имиграција, интеграција и домување, Ингер Стојберг.

На средбата, Адеми ја истакна одличната билатерална соработка помеѓу двете земји, која се карактеризира со пријателство и разбирање и го запозна својот соговорник со последните постигнувања на Владата на Република Северна Македонија за изградба на праведно и инклузивно општество, засновано врз владеењето на правото и демократските вредности. Посебно се осврна на надворешно политичките приоритети, потенцирајќи ја историската година на РСМ со затварање на најчуствителното билатерално прашање со Грција, и ги остранивме сите пречки за членство во двата големи сојузи, НАТО и ЕУ.

Министерот Адеми изрази благодарност кон Кралството Данска за континуиранта поддршка во ЕУ и НАТО интеграците на и очекување дека набргу ќе следи ратификација на пристапниот протоколот за членството во НАТО во Данското Собрание. Министерот во врска со ЕУ интеграциите на Македонија ја пренесе подготвеноста на Владата за исполнување на сите неопходни критериуми за почнување на процесот за преговори со ЕУ и истакна дека поддршката од страна на Данска за европската иднина на Македонија е од исклучително значање.

Министерот Стојберг, упати честитки до Владата за поптишуваниот пристапен протокол за членство во НАТО, и ја реафирмираше поддршката на Данска во реализација на стратешките цели и реформските процеси, при што ја охрабри Владата да продолжи со превземените клучни реформи со цел добивање на датум за отпочнување на преговорите со ЕУ во јуни.

Меѓудругото, министерот Стојберг ја потврди добра соработка меѓу двете земји и ја истакна подготвеноста на Данска за натамошно пренесување искуства и помош во фокус на стабилноста и реализација на приоритетните реформи за членство на земјата во ЕУ, и истакна дека Данска во скоро време ќе го ратификува и протоколот за челнство во НАТО.

На средбата, беше разговарано и за предизвиците и интегрирањето на македонската дијаспора во Данска, при што Министерот Адеми информираше дека како министер задолжен за дијаспората очекува во соработка со министерот Стојберг и други соодветни институции на Данска, преку идни заеднички контакти и активности да се зголеми ангажирањето и инволвирање на нашата дијаспора во политичките,економските,културните и образвовните процеси во Данска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Се намалуваат цените за роаминг со Грција

Објавено пред

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и министерот за дигитални политики, телекомуникации и медиуми на Грција, Никос Папас потпишаа Меморандум за разбирање за намалување на цените во роаминг. Тоа значи  дека максималните цени на роаминг услугите треба да се намалат до нивото на оние цени што се применуваат во Европската унија.

Како што истакна Манчевски, целта е до почетокот на летната сезона, граѓаните на двете држави да ги почувствуваат првите намалувања на цените, а следниот чекор е целосно укинување на роамингот.

Манчевски рече дека Договорот од Преспа не значи само решавање на политички проблем, туку со него се отвораат многу перспективи за граѓаните и бизнисите од двете земји.

„Утрово имавме работен состанок со министерот Папас, директорот на АЕК, Сашо Димитријоски и заменик директорот на Грчката комисија за телекомуникации и пошти, Спирос Пантелис. На состанокот заклучивме дека се отстранети сите пречки и дека постои политичка волја од двете страни за продлабочување на соработката“, информираше министерот Манчевски.

Министерот Папас рече дека имале одлично гостопримство, што докажува дека сме стратешки партнери.

„Работа на владите е да го направат Договорот од Преспа договор за луѓето, договор кој произведува резултати којшто го подобруваат животот на луѓето и од двете страни. Договор којшто ги подобрува можностите за комуникација, за транспорт, економските можности. Драгиот пријател Дамјан кажа конкретни работи за Меморандумот којшто го потпишуваме денеска, сакам и јас да потврдам во име на Република Грција дека сме спремни да ги преземеме сите легални мерки, сите правни мерки и сите алатки, со цел граѓаните на двете земји многу брзо и пред туристичкиот период, да видат намалување во сметките за телекомуникација. Би сакал исто така да кажам дека е очигледно дека регулаторните органи од двете страни се спремни да ги стават во сила, да ги употребат законите, како што се изработени или доколку е потребно да се прилагодат за да се оствари овој Договор. Оваа посета беше многу корисна и имавме можност да разговараме и за многу други теми”, потенцираше

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Првиот братучед на градоначалникот Наумоски вработен во Централен регистар

Мирослав Наумоски, прв братучед на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, пред 2 месеци бил вработен во Централен регистар на...

Македонија1 час

(Видео) Мајката на Костадинов ќе се повлече од работното место

Портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов, изјави дека неговата мајка се повлекува од работното место. Тој вели дека нејзиното...

Македонија1 час

Заев на средби со Гаши и Тачи, ќе бараат заеднички кандидат за претседател

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во име на коалицијата, ги продолжува разговорите и консултациите со партиите околу можностите да се...

Македонија2 часа

Самка Ибраимовски: На претседателските избори одиме сами

Самка Ибраимовски од Партијата за целосна еманципација на Ромите изјави дека на претстојните претседателски избори ќе настапат сами. Ибраимовски на...

Македонија3 часа

Адвокатот на Тачи и Ибраими се повика на аболицијата на Иванов и мислењето на Врховниот суд

Адвокатот на обвинетите Мендух Тачи и Бедредин Ибраими, Елвер Исени, во завршниот збор за предметот „Титаник 2“ на СЈО побара...

Крвав четврток3 часа

Ченто: Ми понудија да бидам заштитен сведок за 27 април и лажно да сведочам

Јане Ченто, обвинет за случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април, во своите завршни зборови рече дека од...

Крвав четврток3 часа

Пепиќ: Во Собранието бев како разузнавач, а не да напаѓам пратеници

Разузнавачот Мунир Пепиќ обвинет за насилниот упад во Собранието, односно вршење насилство врз пратеникот Зијадин Села, во завршните зборови истакна...

Топ4 часа

Почина градежен работник, врз него паднала железна арматура

На објект во изградба на улицата Лондонска во Скопје, кој го гради тетовска фирма сопственост на Г.Х.(54) од село Мала...

Свет4 часа

„Ќе изгубите сѐ“ – Трамп со ултиматум до венецуелската војска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, предложи венецуелската војска да ја поддржи опозицијата во земјата, да го пропушти хуманитарниот конвој или...

Македонија5 часа

АВМУ: Сопствениците на медиуми и нивните блиски не смеат да им се закануваат на новинари

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осуди однесувањето на синот на сопственикот на „1ТВ“, Бојан Јовановски, кој вербално ѝ...

Свет5 часа

Четири лица убиени во пукање во американската држава Мичиген

Четири лица беа убиени како резултат на пукањето во округот Кент во северната американска држава Мичиген, објави локалната полиција, пренесува „Спутник“....

Свет5 часа

Мадуро: Русија ќе испорача 300 тони хуманитарна помош за Венецуела

Русија ќе достави 300 тони хуманитарна помош за главниот град на Венецуела, Каракас, в среда, рече претседателот на Венецуела, Николас...

Свет7 часа

Бомбаш-самоубиец уби двајца полицајци близу познатиот туристички пазар во Каиро

Бомбаш-самоубиец уби двајца полицајци, а тројца други беа повредени додека го следеле во близина на туристичкиот пазар Кан ел-Калили во...

Свет8 часа

Пожарникарите се борат со стотици подметнати пожари во Северна Шпанија

Регионалните власти во Северна Шпанија во моментов се борат со околу 50 пожари, од кои дел се намерно подметнати, пренесува „Локал“....

Топ18 часа

Се судрија автомобил и трактор, едно лице загина кај Доброште

Eдно лице загина, а едно добило сериозни повреди во сообраќајната несреќа што се случи на патот Тетово-Јажинце, кај селото Доброште. Како...

Македонија18 часа

Силјановска до Заев: Надвор сум од концептот во кој работа има само за децата на вашите функционери

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, се огласи на својот профил на „Фејсбук“ кога премиерот Зоран Заев изјави дека...

Македонија19 часа

Се бара притвор за девет лица што изработувале и продавале огнено оружје

Надлежниот јавен обвинител до судот ќе достави предлог за определување мерка притвор за учесниците во криминалната група која изразботувала и...

Македонија21 час

„Макфакс“ и Групацијата Клип медија не планираат никаква соработка со Бојан Јовановски

Редакцијата на „Макфакс“ и Групацијата Клип медија целосно застануваат зад својата новинарка Мери Јордановска и како и досега, и во...

Македонија22 часа

ССНМ со осуда за заканите на Бојан Јовановски кон новинарката Мери Јордановска

Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ) најостро го осудува односот на де факто сопственикот на „1ТВ“, Бојан...

Македонија22 часа

Ванковска: Јавноста не го разбра зборот иронија, сега ми се закануваат со линч

Професорката Билјана Ванковска смета дека не направила недолична корелација со масакарот кај Карпалак од 2001 година и автобуската несреќа кај...

Досие