Македонија
(Видео) Се одбројуваат денови до отворање на ски-центарот „Михајлово“, граѓаните предлагаат доживотен мандат за градоначалникот Јанчев
По интензивните врнежи од снег во Михајлово, се одбројуваат деновите за отворање на скијачкиот центар, напиша градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на својот профил на „Фејсбук“.
Тој додаде дека во моментот се работи на подготовки за ски-патеката со сите придружни елементи за сите возрасти.
„Скијачкиот центар ‘Михајлово’ за сите љубители на зимските спортови“, стои во неговата објава.
Во коментарите под видеото од ратракот граѓаните бараат доживотен мандат за Јанчев.
„Недостижен, единствен и незаменлив градоначалник – Митко Јанчев, одлично сработено, пример за сите други, големо браво за идејата и реализацијата на проектот“, се дел од коментарите на „Фејсбук“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на преминот Буково-(Ресен-Охрид) се одвива во една коловозна лента, наизменично
Во 17.35 сообраќајот на преминот Буково-(Ресен-Охрид) се одвива во една коловозна лента наизменично, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Забрани за движење на товарни возила на неколку патни правци
Воведени се забрани за движење на товарни моторни возила на следните патни правци:
· Дебар – Маврово
· Охрид – Кичево (Пресека)
· Кичево – Гостивар (Стража)
· Тетово – Попова Шапка (забрана за ТМВ, за сите останати видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема).
· Битола – Ресен (Ѓавато)
Во прекин е сообраќајот Охрид-Ресен, поради сообраќајна незгода, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на патот Прилеп – Македонски Брод
На патниот правец Прилеп – Македонски Брод се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
Од АМСМ информираа дека за сите останати возила е задолжителна употребата на зимска оперема.