Македонија
(Видео) Симовски: Етничка припадност ќе нема на пописот оти е непотребен податок
Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, најавува револуционери измени на претстојниот попис. Во интервју за „Макфакс“ тој вели дека негов личен став е во пописните материјали да нема поле за етничка припадност. Свесен е дека со ваквата изјава отвора пандорина кутија по прашањето на етничката припадност и очекува да се развие дебата околу тоа дали треба да се пребројуваме и на овој начин. Неговиот став е дека етничката припадност е менлива категорија и податок кој од нив како институција досега се барал само во политички цели па затоа смета дека не треба да се најде во пописните материјали.
Се залага за укинување на етничките квоти при запишувањето на факултетите и апелира сите да почнеме да размислуваме граѓански а не етнички.
За веќе усвоените закони базирани на етничка припадност, Симовски вели дека се завршена работа и еднаш веќе даденото право не може да се укине без разлика на пописот.
Според него, најдобар датум за пописот е 1 април 2020 година. Симовски вели дека трошоците за пописот не треба да надминат 8,5 милиони евра. За првпат при попишувањето ќе се користи електронски регистар на население како носечки столб што ќе ги обедини податоците за граѓаните од сите други бази на податоци кои ги имаат институциите.
Неговите очекувања од крајниот резултат од пописот не се оптимистички. Смета дека бројот на населението ќе биде помал во однос на последниот попис поради големиот број иселувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

