Македонија
(Видео) Славески: Нема да прифатиме негирање на македонскиот идентитет и јазик

Нема да прифатиме негирање на македонскиот идентитет и јазик, изјави Трајко Славески, на протестот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.
„Тука сме да изразиме несогласување со македонскиот врв, особено со премиерот Заев, кој ја задира сржта на македонскиот идентитет. Оттука, исто така искажуваме несогласување, што и по нашите барања за средба за запознавање за тоа за што се преговара, со кого се преговара, до тоа не дојде и мислам дека тоа е сосема некоректно“, рече тој.
Славески рече дека македонскиот јазик е одамна признат и нема да прифатат никакво негирање.
„Ние сме тука заедно со граѓаните на Битола да кажеме дека ова не смее да помине, ние сме Македонци, македонскиот идентитет е таков со векови, македонскиот јазик е одамна признат и никакво негирање нема да прифатиме, ниту од претставниците на Република Бугарија, најмалку од нашите избраници, затоа што некој ги избрал, кои во овој случај се на границата на предавство“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.