Македонија
(Видео) Снимка од тунелот во Идризово, полицијата со детали како осум осудени спремале бегство

Полицијата објави видео од тунелот и детали за планот за бегство на затворениците осудени на високи казни.
Според информациите од МВР, зад планот стоела група од најмалку 8 затвореници во „Идризово“, осудени на казни од 10 години до доживотен затвор.
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски истакна дека тунелот бил во дожина од 40 метри, лоциран до објект кој се користел за одлагање на јаглен во правец на заштитната ограда позади која се наоѓа женското одделение, а во непосредна близина на зградата на затвореното одделение на затворот, на длабочина од околу 1 метар, во дијаметар од околу 80 сантиметри, соодветно обезбеден со попречни греди и тули.
Во тунелот биле пронајдени повеќе пластични корпи на кои се врзани јажиња, а со кои се извлекувала ископаната земја и електричен кабел со сијалица која им служела за осветлување на тунелот.
Министерството во координација со надлежното јавно обвинителство презема дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Левица: Шаќири најави одговорност ако септември нема учебници, бараме оставка

„Цел месец по почетокот на наставната година, голем број ученици сè уште немаат добиено учебници. Токму најлошиот министер за образование – Јетон Шаќири, минатата година изјави дека ако септември нема учебници, самиот ќе понесе одговорност!“, велат од Левица.
„За заштитените фунционери од ДУИ не важат никакви ветувања, кои се докажаа како најнеспособна гарнитура за менаџирање со било кое министерство. Дополнително, се огласи и Националната комисија, која соопшти дека не е ниту целосно оформена, односно дека во моментот истата брои 17 член – место 21 член, колку што е предвидено со закон за нејзино нормално функционирање.
Минатата година, наставата скандалозно почна без учебници и се одвиваше без учебници до мај. Колку учебни години и колку генерации уништени од неспособноста на Шаќири се потребни за тој конечно да научи да управува со ресорот во кој министерува?!
Уште колку семејства треба да се иселат за да им овозможат пристап до квалитетно образование на своите деца – додека барем еден функционер од ДУИ си поднесе оставка?! Истите партии кои тврдат дека ќе ја внесат државата во ЕУ, не се способни ниту учебници да обезбедат“, соопшти Левица.
Скопје
Герасимовски: „КК Работнички“ е домаќин и организатор на натпреварите од квалификациската „А“ група во ФИБА Европа купот

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во придружба на дел од играчите на КК „Работнички“ ги најави квалификациите за кошаркарскиот ФИБА Евро куп кој ќе се одржи во Скопје. Квалификациите започнуваат од 2 до 5 октомври и Македонија ќе ја претставуваат кошаркарските клубови Работнички и Феникс 2010.
„Навистина ме радува што нашиот најтрофеен клуб и најголем бренд на Центар повторно ќе заигра на ФИБА Евро Купот. Верувам дека на целата спортска јавност и недостасуваа спортски натрепревари и моментите на навивање, бодрење и целата таа возбуда и желба за победа. Се надевам дека Работнички повторно ќе го врати некогашниот сјај и ќе се врати на победничките патеки“, истакна Герасимовски.
Работнички ќе биде организатор на натпреварот во кој ќе настапи ривалот Донар Гронинген од Холандија, потоа романскиот Рапид Букурешт и Сахах од Азербејџан кои од неодамна го преземаа нашиот тренер Боби Митев.
Општина Центар извести дека како и досега, ќе продолжи да дава поддршка и заедно со сите центарци, да го врати КК Работнички на старите победнички патеки.
Македонија
Со „гарантирана цена“ и пониски маржи го штитиме стандардот на граѓаните, велат од СДСМ

СДСМ со реализација на мерките за намалување на цените на прехранбените производи, го штити стандардот на народот, велат од партијата.
„Со мерката „гарантирана цена“ веќе се намалени цените на стотици основни прехранбени производи и тоа за 30 до 40% отсто од цената по која се продавале на 1 август годинава. Списокот на производи со „гарантирана цена“ се проширува со безалкохолните пијалаци, соковите, газираната и негазираната вода, пивото кои се намалуваат за 10 отсто, се вели во соопштението од СДСМ и се додава:
„Дополнително, со мерката за ограничување на маржата за трговците се намалува и цената на овошјето и зеленчукот за околу 30%. Граѓаните по пониски цени во маркетите купуваат леб, млеко, млечни производи, месо, брашно, јајца, ориз и многу други прехранбени артикли, што поволно влијае врз семејните буџети. Со овие мерки и со политиките за постојано покачување на платите и пензиите СДСМ продолжува со реална грижа за граѓаните и нивниот стандард“, велат од партијата.