Македонија
(Видео) Со лисици на раце Орце Камчев одведен во затворот во Шутка

Определен 30 дневен притвор за Орце Камчев поради опасност од бегство.
Тој ќе биде спроведен во истражниот затвор “Скопје” во Шуто Оризари.
Бизнисменот Орце Камчев по излегување од судот, негираше дека сакал да бега, како што образложи Агенцијата за национална безбедност.
Одговарајќи на новинарско прашање дали планирал бегство, Камчев одговори “Ма какво бегање”.
Камчев е спроведен во притвор во затворот во “Шутка”, каде треба да одлежи 30-дена. Од судот беше изнесен со лисици на рацете, кои ги криеше со парче облека.
“Обвинител побара денеска на Јордан Камчев, поради некаква индиција да му се определи 30 дневен притвор. Претходно беше успсен во раните утрински часови поради наводна изборна измама. Господинот Камчев не може да ја напушти Македонија бидејќи нема пасош. Ова е злоупотреба од политички актери, ова е срамота”, рече адвокатот на Орце Камчев.
Обвинителката Лиле Стефанова која го застапува предметот поврзан со плацевите на Водно и која побара притвор за Орце Камчев, без да даде изјава, од гаражите, го напушти Кривичен суд. Таа излезе со службено возило на Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Судијата за врски на Франција за балканскиот регион во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб.
Тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со оперативна и техничка помош, но и експертиза преку француските правосудни органи.
Бидејќи и самиот бил јавен обвинител и лице за врски на Република Франција со Европравда, Лакомб се интересираше и за постапката за делегирање на обвинителот за врски на Република Северна Македонија во оваа меѓународна институција.
Јавниот обвинител Коцевски, од своја страна, изрази благодарност за континуираната француска поддршка за работата на Јавното обвинителство.