Македонија
(Видео) Стоилковски: Дали кога бројат на прсти, ја бројат и дивоградбата кај Чинарот?
Централната и локалната власт во Охрид ја потценуваат интелегенцијата на граѓаните. Тие при очи го прават народот слеп, па го убедуваат дека едвај на прсти се броеле дивограбите во Охрид поради што е загрозен статусот на градот во УНЕСКО. Дали кога бројат на прсти, ја бројат и дивоградбата кај Чинарот во сопственост на советникот во Охрид, Нефи Усеини?, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, нормите за градење се јасни кога станува збор за вакви дивоградби каква што е дивоградбата на Усеини, која власта во Охрид, но и централната власт, ја толерира.
„Законот во член 244-а вели дека: Тој што гради или изведува градба или врши надзор над градба, без одобрение за градење или спротивно од одобрение за градење издадено од надлежен орган, ќе се казни со затвор од 3 до 8 години. Доколку надлежниот орган издаде одобрение за градење спротивно на законот или не издаде одобрение за градење, односно не го одбие барањето за градење во соодветен рок пропишан во член 59 од законот, одговорното, односно службеното лице, подлежи на кривична одговорност во согласност со Кривичниот закон.
Градоначалникот на Охрид и локалната власт, наместо да постапуваат според Законот за градењето и да ја урнат дивоградбата, си играат мајтап со јавноста и ги оставаат бизнис-партиските интереси пред интересите на граѓаните. Тоа веќе е очигледно бидејќи речиси половина година не се постапува ниту кога дивоградбата беше во зачеток ниту денес кога дивоградбата се претвори во дел од угостителски објект од која некој дебело заработува.
Затоа јавно прашуваме: Дали градоначалникот Константин Георгиевски, освен политичкиот, има и материјален интерес од оваа дивоградба? Дали локалната власт и градоначалникот кривично ќе го гонат советникот Нефи Усеини за оваа дивоградба? Дали градоначалникот Георгиевски е свесен дека поради непостапувањето, и тој лично станува соучесник во ова прекршување на законот и самиот може да биде кривично гонет? Јавноста и во случајот со дивоградбата во Охрид јасно гледа дека оваа криминална власт нема абер од почитување на законите. За нив, власта е само гола политичка алатка за личен бенефит и ништо повеќе од тоа.
Прекршувањето на законот едноставно кажано е криминал и за тоа мора да има кривична одговорност. Ако сега се чувствуваат комотни и заштитени, треба да знаат дека ќе дојде време кога Обвинителството ќе биде ослободено од канџите на Зоран Заев и сите ќе одговараат. Тоа време бргу ќе дојде“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво

