Македонија
(Видео) Помор на риба во Охридското Езеро поради нискиот водостој
Помор на тони плашица во каналот Студенчишта во Охрид, проценуваат жителите, кои додаваат дека во близина на местото се шири неподнослива миризба. Трајче Талевски од Хидробиолошкиот инстит во Охрид вели дека нискиот водостој на Охридското Езеро и големата количина риба се причината за оваа појава. Моментно, жители на Охрид ги вадат рибите од каналот.
„Концесионерот не ја ловеше плашицата во имзинатите 5-6 години иако му беше дозволено. Има многу плашица. Во овој период од годината таа се групира во одредени региони во езерото, каде што ја поминува зимната. Каналот Студенчишта е еден од тие делови каде што влезе голема количина. Нивото на езерото е ниско за да ја издржи рибата да опстане тука. Пред извесно време од локалната самоуправа испратија апел за да се преземат некакви чекори“, вели Талевски.
Од летово Охридското Езеро нема концесионер, а за водостојот на езерото е задолжено ЕЛЕМ.
„Испуштањето на водата го прави ЕЛЕМ. Веројатно сега локалната самоуправа ќе исклучи дел од пумпите за водата да истече на Билјанините Извори. Ако протече таму, може да се спаси нешто. По моја слободна процена, таму има 5-10 тони риба. За извесно време може да има целосен помор“, додава Талевски.
Според Талевски, доколку не се превенира оваа појава, може да дојде до поголеми проблеми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Антикорупцискиот тим на СДСМ: Денеска објавуваме нова бомба
„Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нова бомба. Каков капитал влегува во земјава и со што е поврзан? Постои ли финансиско-политичка мрежа и со кои земји е преплетена? Која е позадината?“, велат од СДСМ
„Дали затоа оваа влада на Мицкоски ја држи Македонија надвор од ЕУ – изолирана и претворена во црна точка во Европа?“, се вели во најавата на СДСМ од каде додаваат дека прес-конференцијата е закажана за 10:30 часот, во седиштето на партијата, на која ќе се обрати Александар Саша Димитријевиќ, член на ЦО на СДСМ.
Македонија
СДСМ повикува на потпишување на Резолуцијата: „Само така може да бидеме сигурни дека нема да има мигранти за пари во Македонија“
СДСМ повикува на потпишување на Резолуцијата, „ВМРО-ДПМНЕ да го потпише договорот со народот и заедно да ја поднесеме во македонското Собрание“.
„Зошто со денови не одговараат дали ќе ја потпишат? Содржината е објавена и јавно достапна, сега повеќе немаат изговори дека не ја виделе или не ја прочитале.
Ајде, заедно да го потпишеме договорот со народот.
Само така може да бидеме сигурни дека нема да има мигранти за пари во Македонија“, велат од СДСМ.
Македонија
Спасовски 3 месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај и овозможил незаконски профит од 90 000 евра, ЈО да реагира, бара ВМРО-ДПМНЕ
„Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина од над 5,5 милиони денари или околу 90 000 евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Спасовски ја злоупотребил својата службена положба и овозможил на станицата за технички преглед да се стекне со против правна имотна корист од 90 000 евра додека го чувал во фиока решението за затворање на станицата каде меѓу другите поминал и автобусот на Беса Транс во кој загинаа 45 луѓе во Бугарија.
Зошто Спасовски 3 месеци не го потпишувал решението за затворање на станицата и го чувал во фиока? Дали зад заштитата на Спасовски стои нешто друго?
Зошто Спасовски дури 3 дена по несреќата на Беса Транс го ставил својот потпис на решението?
Колку возила кои ја загрозиле безбедноста во сообраќајот ја поминале контролата на тој технички преглед?
Оливер Спасовски ја загрозил безбедноста на илјадници возачи низ државата. ЈО веднаш да постапи.
СДС наместо да се огради ги штити криминалците во своите редови“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

