Македонија
(Видео) Ученици од Кичево ја посетија претседателската вила на Водно

Ученици од ООУ„Д-р Владимир Полежиноски“ од Кичево, денеска го посетија кабинетот на претседателот во рамките на активноста „Отворен кабинет“.
За време на посетата на кабинетот, учениците имаа можност да се сретнат и лично да разговараат со претседателот Пендаровски, да се информираат за неговите надлежности, да присуствуваат во просториите во кои се одвиваат официјалните и работните средби, како и во салите во кои се организираат свечености, состаноци, настани и прес-конференции. Посетителите се сретнаа и со дел од вработените во кабинетот и беа запознаени со историјатот на Вилата „Водно“, со дел од активностите и со начинот на функционирање на оваа институција.
Учениците од ООУ „Д-р Владимир Полежиноски“ имаа можност да присуствуваат и на церемонијата за промена на државното знаме на платото пред кабинетот на претседателот, извршена од припадниците на Баталјонот за почести и опслужување на Армијата, што се одржува со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.
Денешниот настан е дел од проектот „Лице в лице со претседателот“, со кој се реализираат директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски. Сите заинтересирани граѓани и организации, со претходно пријавување на официјалната интернет-страница на претседателот http://pretsedatel.mk/?page_id=3016, ќе имаат можност да остварат директна комуникација со претседателот Пендаровски, да споделат свои идеи, предлози и сугестии, како и да присуствуваат на настани од јавен карактер што ќе бидат реализирани во кабинетот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.