Македонија
(Видео) Шахпаска: Секој глас за ВМРО-ДПМНЕ е глас за опасност од враќање на режимот
Секој глас за ВМРО-ДПМНЕ е глас за опасност од враќање на режимот, изјави Јагода Шахпаска, носителка во ИЕ 3 од СДСМ.
„Од одлуката на секој од нас зависи во каква земја ќе избереме да живееме и каква иднина ќе избереме за нас, нашите блиски, нашите деца. Дали ќе избереме да продолжат да растат платите или да се полнат џебовите на луѓето на Груевски? Дали ќе го исчистиме судството од корумпираните или Мицкоски ќе ги спасува Камчев и Груевски? Дали по НАТО, влегуваме во ЕУ или ќе им дозволиме да го поништуваат договорот од Преспа и да нè носат во амбис“, рече таа.
Шахпаска ги уверува граѓаните дека гласањето ќе биде безбедно и рече дека останувањето дома, значи и враќање на власт на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски.
Негласањето, додаде таа, носи ризик да изгубиме сè што постигнавме заедно.
„Се докажа и покажа дека со Зоран Заев и СДСМ одиме напред во сигурна иднина, со ВМРО-ДПМНЕ во опасност. Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за кој било да мож да коалира со Мицкоски. Како што покажавме одлучност и патриотизам во решавањето на отворените прашања и во внесувањето на земјата во НАТО, со истата одлучност, страст и сила ќе донесеме правда и владеење на правото за сите. А единствената шанса да ја завршиме работата до крај и да донесеме правда, е со нов мандат на влада предводена од Зоран Заев“, рече Шахпаска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Според Обвинителството, предметот опфаќа одлуки и договори за кои постои сомнеж дека ѝ нанеле значителна финансиска штета на институцијата, проценета на околу 500 милиони денари, односно над осум милиони евра.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

