Контакт

Македонија

(Видео) Шоу пред Кривичниот суд: адвокатот на Жан Митрев сакаше да го ислуша аплаузот, па да се пожали од судењето

Објавено пред

Адвокатскиот тим на Жан Митрев одново го одложи рочиштето за сопственикот на приватната клиника, кој се гони за измама. Со аплауз беше дочекан кога влезе, со аплауз беше испратен од судот.

„Првин да заврши аплаузот, ова е вистинската слика за д-р Жан Митрев и не можеме да ја прекинеме, тоа е Жан Митрев“, рече адвокатот Никола Додевски, кој не им даде на новинарите да прашуваат, па им рече: „Треба ли изјава по ова или доволно е?“

Потоа адвокатот сам се реши да даде изјава оти новинарите веќе биде дојдени.

„Понекогаш и покрај тешка битка, одбраната во Македонија успева да ги извојува своите права. За жал, тоа е трошење енергија за нешто што законот го гарантира со конвенцијата за човекови права. Неколку часа ни требаше да го убедиме судот, еве, конечно, и јавниот обвинител не се спротивстави, одобри да го проучиме предметот доволно време за да подготвиме одбрана. На друго место тоа се добива со обичен поднесок. За жал, ние се бориме и биеме битка да ги добиеме тие права. Одбраната за ваков предмет бара 30 работни дена, а добива 15 дена. Но, и за 15 дена ќе се обидеме да завршиме, да го подготвиме Жан. Ја подготвуваме вистината“, рече адвокатот Додевски, дел од адвокатскиот тим.

По ова, адвокатите и Митрев беа испратени одново со аплауз.

Најново

Македонија8 минути

(Видео) Петрушевски: Ширењето паника за водата е крајно сериозно, институциите го расчистуваат случајот

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Венко Филипче е заедно на Егејот со својот другар Зоран Заев, но влијае на оние кои...

Економија24 минути

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments за групни нарачки

Корисниците сега можат директно во апликацијата да платат за своите артикли кога заедно нарачуваат од ресторани со пријателите, семејството или...

Македонија27 минути

Николоски: Со инсталација на новиот систем, македонското небо добива највисоко ниво во контрола на безбедност

Поставувањето на новиот АТМ систем во М-НАВ е од исклучително значење за повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во...

Спорт1 час

Ѓоковиќ откри одлични вести за состојбата на своето тело пред Мастерсот во Синсинати

Новак Ѓоковиќ откри одлични вести за состојбата на своето тело пред Мастерсот во Синсинати, велејќи дека во последните две години...

Македонија1 час

(Видео) СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски за објавување службена тајна

СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски, соопшти Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ. „Поминаа 9 дена од...

Македонија2 часа

Влен: Артан Груби е „црната кутија“ и од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски

Обвнинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето. Ахмети најавува повлекување од...

Спорт2 часа

Италијанска пливачка сруши светски рекорд

Италијанската пливачка Сара Куртис го освои златниот медал во дисциплината грбно пливање на 50 метри на Европското првенство, кое се...

Македонија3 часа

Центар ќе биде домаќин на првиот општински полумаратон „CENTAR NIGHT RUN“

Општина Центар, во соработка со „Прв до врв“, на 12 септември го организира „CENTAR NIGHT RUN“ – првиот општински полумаратон...

Црна хроника3 часа

Загина 19-годишно девојче во сообраќајка кај Струмица, уапсен возач кој возел пијан

Полицијата уапси струмичанец кој возел со 1,75 промили алкохол во организмот и учествувал во сообраќајна несреќа во која загина 19-годишна...