Македонија
(Видео) Јанушев: СДСМ ништо не сработи за овие две и пол години, доказ за тоа е незавршениот пат Крупиште – Пробиштип
Денес, носителот на Изборната единица 3, Игор Јанушев, при посетата на општина Пробиштип рече дека власта предводена од СДСМ ништо не направи во изминативе две и пол години. А тоа народот го гледа и затоа на 15 јули СДСМ ќе си ја добие својата казна и ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите.
„Денес сме во посета на Пробиштип. Само што завршивме со посетата на Градскиот пазар, каде што имавме можност да разговараме со огромен број луѓе, да ги слушнеме нивните маки и да чуеме што очекуваат и како ја гледаат државата во следните четири години. Она што нè охрабрува, она што ни дава мотив е да продолжиме уште посилно во овие неколку дена до крајот на кампањата. Она што ни дава уште поголем мотив по формирањето на владата на ВМРО-ДПМНЕ е да се вложиме максимално, да ги исполниме сите ветувања што им ги даваме на граѓаните бидејќи, пред сè, македонскиот народ заслужува подобра иднина, извесна иднина“, истакна Јанушев.
Јанушев додаде дека врвот на неспособноста на оваа Влада предводена од Заев и СДСМ, врвот на неспособноста на Љупчо Николовски се гледа и во Пробиштип. Овој проект што го остави претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, патниот правец Крупиште – Пробиштип, буквално не е ништо завршено, СДСМ не мрдна со прст за да го заврши патниот правец.
„Она што го гледам во изминативе две и пол години, сум дошол можеби повеќе од 10-15 пати во Пробиштип, значи немаше ниту една опрема, механизација, што било дека се работи на патот. Сега во овој месец гледаме како се обидуваат нешто да направат, да прикажат пред граѓаните дека, еве, божем работат. Но, тоа е сериозно потценување на народот. А народот памти и народот знае“, нагласи Јанушев.
Јанушев за крај им порача на граѓаните дека ако народот застане на страната на правдата, тогаш секоја битка може да се победи. Затоа, на 15јули граѓаните ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, ќе гласаат за обнова на Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Полог и Кочанска, општина Кисела Вода;
– од 08:30 до 16:00 часот, корисниците од населените места и објектите од село Алдинци кон Солунска Глава, општина Студеничани;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Македонско Косовска Бригада, општина Шуто Оризари;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од објектите во околината на зграда бр. 17 на бул. Партизански Одреди, општина Центар;
– од 09:30 до 13:00 часот, корисниците од ул. 6 во село Бардовци, општина Карпош.
Македонија
Непречен сообраќај по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Времето денес облачно со повремени врнежи од дожд и засилен ветер
Времето денес ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец (над 70 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд, локално пороен. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Од недела до вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во понеделник наместа врнежите ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над 70 km/h).

