Македонија
„Визер“, „Луфтханза“ и „Ејџијан ерлајнс“ доставија понуди на тендерот за субвенции за нови летови
Доставени се три барања за финансиска поддршка за воведување нови авиолинии од двата аеродрома, Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид.
„Визер“, „Луфтханза“ и „Ејџијан ерлајнс“ ја доставија документацијата на повикот, што траеше од 20 декември 2022 година до вчера.
Комисијата составена од членови од неколку државни институции во следниот период ќе изврши евалуација на доставените понуди.
„Јавниот повик за субвенционирање нови авиолинии беше распишан во согласност со политиките на фер и конкурентски услови во согласност со регулативата на Европска Унија“, велат од Министерството за транспорт и врски.
Финансиската поддршка има цел поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Македонија заради квалитетен развој на цивилното воздухопловство, формирање поконкурентни и подостапни цени на билетите, што директно подразбира нови дестинации за граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Поставени дигитални уреди за бучава кај кафаните во Дебар Маало
Општина Центар започна со имплементација на паметен систем за следење на бучавата, преку поставување на дигитални индикативни уреди на местата со најмногу поплаки од граѓаните – околу угостителски објекти, високо фреквентни улици и јавни простори. Новиот систем овозможува континуирано мерење на бучавата во реално време и алармирање секогаш кога ќе се надмине дозволеното ниво.

„Во програмата јасно ветивме дека ќе воспоставиме смарт систем за мерење на бучавата. На терен веќе е започнато поставување на мерните единици на 30 локации низ Општина Центар. Овие сензори континуирано ќе ја следат бучавата и ќе алармираат секогаш кога ќе биде над дозволеното ниво. Со ова прецизно ги мапираме најгорливите точки, а истовремено ќе обезбедиме материјал на нашите инспекциски служби за постапување“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.
До овој момент поставени се 19 уреди на повеќе точки во Дебар Маало, на улиците Орце Николов, Мирослав Крлежа и Отон Жупанчиќ, како и на локациите Боемска 1 и Боемска 2.
До крајот на годината ќе бидат поставени дополнителни уреди на улицата Ленинова, во населбите Капиштец и Буњаковец, потоа на Кеј 13 Ноември, кај Старата железничка станица и на локацијата Кале.
„Со ова ќе се прошири мрежата и ќе се покријат уште повеќе критични зони погодени од прекумерна бучава. Ова е само почетна фаза на големиот проект кој ќе продолжи со дополнително поставување мерни уреди и унапредување на системот за следење на децибелите. Проектот се базира на современ софтвер кој обезбедува точни податоци и реално следење на состојбата, со крајна цел намалување на бучавата и подобрување на квалитетот на живеење“, вели Герасимовски.
Македонија
Стојаноски со апел до пратениците да ја поддржат анкетната комисија за сите трагедии во Македонија
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски се обрати на денешната собраниска седница, при што упати апел до сите пратенички групи да го поддржат одржувањето на Анкетната комисија предложена од над 75 пратеници и која се однесува на големите трагедии кои се случија во Република Македонија.
Стојаноски посочи дека пратениците и Собранието како орган има должност и обврска да ги даде одговорите на сите трагедии и за кои граѓаните сè уште имаат неодговорени прашања и дилеми дека не сите виновници се изведени пред лицето на правдата.
„Сакам да ги повикам сите пратенички групи да ја поддржат иницијативата од над 75 пратеници за одржување на Анкетна комисија за сите трагедии коишто се случија во Република Македонија. Сметам дека тоа е особено важно, бидејќи Собранието како орган има должност и обврска према граѓаните да ги даде одговорите на сите трагедии кои се случија, особено заради тоа што најголем дел од населението и практично, сè уште бара одговори и смета дека тие одговори кои се дадени на некои претходно случени трагедии не ги опфаќаат сите виновници кои треба да бидат најдени пред лицето на правдата“, рече Стојаноски.
Стојаноски, исто така, повика на внимателност, со оглед на фактот дека за една од трагедиите се води судски процес.
„Сметам дека треба да бидеме особено внимателни, бидејќи за една од тие трагедии се води судски процес и тоа, практично, ќе значи ние како орган, како пратеници треба да внимаваме и на нашиот дигнитет и соодветно на тоа да ги опфатиме сите оние трагедии кои се случија, за да можеме да им дадеме на граѓаните тоа што го бараат. А тоа е правда и конечно одговор на прашањето, кој е виновен затоа што тоа репетитивно се случува во нашата држава“, порача пратеникот Стојаноски.
Македонија
Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау, во Брисел
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово на маргините на министерскиот состанок на НАТО во Брисел оствари работна средба со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау.
Во рамки на средбата, соговорниците ги потврдија блиските и пријателски односи меѓу двете земји, како и силната и конструктивна соработка со САД како стратешки партнер на Република Северна Македонија. Беа разменети мислења за потенцијалот за понатамошно продлабочување на соработката во повеќе области од заемен интерес.
Разговорите опфатија и теми поврзани со улогата на САД во стабилноста и развојот на Западен Балкан, а акцент беше ставен на соработката во рамките на НАТО и нејзината важност за колективната безбедност. Министерот Муцунски го истакна придонесот на Северна Македонија во Алијансата и конзистентното делување на државата како конструктивен и доверлив партнер во регионот.

