Контакт

Македонија

Владата го прогласи Зврлевски неспособен за функцијата

Објавено пред

Владата на денешната петта седница донесе повеќе важни одлуки и направи неколку кадровски смени.

„Нов директор на Бирото за јавна безбедност е Лазе Велковски. Од оваа позиција е разрешен досегашниот директор Митко Чавков. Нов директор на Управа за безбедност и контраразузнавање е Горан Николовски. Од директорската позиција е разрешен Владимир Атанасовски.На владината седница е констатирано дека новоименуваните директори, Велковски и Николовски, се квалитетни експертски решенија со долгогодишно работно искуство во областа, кои не биле и не се членови на политички партии. Изразено е уверување дека Велковски и Николовски успешно ќе одговорат на одговорностите во двата важни органа за безбедноста, што функционираат при МВР, на чии челни позиции се поставени, со оглед дека претстојат сериозни реформи во МВР и во тајните служби, согласно забелешките на Извештајот на експертската група на ЕК, предводена од Рајнхард Прибе.За разрешените директори Чавков и Атанасовски е констатирано дека учествувале во недозволиви и незаконски активности против државата“, соопштија од Владата..

Исто така, Владата му предложила формално на Собранието Марко Зврлевски да биде разрешен од функцијата јавен обвинител поради неговото „ незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата“, Притоа е констатирано дека обвинителот Зврлевски не е способен за извршување на функцијата, не поднесувал барања за покренување кривична постапка за случаи предвидени со закон и со тоа го нарушил нарушил угледот на функцијата.
 
Владата исто така решила да овозможи бесплатна услуга, одмор и рекреација, на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за ова лето. За таа цел, Министерството за труд и социјална политика во рок од пет дена  треба да донесе програма за седумдневен одмор.Наедно, била усвоена и информација за штетите врз земјоделски култури од невремето на 14 јуни во скопскиот, тетовскиот, велешко – светиниколскиот, кумановскиот, штипскиот и гевгелискиот регион. Задолжено е ресорното Министерство за земјоделство да формира комисии коишто по поднесените барања од земјоделците ќе ја утврдат настаната штета. Рокот за поднесувње на барањата е од 19 до 30 јуни, а ќе се достабуваат до подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Владата донесе исто така одлука за дополнителни квоти за упис на студенти на државните универзитети од припадници на заедниците кои не се мнозинство во Македонија. На крајот, Владата ги разреши членовите на Управниот одбор на шумскиот резерват Јасен, а за нови членови ги именуваше Марјан Даскаловски, Зоран Наков, Ирена Станкоска, Ристо Спасовски и Илми Селмани.Нови директори на УЈП и на Агенција за храна и ветеринарство станаа Сања Лукаревска и Зоран Атанасов.

Владата, за в.д. директор на Државниот просветен инспекторат го именуваше Томе Спировски. Додека од вршител на должноста директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, на негово барање е разрешен Ванчо Шехтански.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт42 секунди

Шокантни тврдења за смртта на Марадона: Се ослободија од него, беше темпирана бомба

На судењето на седумте здравствени работници обвинети за смртта на Диего Армандо Марадона, беа упатени сериозни обвинувања против медицинскиот тим...

Забава1 минута

Октомври носи промена во кариерата: Професионална пресвртница ги очекува овие три хороскопски знаци

Тие со месеци напорно работеа, преземаа одговорност и го даваа својот максимум, но резултатите изостануваа или доаѓаа бавно. Сепак, ситуацијата...

Свет10 минути

Градоначалникот на Киев: Денес станува збор за опстанок – оние што можат, треба да го напуштат градот

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, предупреди дека засилените руски напади врз украинскиот главен град го загрозуваат снабдувањето со електрична енергија...

Свет13 минути

Холанѓанец на боледување истрча маратон и доби отказ, работодавачот сега мора да му исплати 60.000 евра

Додека некои луѓе на боледување едвај стигнуваат до продавница, еден Холанѓанец одлучи да истрча маратон. На неговиот работодавач тоа воопшто...

Забава15 минути

Пет навики што можат да ви помогнат да останете здрави за време на сезоната на вируси

Сезоната на настинки и грип носи зголемен ризик од респираторни инфекции, вклучувајќи ги обичната настинка и грипот. Иако не постои...

Спорт18 минути

По Манечестер Јунајтед и Реал ја следи ситуацијата околу Мектоминеј

Реал Мадрид е заинтересиран да го доведе Скот Мектоминеј (29), шкотски играч од средниот ред кој стана една од најголемите...

Култура26 минути

Македонскиот филмолог Владимир Ангелов во жирито на фестивал во Варшава од А категорија

Македонскиот филмолог Владимир Ангелов ќе членува во жирито на Меѓународната федерација на филмски критичари – ФИПРЕСЦИ на 42. Меѓународен филмски...

Спорт27 минути

Гидсел постигна 17 гола на еден натпревар

Данскиот ракометар Матијас Гидсел, најдобриот играч во светот, постигна 17 гола во натпреварот на Фуксе Берлин против Порто во Лигата...

Свет1 час

Тргнаа на рутинска мисија, завршија во војна со Иран: Американците по 11 месеци го враќаат носачот на авиони дома

Американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ се врати во Сан Диего по речиси 11 месеци мисија, која вклучуваше учество...