Македонија
Владата: Реформата во образованието ќе се носи исклучиво преку јавен и аргументиран процес

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, и членовите на работната група за реформи во основното образование денеска ги презентираа основите на образовната реформа пред премиерот Зоран Заев и пред членови на неговиот кабинет.
Од Владата соопштија дека Заев на средбата изразил поддршка за неопходноста од реформи на образовните програми осврнувајќи се на потребата од современо и квалитетно образование како предуслов за економски напредок и за општествена трансформација базирана на вредности.
„На презентацијата особено внимание беше ставено на фактите што говорат за неопходноста од образовни реформи без одлагање, како што се ниските оценки за нашето образование на меѓународните тестирања на учениците, наодите и мислењата на меѓународните и домашните институции за образовните програми, како и мислењето на родителите и на наставниците и, пред сѐ, мислењата на учениците. Од анализите што се користени утврдено е дека е потребно образование што учениците го доживуваат како корисно и интересно, а не напорно и досадно, образование што ги учи децата да учат преку разбирање и сопствено критичко мислење, а не на памет“, се наведува во соопштението на Владата.
Се разговарало дека со новата концепција за секое дете во државата ќе бидат достапни позитивни и современи модели на учење, кои во моментот може да си ги дозволат само некои од граѓаните.
„Особено внимание беше посветено на потребата од темелна наместо паушална реформа, која ќе ги отстрани клучните недостатоци на нашиот образовен систем, како што се политизацијата на училиштата, содржините на учебниците, кои не се соодветни на времето во кое живееме и на потребите на децата, како и слабата мотивација на наставниците“, соопштија од Владата.
Премиерот Заев на средбата нагласил дека Владата, Министерството за образование и наука, како и работната група, остануваат на ставот да ги поттикнуваат сите заинтересирани да се вклучат во јавната дебата, да придонесат со свои предлози, сугестии, коментари и критики преку активно учество во тековните јавни расправи на МОН, како и со испраќање писмени предлози до надлежното Министерство и Бирото за развој на образованието.
Со цел активно и сеопфатно вклучување во јавната расправа, Владата ќе иницира до Собранието да организира јавна консултација на која ќе учествуваат сите засегнати страни и на која ќе се презентираат разни и спротивставени аргументи за да се стигне до најдобри решенија.
„И Владата и МОН остануваат на ставот дека реформата ќе се носи исклучиво преку јавен, аргументиран, критички и отворен процес бидејќи во основата на оваа реформа се токму критичкото мислење, разбирањето и прифаќањето разни, но добро аргументирани решенија“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Камбовски: Tреба да се вклучи листа на задолжителни предмети, меѓу кои историја, физика и хемија

Академик Владо Камбовски на денешната дебата за реформата на основното образование ја поздрави идејата за вклучување на МАНУ во расправата, како највисока научна и уметничка институција чија задача е токму да го развива образованието и науката.
Тој нагласи дека средиште на концепцијата е курикуларната реформа, односно реформата на наставниот план, после која треба да следат и наставни програми.
„Во рамките на оние осум подрачја што ги одредува овој материјал како темелни вредности или цели на системот на образованието, треба да се вклучи една листа на задолжителни предмети, меѓу кои треба да се најдат и историја и физика и хемија, оние кои сега се во тој материјал групирани како модули на некој заеднички предмет, општествени или природни науки“, рече академик Камбовски.
Тој укажа дека академиците имаат конкретни сугестии за подобрување на концептот.
„Очекуваме по усвојувањето на овој концепт да бидат преземени и следните чекори: да биде подготвен наставниот план за основно образование, следен чекор е подготовка на наставни програми за секоја година на деветолетката и националните образовни стандарди преку кои ќе се мерат исходите на образованието, стекнатите компетенции и оценувањето на учениците, за да може да се подигне квалитетот на основното образование, кој сега и преку меѓународни мерења се оценува како исклучително низок“, нагласи Камбовски.
Тој ја поздрави дебатата околу образовната редформа и нагласи дека досега немало вакви дискусии, а се случувале значајни промени.
„Нормално е да се појават различни гледишта околу подготвениот материјал, но заживеа расправата за овој најважен елемент на општествените реформи, а тоа е системот на образование, овој пат основното образование, но очекуваме дека тие расправи ќе продолжат и во однос на другите степени, предучилишното, средното и конечно реализација на реформата во високото образование“, посочи академикот.
Македонија
Османи – Ѓукановиќ: Нема отворени прашања меѓу Северна Македонија и Црна Гора

Во продолжение на својата официјална посета на Подгорица и состанокот со својот црногорски колега, Ѓорѓе Радуловиќ, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, се сретна со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, претседателот на црногорскиот парламент, Алекса Бечиќ, претседателот на Владата, Здравко Кривокапиќ и заменик-претседателот на Владата, Дритан Абазовиќ.
„На средбите беа нагласени блиските и партнерски односи меѓу двете земји за кои беше потенцирано дека се без отворени прашања. Овие политички односи треба да бидат поттик за богата и плодна економска соработка за што постои интерес и потреба“, беше истакнато од страна на соговорниците. Акцент беше ставен и на соработката на двете земји сојузници во рамките на евро-атлантските механизми за соработка и особено во процесот на интеграцијата во Европската Унија“, соопшти МНР.
Османи рекол дека двете држави се залагаат за една заедничка цел, а тоа е вложување посебни напори за брза имплементација на потребните реформи на патот на целосната интеграција во Унијата.
„На тој пат би сакал да ја истакнам важната соработка со Црна Гора и особено да изразам огромна благодарност за нејзината цврста и безрезервна поддршка за нашите стратешки цели и определби“, нагласил министерот Османи посочувајќи дека членството на Северна Македонија и Црна Гора во Европската Унија ќе значи отворање нови перспективи за нашите земји и за граѓаните, како и консолидирање на европската перспектива на целиот регион.
Македонија
(Видео) Ангеловски: 2020 мина со најмал број жртви во сообраќајот во историјата на државата

Во ноември 2020 во споредба со ноември 2019 имавме намалување од 21 отсто на бројот на сообраќајни незгоди, а кога ќе го споредиме декември од 2020 и 2019, имаме намалување од 23 отсто, порача денеска од Кaвадарци портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Тој нагласи дека како резултат на преземените активности од страна на полицијата, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот во историјата на државата.
Ангеловски истакна дека мобилната единица за безбедност во сообраќајот при МВР вчера (21 јануари) спровела контроли на територијата на Кавадарци, при што санкционирани се 83 возачи, од кои 47 за возење со брзина поголема од дозволената, 9 за возење без возачка дозвола, 9 за нерегистрирани возила…
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот