Македонија
Власта во заминување во очај и паника дава 46 милиони евра на омилената фирма „Марковски“, ЈО веднаш да отвори истрага, велат од ВМРО-ДПМНЕ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/VMRO-DPMNE-sedishte.jpg)
„46 милиони евра одат во џебот на фирмата ‘Марковски’ за ископ на јаглен во РЕК ‘Битола’, која важи за блиска до владата на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Тендер од 46 милиони евра власта му дава на Борче Марковски, сопственик на фирмата Марковски која е позната во јавноста како рекорден по добиени тендери. Тендерот во вредност од 46 милиони евра е за ископ на јаглен во РЕК Битола, помеѓу Електростопанство на Македонија односно Електрани на Македонија, подружница РЕК Битола и фирмата Марковски. Власта во заминување во очај, страв и паника од изборниот пораз на 2 месеца пред избори ги краде парите на граѓаните. Спорно е тоа што наместо да биде одбрана најевтината понуда која била од 100 денари по гига џул, тендерот го зела компанијата Марковски со највисока понуда од 129,7 денари по гига џул или за дури 30 проценти повеќе од најниската понуда“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив тука има сериозни индиции за огромен криминал.
„И токму затоа го повикуваме ЈО веднаш да постапи по допрен глас, да отвори истрага и да испита каде ќе завршат овие пари? Дополнително ЈО треба да се испита и одговори како 6те лица Пеце Матевски, директор на подружницата РЕК Битола, Златко Алексовски, Драги Крстев, Владо Котевски, Димитар Петковски и Васко Јосифовски кои првично биле против против овој тендер, потоа дале согласност? СДС и ДУИ се удавени до гуша во криминал. Владата на СДС и ДУИ тотално ја криминализираа и уништија државата. Доколку ЈО не се одважи да го испита овој криминал, им порачуваме дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го испита целиот случај и сите вмешани соодветно ќе одговараат“ посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што велат, нема ден да помине со владата на СДС и ДУИ без да се случи некој скандал, афера или криминал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.