Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Лажниот патриотизам на Заев траеше кусо, си се врати на предавничките политики и сега ќе ја укинува историјата
Лажниот патриотизам на Заев траеше кусо, си се врати на предавничките политики и сега ќе ја укинува историјата во основното образование, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев лажно обвинува за режимска власт бидејки луѓето од режимот за кој тој обвинува денес се најблиску до Зоран Заев, неговите советници, како и сваровски-судиите за кои Заев се откажа од ветингот (провеерката) што го ветуваше.
Заев, всушност, стана најдобриот промотор на режимот.
Заев во исто време кога ја ретушира историјата, забранува таа да се изучува во основното училиште. Треба да одговори дали тоа е концесија кон која се обврзувал кон бугарската власт.
Дали во пакетот е и промена на членовите на историската комисија, која дава отпор за штетните работи што Заев ги прифаќа?
На крајот, ќе се извини ли Заев сега што ја лажеше јавноста дека Бугарија е осамена во своите ставови, денес тоа стана став на заклучоците на ЕУ? Време е за оставка на Заев. Тој нема ниту една причина повеќе да биде премиер“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

