Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: Кривичните пријави се политички монтирани

Од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид соопштија дека ја осудуваат хајката што се води против градоначалникот Пецаков, а властите молчат за премиерот Ковачевски.
Од таму велат дека се работи за политички монтирани случаи за градоначалникот Кирил Пецаков и секретарот Александар Китески.
„Сагата продолжува со избрзани и неосновани кривични пријави од страна на СВР Охрид. По партиска директива, не дочекаа ниту да им заврши изолацијата и покрај добиените негативни тестови, па да ги повикаат на информативен разговор. Прашањето е како успеаја да ги соберат информациите и податоците, без изјави, особено од засегнатите страни, за така да ја состават кривичната пријава и да ја достават до надлежниот јавен обвинител?
Кривичните пријави не се ништо ново, туку продолжување на серијата за партиското дејствување на МВР. Доказ за тоа е дека Ковачевски и Зечевиќ ги изложија на ризик граѓаните, а за таквите чекори властите молчат. Зошто за МВР во овие случаи нема постоење основи на сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија?“, изјави Перчо Божиновски, шеф на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
Тој додава дека и Ковачевски, наместо во изолација при тестирање за патување во Бугарија, бил пред камери, давал изјави и се фотографирал на настани.
Институциите, наместо да бидат во служба на СДСМ, треба веднаш да поднесат кривични пријави за Ковачевски и Зечевиќ, порача Божиновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов член во семејството на СОС Детско село

Секој поддржувач на работата на СОС Детско село има големо значење и важност, како компаниите така и индивидуалците.
„Затоа сакаме да оддадеме почит и признание на новите стратешки партнери со кои ќе креираме многу кампањи. Нашиот нов член во семејството стратешки партнери на СОС Детско село е компанијата ‘Пуцко петрол’ која ни се приклучи во период кој е многу возбудлив за сите млади, а тоа е период на полуматури и матури. Период во кој се сумира едно поглавје во животот на младите и се трасира пат за ново поглавје во кое ќе се креира и нивната иднина и ќе се развиваат аспирациите за еден професионален живот.
Многу е важно кога во еден ваков важен период во животот ќе добиете нови поддржувачи кои на уникатен начин ги започнаа активностите со младите во СОС Детско село.
Компанијата Пуцко петрол овозможи за сите матуранти и полуматуранти од СОС Детско село ваучери кои се наменети за купување на гардероба за матурската и полуматурската прослава на нашите млади. За да сите детали бидат опфатени и младите да уживаат во овој период компанијата овозможи и за девојките шминка и фризура за нивната матурска прослава.
Статешкото партнерство со „Пуцко петрол“ го градиме врз темелите: Топол дом и грижа за секое дете и со следните активности кои ќе ги организираме со партнерот ќе ставиме акцент кон поддршка на капацитетите и можностите на младите кои се згрижени“, велат од СОС Детско село изразувајќи благодарност до „Пуцко петрол“за покажаната исклучителна сензибилност за поддршка и развој на капацитетите на младите поддржани од СОС Детско село.
(ПР текст)
Македонија
Мицкоски: На големиот граѓански собир ќе покажеме дека народот нема верба во оваа влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при денешната посета на општина Ресен, прашан за активната блокада и најавените протести за 18 јуни рече дека и понатаму продолжуваат да го блокираат сето она кое се однесува за тесни партиски интереси како автентичното толкување на законот за игри на среќа, законот за марихуана и ред такви закони од коишто граѓаните, како што кажа, нема да имаат никаков бенефит.
„Ќе продолжиме сето тоа да го блокираме бидејќи огромно мнозинство од граѓаните во Република Македонија мислат дека оваа влада треба да замине и дека Македонија се движи во погрешна насока. Како второ, Ковачевски и оваа влада упорно бегаат да седнеме на маса да преговараме за датум за предвремени парламентарни избори, но и за сите актуелни прашања коишто народот ги живее. Така што, можам да кажам дека продолжуваме во рамките на Парламентот со оваа активна блокада и со организација на големиот масовен собир бидејќи молчењето не е опција“, истакна партискиот лидер.
Како што рече Мицкоски, целта на големиот граѓански собир на 18 јуни е да се упати порака дека времето на оваа влада е одамна изминато.
„Народот нема веќе верба дека оваа влада може било што да стори и време е за предвремени парламентарни избори со една нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе може да ја води Македонија напред преку патот на реформи и за подобра иднина на сите граѓани“, потенцира претседателот на опозициската партија.
Македонија
Грковска-Кундурос: Грција ѝ дава силна поддршка на Северна Македонија за преговорите со ЕУ

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска имаше средба со Русос Кундурос, амбасадор на Република Грција во земјава.
Амбасадорот Кундурос ја пренесе пораката на официјална Атина дека грчката Влада ја поддржува Република Северна Македонија за почеток на преговорите со Европската Унија и добивање датум за одржување на првата меѓувладина конференција и тоа, како што кажа Кундурос, недвосмислено е укажано на земјите членки на Европската Унија.
Грковска се заблагодари на поддршката што Грција ѝ ја дава на нашата држава на европскиот пат и укажа дека во заеднички интерес, но и во интерес на Европската Унија е да имаме стабилен Балкан кој ќе промовира пријателство.
На состанокот се разговараше и за интензивирање и продлабочување на меѓусебната соработка, но и размена на искуства особено во делот на дигиталната трансформација на општеството и креирањето на антикорупциските политики.
Грковска информираше дека искуството на Грција во процесот на дигитализацијата за нас ќе биде од големо значење. Таа додаде дека за нашата држава е важно да креираме политики кои ќе бидат применливи, одржливи и долгорочни.