Македонија
ВМРО-ДПМНЕ побара од Анѓушев и Деспотовски да поднесат оставки
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски денеска ја обвини Владата за нелегални тендери и побара оставки од вицепремиерот Кочо Анѓушев и директорот на фондот за иновации, Јован Деспотовски.
„Пред една недела, вицепремиерот Кочо Анѓушев излезе на говорница и рече дека му било “чест и задоволство и голема радост” што фондот за иновации делел 10,5 милиони евра. Па како нема да му биде кога на фирма во која што како сопственик тој фигурира негова компанија се доделуваат 160 000 евра“, рече Арсовски.
Тој го цитираше Законот за спречување на судир за јавни интереси, каде пишува дека судир на интереси подразбира судир на јавните овластувања и должности со приватниот интерес на службеното лице, во кој службеното лице има приватен интерес што влијае или може да влијае врз вршењето на неговите јавни овластувања и должности. Додека пак, во Кривичниот Законик на Република Македонија јасно и прецизно, како што посочи Арсовски, е предвидена казна затвор за сите оние кои го прекршуваат Законот за судир на интереси.
„Значи на Кочо Анѓушев му се заканува казна затвор од најмалку 3 години. Кочо Анѓушев, заедно со Јован Деспотовски директорот на фондот за иновации и Зоран Заев кој е премиер на Репубика Македонија, беше потпишан на грантовите, односно чековите кои што ги добиваа избраниците. Оттука, јавно го повикуваме Јавното обвинителство на Република Македонија, да не спие, конечно да се разбуди и да почне да го гони криминалот. Органите за прогон веднаш да поведат постапка против Анѓушев и Деспотовски. Истрага мора да има за ваквиот однос кон народните пари кои што се трошат и се грабат на секој начин. За да нема притисоци врз истражните органи Анѓушев и Деспотовски треба веднаш, уште во моментот да си поднесат оставки“, рече Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

