Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ прави популизам и политика од Супер купот
ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини Владата за правење популизам и политика со Супер купот со тоа што тврдела дека ќе пропадне, а потоа понудила решение. Во случајот, според ВМРО-ДПМНЕ, немало реален проблем.
Лука Кржаловски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција рече дека јавноста конечно разбрала зошто Владата проценила дека ќе пропаднел Супер купот и како го спасила.
– Владата на големи звона објави дека ќе пропадне Супер купот бидејќи претходната влада не го подготвила добро, дека не инвестирала доволно и дека таа е соочена со голем предизвик од пропаѓање на супер купот. Попусто ПУИК одговараше дека над шест милиони евра се инвестирани и дека се е навреме завршено освен некои помали ситни работи кои се во тек. Сликата која Владата ја престави беше небаре се потребни уште 15 милиони евра за изградба на нова трибна, рече Кржаловски.
Посочи дека по 10 дена Владата објавила дека нашла соломонско решение, прво дека крупниот недостаток биле некои клими во износ од 115 илјади евра, а второ дека ПУИК од својот буџет да си ги обезбедел бидеќи ги имал во буџетот.
– Решението кое го понудила Владата на СДС и не е решение. Тие донеле одлука, па ја преиначиле во заклучок да се задолжи ПУИК да обезбеди средства од самата компанија. Доколку тоа беше возможно да се направи немаше да преставува проблем. Што значи дека ова е правење на популизам и политика, а не реален случај каде постои проблем, рече Кржалоски.
Според него, СДСМ со случајот со Супер купот продолжува да ја потценува интелигенцијата на граѓаните како што правела додека била во опозиција, а следна приказна ќе биде изградбата на автопатиштата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно и топло, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен.
Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Времето во наредните денови
Денес и утре во попладневните часови времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, ретки грмежи и засилен ветер. Утре процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи и услови за ретка појава на град. Од четврток до почетокот на следната седмица времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено и засилен ветер претежно од северен правец.
Македонија
Заврши реконструкцијата на една од главните сообраќајници во Кочани
Завршена е целосната реконструкција на улицата „Бел Камен“, една од главните сообраќајници во Кочани, со што значително се подобрува безбедноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура во градот, соопшти Министерството за транспорт.

Инвестицијата е во вредност од 12,7 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за транспорт преку Проектот за локални патишта. Во рамки на истиот проект завршени со реконструкција се и улиците „Борис Трајковски“ и „Гоце Делчев“.
Паралелно со овие активности, преку проектот за поддршка на општините, Владата инвестира и во изградбата на градската магистрална улица „Новопланирана 1“, како и во реализација на уште неколку инфраструктурни проекти во општината, во вкупна вредност од околу 320 милиони денари.
Македонија
Скопјанецот кој запали дипломатски возила, со автобус стигнал до Центар, а бензинот го купил од бензинска во близина на бугарската амбасада
Обвинителството предложи притвор за 44-годишниот скопјанец кој запали дипломатски возила пред амбасадата на Бугарија во Скопје. Против него е поведена постапка за кривично дело предизвикување општа опасност.
„На 15 јуни околу пладне, на булеварот ‘Митрополит Теодосиј Гологанов’ во Скопје, пред Амбасадата на Реублика Бугарија, осомничениот со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери. На критичниот ден тој излегол од дома, се качил во автобус и дошол во Центар, па од бензинската пумпа во близина на бугарската амбасада наполнил бензин во пластично шише. Потоа ја преминал улицата и се доближил до двете паркирани дипломатски возила во сопственост на Амбасадата кои ги полеал со бензинот и ги запалил со запалка. Веднаш откако го предизвикал опожарувањето го напуштил местото на настанот“, соопшти Обвинителството.
Имајќи го предвид видот, карактерот и тежината на предметното кривично дело, фактот што било извршено врз две дипломатски возила на пладне, во центарот на Скопје, во период кога фреквенцијата на луѓе и возила во овој дел на градот е голема, јавниот обвиниел оцени дека постојат очигледни околности што укажуваат дека постојат условите за определување на мерката притвор и предложи на Судот да определи таква мерка за обезбедување во текот на постапката.
