Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: ЦИА потврди дека СДСМ шверцувале нафта и цигари за Србија

СДСМ е партијата чии олигарси и криминални функционери се збогатија од соработката со Слободан Милошевиќ и шверцот на нафта и акцизни стоки за Србија, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, по објавување на документите од ЦИА, со што тоа се потврдува.
„Илјадниците документи на американската разузнувачка служба во врска со Балканот кои се појавија деновиве ја потврдуваат вмешаноста на СДСМ и нејзините највисоки функционери во нелегалниот шверц кон Србија во 90-те години на минатиот век. Тогашната власт од СДСМ земала мито за кршењето на ембаргото кон Србија“, се вели во партиското соопштение.
Сметаат дека корупцијата и криминалот во СДСМ не се ексклузива на Заев и Шекеринска, туку имаат свој корен, па така Црвенковски, Миљовски и Бузлески од СДСМ се меѓу луѓето кои добивале мито за обезбедување на лажни документи и документи за транспорт. „Корумпираните функционери на СДСМ за својот криминал добивале и луксузни Мерцедес автомобили на поклон, сведочат луѓето кои учествувале во криминалот на СДСМ од тој период. Еден од главните криминалци на СДСМ е еден од најголемите проповедници за право и правда по медиуми деновиве – Љубомир Фрчкоски како министер за внатрешни работи организирал шверц не само на нафта, туку и на цигари за синот на Слободан Милошевиќ“, се додава од партијата.
Велат дека сите криминалци од СДСМ мора да одговараат за своите злодела./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во општина Чаир санкции за 12 објекти кои работеле во недела

Денеска во периодот 10.00 до 17.00 часот припадници на Единицата за интервентна полиција во координација со инспектори од Државниот инспекторат за труд на подрачјето на општина Чаир извршиле контроли во објекти на ул.„Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“ со цел да се утврди дали работодавачите ги почитуваат законските одредби кои се однесуваат на забраната за работа во недела во оние дејности кои не спаѓаат во исклучоците утврдени со Законот за работни односи.
Од вкупно извршените контроли изречени се 12 мерки, односно издадени се 8 решенија за забрана за вршење дејност во рок од 15 дена, три решенија за наредба за засновање работен однос за лица затекнати во објектите без регулиран работен однос и едно решение за опомена за регистрирање на нерегистрирана дејност.
Македонија
СДСМ: Анти-ЕУ Мицкоски може веднаш да си даде оставка

Од владејачката СДСМ со реакција за изнесени ставови на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Пд партијата велат „анти-ЕУ Мицкоски може веднаш да си даде оставка, потврди дека референдумот е за негова лична внатрепартиска употреба“.
„Христијан Мицкоски да не чека, може веднаш да си даде оставка и да ја напушти политиката, откако му пропаднаа сите обиди да ја закочи и да ја дестабилизира државата. Мицкоски, кој самиот се прогласи за анти ЕУ политичар, уште еднаш потврди дека референдумот кој го најавува, а за кој не ја знае ниту формата, ниту прашањето му е само за внатрепартиска и лична употреба“ велат од СДСМ.
Оттаму посочуваат дека „барањата за референдум, против македонскиот јазик на Мицкоски уследија откако му потонаа сите обиди да ја закочи државата, да ја блокира европската иднина, со крвавите сценарија за дестабилизација и предизвикување етнички конфликт“.
„Мицкоски работи на штета на државните и националните интереси, не може да се помири што почнавме преговори со ЕУ, со заштитен македонски јазик во Унијата и заштитени идентитетски, културни и јазични посебности на македонскиот народ“ е ставот на партијата.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Ќе ја напуштам политиката ако додека сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ биде променет Уставот

Целокупниот процес е предавнички и калкулантски. Македонската дипломатија капитулираше. Предупредував дека ќе се случуваат нови и нови барања од страна на Бугарија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Бутел одговарајќи на новинарско прашање поврзано со најавите на Бугарија дека Македонија треба да потпише нов документ.
Мицкоски потенцираше дека власта за да ги реализира нечесните намери заедно со владата во Бугарија, пред македонската јавност лаже дека така не тераат од Европа иако тоа не е точно.
„Ќе предупредам и на еден процес кој се обидува власта да го води, а тоа е да каже дека Европа така не тера. Не е точно. Не не тера Европа, тука не смееме да потпаднеме на таа провокација од страна на власта, нивната неспособност да ја покријат со барањето дека Европа не тера. Не не тера, Европа има чесни намери и ги отворила вратите за Македонија. Јас верувам во тие намери, но знам кој има нечесни намери, а тоа има владата во Софија и оваа наша некредибилна и корумпирана власт“, изјави Мицкоски.
Нагласи дека затоа ВМРО-ДПМНЕ тука се спротивставуваше и ќе продолжи да се спротивставува на овој процес каде единствената цел е асимилација на македонскиот народ, односно бугаризација.
„Не е тоа европеизација. Затоа сега е првиот браник, а тоа е непроменливоста на Уставот. Иако од власта ќе продолжат со изјави и притисоци дека имало пратеници кои ќе гласаат. Нема такви, по цена на мојата професионална и политичка кариера. Ако гласа некој, ќе си заминам, ќе ја напуштам политиката и никогаш повеќе нема да се занимавам со политика ако јас додека сум претседател, под овие услови биде променет Уставот, изјави Мицкоски.