Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ја напушти салата, објасни дека е против одземање на мандатот на Груевски
ВМРО-ДПМНЕ е против одземање на мандатот на Никола Груевски, ја напушти салата откако образложи дека се работи за политички прогон.
„Се врши политички прогон, се бара одземање на мандат на пратеник, долгогодишен премиер на држава. Ова води кон морална девастација. Дали сте свесни дека постапувате спротивно на Уставот, согласно со чл. 98 судската власт е независна и самостојна. Македонија денеска нема судство, пратениците се судат во политички монтирани процеси. За Груевски во пресудата не е докажана штетата. Предметот што е доказ во случајов е во други раце, се користи уште за странски гости. Политички процес кој е потребен да се дефокусира јавноста. ВМРО-ДПМНЕ ќе биде против одземање на мандатот“, изјави Трајко Вељаноски.
Предлогот за одземање на мандатот на Груевски е врз основа на добиено известување од Основниот суд за пресудата од две години затворска казна поради случајот со „мерцедесот“.
За одземање на иминутетот на некогашниот премиер потребно е двотретинско мнозиство, а осумте опозициски кои претходно ги поддржаа уставните измени минатата недела се изјаснија дека нема да поддржат одземање на пратеничкиот мандат на Груевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност, викендот постудено со локални слаби врнежи од дожд и снег
Времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.
Македонија
Утре без вода дел од општина Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.(општина Центар)
Македонија
Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери
Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.
Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи.
Повеќе информации се најавени во текот на денот.

