Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Обвинителството и Врховниот суд

Објавено пред

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест во 18 часот, кој ќе почне пред Обвинителството, а ќе заврши пред Врховниот суд.

„Ги повикувам сите граѓани, од сите националности и убедувања да ни се приклучат. Протест на кој ќе порачаме дека одговорност мора да има за неправдите, но и порака за чуварите на неправдите, обвинителството и судството, дека ова е борба во која Македонците се борат за своите правдини, мора да се спротивстават на неправдите“, рече Мицкоски, кој рече дека нема информации за нов материјал доставен од укажувач.

Протестот доаѓа откако вчера на прес-конференција пратеникот од опозицијата, Антонио Милошоски, објавуваше аудиоматеријал со глас за кој рече дека е на лидерот на СДСМ и експремиер Зоран Заев.

Минатата недела владејачкиот СДСМ маршираше од Собранието до кривичниот суд, при што порачаа на судиите дека се „ослободени и дека треба да работат независно со донесениот Закон за Јавно обвинителство“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Македонија надмина 12.000 лица

Објавено пред

Од почетокот на пандемијата во земјата над 12.000 лица биле регистрирани позитивни на коронавирус.

Вкупната бројка досега изнесува 12.083 случаи кога вчера беа потврдени 141 новозаразен.

Според податоците на Министерството за здравство, бројката на оздравени пациенти досега изнесува 8.248, а на починати е 529.

Во моментот 3.306 луѓе се активни носители на вирусот. Од нив, 1.157 се од Скопје, во Штип има 342 активни случаја, Гостивар – 285, Куманово – 266, Тетово – 175.

Во болниците во целата држава во моментот се хоспитализирани 389 пациенти.

Досега се извршени вкупно 117.475 тестирања на Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претпладне сончево време, попладне дожд и грмежи

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната од 27 до 36 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје, снчево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во наредните денови следува период кога во претпладневните часови ќе преовладува сончево време, а во попладневните на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат за време на викендот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Моделот за образовниот процес ќе се донесе по мислењето на Комисијата за заразни болести

Објавено пред

Конечната одлука за начинот на кој ќе се спроведува наставата од септември ќе биде донесена врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, информираат од Владата по седницата.

„Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информација со План за одржување на наставата во училиштата во учебната 2020/2021 година на Министерството за образование и наука, и донесе заклучок таа да биде споделена со Комисијата за заразни болести, по што врз основа на мислењето на Комисијата ќе биде донесена одлука за моделот за организирање и спроведување на наставниот процес во основните и средните училишта“, наведуваат од Владата.

Претходно денеска, министерот за здравство Венко Филипче истакна дека ставот на Комисијата е наставата да се одржува онлајн, освен за првачињата за кои смета дека е неоходно физичко присуство.

Комисијата за заразни болести и претставници од Министерството за образование и утре ќе преговараат за начинот на кој ќе се реализира наставата, откако деновиве не успеаја да постигнат договор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Македонија надмина 12.000 лица

Од почетокот на пандемијата во земјата над 12.000 лица биле регистрирани позитивни на коронавирус. Вкупната бројка досега изнесува 12.083 случаи...

Македонија15 часа

Моделот за образовниот процес ќе се донесе по мислењето на Комисијата за заразни болести

Конечната одлука за начинот на кој ќе се спроведува наставата од септември ќе биде донесена врз основа на мислењето на...

Македонија15 часа

Автобусите отсега ќе можат да превезуваат поголем број на патници, одлучи Владата

Автобусите отсега ќе може да пренесуваат патници со 75 отсто од капацитетот, наместо досегашните 50, одлучи Владата на седница. „На...

Европа15 часа

СЗО сака дополнително да ја проверува ефикасноста на руската вакцина против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) и руските власти разговараат за процес на евентуално тестирање на безбедноста и ефикасноста за нова вакцина...

Македонија15 часа

(Видео) Костадинов: Заев е мандатар, преговараме за Влада со полн четиригодишен мандат

Во тек се разговорите и консултациите за парламентарно мнозинство и владина коалиција за четиригодишен стабилен мандат, изјави портпаролот на СДСМ...

Македонија16 часа

Филипче: Ќе разговараме за воведување ПЦР-тест за патниците што транзитираат од соседството

Ниту еден од патниците што бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство, финско и македонско, не е...

Македонија18 часа

Нови 141 заболен и еден починат од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија18 часа

Мицкоски: Ахмети ми рече дека ќе преговара со СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, една недела по средбата со Али Ахмети, изјави дека тие воопшто не ни преговорaле за...

Македонија18 часа

Лукаревска веќе не е директорка на УЈП, ќе биде пратеник

По верификувањето на мандатот за пратеник, Сања Лукаревска ја напушти функцијата директор на Упрвата за јавни приходи, а на нејзино...

Македонија20 часа

Ниту еден патник од авионот за Финска го нема во македонската база на позитивни случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска, кои, според финските власти,...

Свет21 час

Русија ја регистрира првата вакцина против Ковид-19; Путин: Вакцината ја прими и мојата ќерка

Претседателот на Русија, Владимир Путин, тврди дека Русите ја регистрирале првата светска вакцина против короната. Според руската новинска агенција ТАСС,...

Македонија21 час

Повеќето патници со коронавирус што слетале во Финска биле иселеници со косовски пасоши

Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157...

Топ21 час

Се удави рибар во водите на Вардар

Педесет и шестгодишен маж од гевгелиското село Миравци се удави во реката Вардар. Несреќата се случила вчера во 15.40 часот...

Свет22 часа

Над 250.000 новозаболени од Ковид-19 во светот

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 20 милиони, а само во последните 24 часа пријавени се повеќе...

Свет23 часа

(Видео) Експлозија разнесе три куќи во САД – плач на заробени деца се слуша под урнатините

Експлозија раснесе три куќи во САД, а неколку лица се заробени под урнатините, меѓу кои има и деца, соопштија пожарникарите...

Свет23 часа

Русија подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирусот

Русија е подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирус, пишува Ентертејмент Тајмс. Рускиот кандидат за вакцината е вирусна векторска...

Свет23 часа

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа – Трамп веднаш е евакуиран

Членовите на тајната служба ја прекинале конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп и го извадиле од просторијата за брифинг. На...

Свет24 часа

(Видео) Хаос во Белорусија – одекнуваа експлозии во Минск, едно лице загина

Во Минск синоќа повторно се одржаа протести против претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко. Експлозии одекнуваа во центарот на градот, запален...

Европа24 часа

Финска воведува задолжителни тестови и карантин по слетувањето на авион со 24 позитивни патници од Скопје

Финска ќе воведе задолжителни тестови за коронавирус и карантин за патниците од одредени високоризични земји, откако 24 од 157 патници...

Свет1 ден

Германија размислува за задолжително носење маски во училниците

Претседателот на Здружението на германски наставници, Хајнц Питер Мејдингер побара носењето маски да биде задолжително во училниците како заштита од...

Досие