Македонија
Во истрагата за пожарот во Кочани ангажирани 11 обвинители

Истрагата за трагичниот пожар во Кочани се проширува со ангажирање вкупно 11 јавни обвинители, кои интензивно работат на утврдување на причините и на можната одговорност за несреќата, информираат од ОЈО.
Според планот на активностите, Обвинителството најави распит на повеќе од 300 сведоци, како и спроведување соодветни вештачења од повеќе области.
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски, утринава одржа координативен состанок со тимот што ја води истрагата, при што побара детаљна и ефикасна работа за да се расветли секој аспект од случајот.
„Јавните обвинители преземаат активности за обезбедување докази на терен, а фокусот е на темелното истражување на сите можни правци на одговорност“, соопштија од Обвинителството.
Во текот на денешниот ден тимот на истражители во Кочани ќе продолжат со собирање на материјални докази со цел да се добие целосна слика за настанот што го потресе целото општество.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода неколку улици во скопски Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека денеска поради водоводен приклучок од ф 100мм на ул Петар Драганов бр1б без вода ке останат следните улици Његошева, Бриселска, Софиска, Стокхолмска, Петар Драганов, Гаврил Лесновски и ул Копенхагенска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.(општина Карпош)
Македонија
Без струја делови од неколку скопски општини

Од ЕВН Македонија АД известуваaт дека денеска( Среда) без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од дел од ул.Врполе- населба Лисиче. ( општина Аеродром)
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците на ул. Драгиша Мишовиќ бр.12/34.( општина Карпош )
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците на ул.Дрезденска, ул.Римска и ул.Анкарска.( општина Карпош )
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците на ул.Марко Орешовиќ,ул. Марко Орешовиќ 2, Мариовска улица 2 и дел од ул.Димо Хаџи Димов.(општина Кисела Вода)
Македонија
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно каде врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Под влијание на циклонска активност до крајот на месецов времето ќе биде променливо облачно со честа појава на повремени врнежи од дожд.
Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер (над 70 km/h), особено од четврток. Во овој период локално се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 60 l/m2).
Во Скопје, до крајот на месецов времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат пообилни и поројни, проследени со грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме.