Македонија
Во кривичниот суд пак ќе се оценува обвинението за организаторите на насилниот упад во Собранието

Во кривичниот суд по вторпат ќе се оценува обвинителниот акт за организаторите на насилниот упад во Собранието од 2017 година каде обвинети се Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски, oткако претходната оценка на обвинението беше одложена бидејќи адвокатите побараа увид во доказите.
Советот во кој се судиите Марин Станевски, Оља Ристова и Даниела Алексовска Стојановска, иако адвокатите на обвинетите побараа, минатиот пат не дозволија јавност на оценката на обвинението за 27 април, иако тоа беше дозволено во случајот „Пуч“, каде обвинет беше Зоран Заев.
Според теоријата на обвинителството, обвинетите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски, на почетокот на 2017 година по неуспешните преговори за формирање Влада, со намера да ги загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата, подготвиле и реализирале план со акти на насилство да оневозможат мирно примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство.
Обвинетите, како што наведе Обвинителството, ги организирале и материјално ги поддржале масовните протести, првин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ што кулминираа со насилното влегување во парламентот на 27 април 2017 година.
Организаторите ги вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта, притоа овозможиле и континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите и на зградата на Собранието.
Критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во парламентот, вклучувајќи патриотски здруженија и ангажирајќи извршители на насилство.
Во седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, двајца од обвинетите постојано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови во одреден момент да извршат насилен упад во Собранието, знаејќи однапред дека објектот не е соодветно обезбеден и заштитен со полициски сили и дека пречките за влез во Собранието ќе бидат отстранети.
Извршителите на нападот се неправосилно осудени на вкупна казна затвор од над 200 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Во Битола запленета дрога од 800.000 евра, приведени се пет лица

Пет лица се приведени, а запленета е дрога во вкупна проценета вредност од околу 800.000 евра, соопшти полицијата.
Марихуаната била одгледувана во фирма за производство на канабис за медицински цели во Битола, и покрај тоа што Владата минатата година им ја одзела дозволата.
„По добиени информации дека во правен субјект за производство на канабис во медицински цели во Битола се врши производство на марихуана, и покрај донесената одлука и решение од страна на Владата на РСМ на 25.5.2021 за одземање на дозвола за одгледување канабис за медицински цели, објавена во ‘Службен весник’ бр.121 од 3.6.2021, на предлог на Министерството за здравство, поради постапувања спротивни на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, кои биле констатирани при вонредна контрола извршена на 10.4.2021 од страна на Комисијата за оценување на исполнетост на условите за одгледување канабис за медицински цели во содејство со МВР, обезбедена е наредба за претрес од Основен суд Битола“, информираа о МВР.
При извршениот претрес, во една од просториите затекнати се две женски лица во момент на обработка и пакување на сув цвет од канабис, додека во други простории на фабриката е пронајдена голема количина на сув цвет од канабис, соопшти портпаролот на МВР Сузана Прањиќ-Талевска.
Во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, пронајдената дрога е спакувана во 67 вреќи во вкупна тежина од околу 250 килограми. Петте лица се приведени во полициска станица, а по комплетирање на целокупната документација против сите инволвирани лица во нелегално производство на наркотична дрога марихуана ќе биде поднесена кривична пријава.
Компании
Финални намалувања и најубавото лето досега со „Фешн груп“

Месец август секогаш со себе ги носи најубавите летни попусти на сите фаворити од колекциите пролет-лето ‘22!
И оваа сезона вашите омилени брендови од Fashion group со неодоливи дополнителни попусти кои се причина плус за уште едно неверојатно шопинг искуство во нашите продавници и online shop!
Пред завршување на летната сезона и почеток на новата, сега е совршено време да си ги набавиме сите парчиња што толку ги посакувавме по цени како никогаш досега.
Финалното сезонско намалување е како создадено за нова тренди чанти од Guess по неодолива цена, најубавите street style комбинации од SuperDry, безвременските парчиња од Mango за целото семејтво и чевлите од Geox кои ќе ве одведат на најубавите летни дестинации со кои ќе ја заокружиме најстилската летна сезона досега.
Мажите и овој пат уживаат во класиците на нивниот апсолутен фаворит брендот Boss.
Како и досега така и овојпат, брендовите Bitsiani и Dan John ќе ви ја олеснат потрагата за вашиот изглед да не остане незабележан на најубавите настани кои толку многу ги сакаме.
Ве очекуваме во продавниците на Fashion&Friends и online shop заедно да ги создадеме сите модерни и кул комбинации сега на дополнителни намалувања!
Воедно, овој период од годината е совршена прилика да ги подготвите вашите најмили со сите удобни и кул комбинации од Okaidi, за сите предизвици кои ги очекуваат!
И за крај не заборавајте да ги пронајдете сите Women’secret костими за капење сега на супер попуст со кои ќе заокружиме уште едно модерно и тренди лето со Fashion Group!
ПР
Македонија
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ги стави во функција новите смарт-апарати за контрола на паркирање

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје набави нови 70 апарати (смарт-телефони), кои ќе се користат за контрола на паркирањето, односно наплатата на паркирање, како и проверка на правилно, или неправилно паркирање. Денес овие апарати им беа презентирани на вработените контролори кои ќе раководат со нив и истите се пуштени во функција.
За разлика од старите апарати кои беа досега во функција, новите смарт-телефони се со побрз андроид оперативен систем и со повеќе перформанси и истите се прилагодливи на нови технологии, односно надградба на целосниот систем.
Преку нив може да се врши контрола за тоа дали возилото е соодветно паркирано, дали се почитуваат местата обележани за лица со попреченост или станбени сопственици кои имаат обезбедено паркинг-простор.