Контакт

Македонија

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за септември 2021 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 4 октомври 2021 година.

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот Ковид-19, за корисниците кои не користат картички исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

– 4.10.2021– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ

– 5.10.2021– М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Македонија

(Видео) Шахпаска: Згрижувачко, еднородителско семејство e исклучителен пример за хуманост

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска во Општина Радовиш го посети згрижувачкото, еднородителско семејство на Наталија Гура. Наталија згрижува две малолетни дечиња, братче и сестричка, кои се на пет и шест годишна возраст.

За тоа колку е успашна приказната за згрижување на деца без родители или без родителска грижа, министерката Шахпаска рече дека се уверила на лице место, бидејќи децата ја добиваат целокупната грижа за нивното здравје, љубов, внимание, воспитување, подготовка за влез во образовниот систем.

„Згрижувачкото, еднородителско семејство кое денес го посетив во Општина Радовиш навистина има импресивни услови за грижа на децата. Љубовта која ја добиваат децата се чита од нивните весели и насмеани лица. Тие се неверојатно прилагодени кон нивната згрижувачка, а условите кои таа им ги обезбедува говорат за нејзината посветеност децата да имаат правилен раст и развој. Ги поттикнуваме и останатите граѓани во нашата земја да се пријават во системот на згрижувачи, со една единствена цел, на што поголем број деца без родители или родителска грижа, да им се обезбеди дом и семејство во облик најблизок до биолошките семејства“, рече министерката Шахпаска.

Со цел зголемување на бројот на згрижувачи во Скопје и во Битола отворени се Центри за поддршка на згрижувачки семејства. Во Скопје, Центарот функционира при Јавната установа за деца „11 Октомври“ и опфаќа 181 згрижувачко семејство со околу 326 корисници. Вториот Центар, во Битола, е дел од Јавната установа „Дом за доенчиња и мали деца“ каде што стручна поддршка добиваат 113 згрижувачки семејства кои се грижат за 169 корисници.

Центрите за поддршка на згрижувачките семејства се воспоставени со новиот Закон за социјална заштита, и нивна задача е подготовка, проценка и обука на идни згрижувачки семејства.

Во Република Северна Македонија во моментов има околу 300 згрижувачки семејства кои се грижат за 500 деца.

Прикажи повеќе...

Македонија

Регистрирани нови 444 случаи на Ковид-19, починале осум луѓе

Објавено пред

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.210 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 187, Куманово – 37, Kрива Паланка – 22, Штип – 20, Велес и Кавадарци – 19, Битола – 17, Тетово и Кочани – по 16, Прилеп – 15, Охрид, Струмица и Гевгелија – по 9, Неготино и Ресен – по 7, Берово – 5, Свети Николе – 4, Кичево, Радовиш и Пробиштип – по 3, Струга, Делчево, Валандово, Кратово, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 2, Виница, Пехчево и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 225 оздравени пациент од: Скопје – 158, Куманово – 14, Битола – 8, Велес – 7, Гевгелија – 6, Кочани, Струмица, Свети Николе и Демир Хисар – по 4, Штип и Пробиштип – по 3, Кавадарци, Радовиш и Кичево – по 2, Неготино, Кратово, Виница и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 2 починати лица од Скопје (56г и 46г) и по едно починато лице од Кавадарци (74г), Куманово (88г), Кочани (84г), Струмица (73г), Прилеп (71г) и Тетово (69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 03.09.2021 година до 24.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Струмица и по едно починато лице од Скопје, Штип, Кочани, Тетово и Радовиш на возраст од 49 до 78 години, од кои 5 се починати во болнички услови а 3 во домашни услови.

Направени се 3.210 тестови преку: ИЈЗ-348, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-56, ЦЈЗ Прилеп-42, ЦЈЗ Тетово–65, ЦЈЗ Куманово-81, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–156, Жан Митрев (Филип Втори)-72, Авицена-109, Биотек-142, Систина-53, лабораторија Лаор-107, Синлаб-20, Ремедика-17, Плодност–33, Генеа-4, Никоб лаб-314, ВФВ Медикал-50, Ели Медика-34, Ројал Медика –20, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб – 4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.411.

Досега во земјата се направени вкупно 1.372.834 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 200.856, бројот на оздравени пациенти е 187.374, на починати е 7.087, а бројот на активни случаи изнесува 6.395.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 87908, Активни 3203
Куманово 12195, Активни 455
Тетово 10980, Активни 119
Прилеп 9408, Активни 257
Гостивар 7998, Активни 25
Битола 7378, Активни 216
Велес 6739, Активни 328
Кавадарци 6227, Активни 211
Охрид 6142, Активни 192
Штип 6101, Активни 207
Струмица 5901, Активни 136
Кичево 4084, Активни 70
Струга 3838, Активни 42
Кочани 3530, Активни 176
Гевгелија 2543, Активни 84
Неготино 2371, Активни 39
Свети Николе 1997, Активни 78
Крива Паланка 1616, Активни 140
Радовиш 1588, Активни 45
Ресен 1583, Активни 43
Дебар 1453, Активни 5
Берово 1233, Активни 21
Делчево 1153, Активни 33
Виница 1084, Активни 35
Пробиштип 998, Активни 54
Валандово 850, Активни 23
Кратово 639, Активни 32
Богданци 584, Активни 27
Крушево 546, Активни 15
Демир Хисар 481, Активни 34
Македонски Брод 477, Активни 2
Демир Капија 410, Активни 1
Македонска Каменица 356, Активни 40
Пехчево 320, Активни 4
Дојран 145, Активни 3

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) СДСМ: Mаксим Димитриевски e кукавичко јајце подметнато од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

В недела на локалните избори во Куманово има само еден социјалдемократски кандидат, тоа е Оливер Илиевски, истакна на денешната прес-конференција Мартин Костовски, пратеник и претседател на кумановскиот огранок на СДСМ.

„Максим Димитриевски, кој лажно се претставува како социјадемократ, е инсталација, кукавичко јајце подметнато од ВМРО-ДПМНЕ, партијата која 30 години сонува да победи во Куманово.

И самиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за првиот круг јавно кажа дека од партијата не добил никаква поддршка, дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ го поддржувале Максим Димитриевски.

За вториот круг Димитриевски доби и јавна поддршка од ВМРО-ДПМНЕ на која срдечно се заблагодари и истата ја потврди“, истакна претставникот на СДСМ.

Како што кажа Костовски, низ Куманово со денови се зборува дека Димитриевски веќе го поделил и колачот со ВМРО-ДПМНЕ ветувајќи им вработувања, директорски места и раководни позиции во општината, во училиштата и во јавните претпријатија, ако тој победи.

„Сите знаеме дека Куманово секогаш било на вистинската страна, дека секогаш пркосело на режимите и неправдите и така ќе биде и овој пат“, нагласи Костовски додавајќи дека глас за Димитриевски е глас за ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Регистрирани нови 444 случаи на Ковид-19, починале осум луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.210 тестирања,...

Свет3 часа

Шпанија ќе им ги врати парите на граѓаните казнети за прекршување на карантинот

На сите шпански државјани што беа казнети поради прекршување на мерките за време на минатогодишното тримесечно заклучување ќе им бидат...

Македонија5 часа

(Видео) Петровска: Данела Арсовска има и бугарска лична карта

Данела Арсовска, освен бугарско државјанство, има и бугарска лична карта, издадена во 2017 година, тврди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска....

Македонија5 часа

(Видео) „Името го добив по дедо ми Дане“ – Арсовска тврди дека не го менувала своето име и нема бугарско државјанство

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, и денеска на прес-конференција ги негира обвинувањата дека поседува...

Македонија6 часа

Италија забрани туристички патувања за нашите државјани, Данска ги олесни ковид-правилата за влез

Со најновата одлука на италијанските власти Република Северна Македонија се преместува од листата Д во листата Е, со што не...

Свет7 часа

Два процента од богатството на Илон Маск ќе го реши гладот ​​во светот

Мала група исклучително богати поединци може да помогнат во справувањето со гладот ​​во светот само со мал дел од нивното...

Регион8 часа

САД размислуваат за укинување на визите за Бугарија

Бугарија е една од земјите за кои американскиот министер за внатрешна  безбедност, Алехандро Мајоркас, изјави дека САД размислуваат да ги...

Македонија8 часа

Бројот на заразени од коронавирус од почетокот на пандeмијата во Македонија надмина 200.000 лица

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата веќе изнесува 200.412 по вчерашните потврдени нови 511...

Македонија9 часа

Заев: Куманово повторно ќе држи лекции, сочувајте го социјалдемократскиот дух на Куманово

„Куманово и на овие избори ќе одржи лекција по социјалдемократија по прогресивност и, секако, по обединување и ќе даде пример...

Свет9 часа

Вакцината на „Фајзер“ за деца од 5 до 11 години одобрена од експерти на американската агенција за лекови

Советодавниот одбор на американската Администрација за храна и лекови (ФДА), составен од реномирани американски здравствени експерти, ја одобри употребата на...

Македонија19 часа

Од 15 ноември во ресторани, молови и клубови со потврда за примени две дози вакцина

Владата донесе одлука со која се дозволува влез во секаков вид објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии,...

Македонија19 часа

Дозволено организирање настани во затворено до 50 проценти исполнетост

Владата на денешната редовна 115-та седница, на предлог на Комисијата за заразни болести донесе одлука со која се дозволува организирање...

Македонија19 часа

Шилегов: Во моментов Скопје работи на три најсложени инфраструктурни проекти во својата историја

Скопје по повеќе децении добива нов мост кој овозможува брза врска на најнаселената општина во Скопје, Аеродром, со Гази Баба,...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски: Кај Шилегов единствено нешто што му се гледа повеќе од ароганцијата е стравот дека ќе загуби

Одговорот на Заев и Шилегов на дебаклот што им се случи во првиот круг од изборите било да донесат струмичка...

Свет20 часа

Меркел формално разрешена од должноста канцелар

Официјално заврши мандатот на Ангела Меркел како канцелар на Германија, а претседателот на Републиката Франк-Валтер Штајнмаер ѝ се заблагодари за...

Македонија22 часа

(Видео) Шилегов: Со брзата реакција на хероите на градот се спречи поголема материјална штета од пожарот

Денес имаше пожар кај старите бараки на Основен суд Скопје 1 и благодарение на брзата и навремена интервенција на противпожарната...

Македонија1 ден

Владата ја стопира изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци

Владата на денешната седница донесе одлука за стопирање на изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци и негово преместување...

Македонија1 ден

За една недела починале 124 лица од коронавирус, 97 од нив не биле вакцинирани

Во периодот од 15 до 21 октомври починале 124 пациенти од Ковид-19, од нив над 78 % биле невакцинирани. Од...

Македонија1 ден

Регистрирани 511 нови случаи на Ковид-19, пријавени 10 починати лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Економија1 ден

Бектеши: Нема зголемување на цената на струјата до крајот на годината

До крајот на годината ќе има доволно количина електрична енергија и сакам да ги уверам сите граѓани дека до крајот...

Досие