Контакт

Македонија

Во Шведска Интерпол го уапси обвинетиот Давидовски за крвавиот четврток

Објавено пред

Шведската полиција по налог на „Интерпол“ попладнево го уапсила обвинетиот за кравиот четврток Дејан Давидовски -Дешо, кој избега од државата, потврдија за „Макфакс“ од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. На Давидовски му бил определен екстрадициски притвор.

Од обвинителството потврдија дека ги подготвуваат документите за превод на барањето за екстрадиција. Неофицијално го чекале Давидовски да слета на аеродромот во Стокхолм на 7 април.

Давидовски е обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 година, за којшто веќе беа изречени пресуди. За Давидовски беше распишана меѓународна потерница.

Македонија

Зоран Милевски донесен во кривичниот суд на распит

Објавено пред

Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец попладнево беше донесен во кривичниот суд во Скопје, откако беше приведен заедно со Бојан Јовановски (Боки 13).

Според обвинителството, двајцата се осомничени за примање награда за противзаконито влијание, а едниот од нив се сомничи и за перење пари. Според предистрагата, во периодот од април 2018 до април 2019 година тие барале рекет од бизнисмен, за преку извесен јавен обвинител на кој не му беше соопштен идентитетот, да биде олеснета постапката што се води против него. Од бизнисменот биле барани 8 милиони евра, а добиле 1,5 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Македонија

Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Објавено пред

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито влијание, а едниот од нив се сомничи и за перење пари. Според предистрагата, во периодот од април 2018 до април 2019 година тие барале рекет од бизнисмен, за преку извесен јавен обвинител на кој не му беше соопштен идентитетот, да биде олеснета постапката што се води против него. Од бизнисменот биле барани 8 милиони евра, а добиле 1,5 милиони евра.

„Обвинителството од втори мај 2019 година против две лица водеше предистражна постапка, при која се собрани материјални и вербални докази. Од месец ноември 2018 до месец април 2019 година првоосомничениот искористувајќи го своето влијание врз јавен обвинител влијаел да се изврши дејствие со кое во истражна постапка ќе се олесни положбата на едно осомничено лице во таа постапка, а второосомничениот придонел со тоа што договарал континуирани средби и воспоставувал меѓусебен контакт меѓу првоосмничениот и осомничениот во таа постапка и лично со осомничениот. На средбите осомничените ги увериле сведоците во влијанието на првоосмничениот врз јавниот обвинител и за посредувањето во два наврати примиле еден милион и петстотини милиони евра“, рече шефицата на Јавното обвинителство за борба против организиран криминал,Вилма Рускоска.

Според обвинителството, средбите со бизнисменот се одржувале на повеќе места, во домот на сведоците, но и во домот на провосомничениот.

„При овие средби, од сведокот биле побарани 8 милиони евра за да се запре истражната постапка против него. Доколку постапката не се запре, тогаш во насока на изнаоѓање олеснителни околности, сведокот требало да исплати 5 милиони евра, со тоа што веќе дадените еден милион евра, во вториот наврат влегувале во тој износ. Останатите 4 милиони евра било договорено да се исплаќаат на рати. Откако осомничените се посомневале во доверливоста на средбите и можноста за откривање на кривично-правниот настан, повеќе не остварувале средби со сведокот во таа насока“, рече Рускоска.

Првоосомничениот, Боки 13, претходно примените пари ги пуштил во оптек како легално стекнати, а со нив купувал предмети, облека и плаќал одмори, иако целата сума ги надминува неговите приходи.

Обвинителството за двајцата бара мерка притвор.

Прикажи повеќе...

Македонија

Над 4.100 граѓани аплицираа за субвенции за велосипед во Град Скопје

Објавено пред

Денеска се затвори вториот јавен повик за субвенционирање на купувањето велосипеди за 2019 година, кој беше објавен на 26.06.2019 година, бидејќи се исцрпени предвидените финансиски средства. Со тоа, барањата за субвенции за велосипеди од утре (16.07.2019 година), вторник, нема да се примаат во архивата на Град Скопје.

Во првиот јавен повик беа пристигнати 3.472 барања од граѓаните за субвенционирање на купувањето велосипед, додека со вториот пристигнаа над 670 барања, информираат од Град Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Регион2 часа

(Видео) Макрон пристигна во Белград

Францускиот претседател, Емануел Макронм пристигна во дводневна посета на Белград, а го пречека српскиот претседател Александар Вучиќ. Двајцата на аеродромот...

Македонија2 часа

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија3 часа

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија3 часа

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија4 часа

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија4 часа

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија5 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер...

Македонија7 часа

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Забава8 часа

На Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера, досега се знаеше само за четири

Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под...

Свет8 часа

Трамп ги навреди обоените жени демократи во Конгресот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, критикува група обоени демократски претставнички во Конгресот нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство...

Свет9 часа

Нетанјаху им се закани на Либан и Хезболах: Ќе ве уништиме

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се закани дека ќе ги уништи Либан и Хезболах ако ова либанско движење ги реализира сите...

Регион10 часа

Макрон во посета на Србија

Францускиот претседател, Емануел Mакрон, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Србија со намера да покаже дека Париз сè уште...

Спорт19 часа

(Видео) По триумфот во Вимблдон, Ѓоковиќ ексклузивно за Макфакс: Ја прифаќам поканата од премиерот да ја посетам Македонија

По епското финале во Вимблдон, во кое славеше старо-новиот шампион, Новак Ѓоковиќ на победничката прес-конференцијата одговори и на две прашања...

Европа21 час

(Видео) Приведени повеќе од 150 лица по воената парада во Париз 

Вкупно 152 лица се приведени денеска во Париз, на маргините на воената парада која се одржа по повод националниот празник...

Спорт21 час

Федерер: Незаборавно финале, ќе се обидам што е можно побргу да го заборавам

Роџер Федерер беше премногу блиску до својата 21. гренд слем титула, но не успеа да го доведе мечот до крај,...

Свет21 час

(Видео) Авион успева да избегне катастрофален пад врз населено место

На видео снимка направена од автомобил овековечен е драматичен момент кога тајландски воен пилот го насочува својот авион далеку од...

Спорт21 час

Трилер на Вимблдон! Ѓоковиќ по пет часа тенис го „собори“ Федерер

Новак Ѓоковиќ по петти пат ја освои титулата од Вимблдон, откако во едно историско финале со 7:6(5)/1:6/7:6(4)/4:6/12:12(3) го совлада освојувачот...

Регион22 часа

Ердоган: Испораката на С-400 системите ќе заврши в година

Испораката на руските ракетни системи С-400, Турција би можела да ја заврши до април следната година, изјави денеска турскиот претседател,...

Регион23 часа

Јулски снег во Бугарија

На планината Рила во Бугарија, падна снег, објави Метео Балканс. Лошите временски услови ја зафатија Бугарија, а метеоролозите најавуваат обилни...

Досие