Македонија
Во Шуто Оризари ќе има пункт за тестирање со бесплатни брзи тестови
Во Поликлиниката во Шуто Оризари од следната недела ќе почне со работа пунктот каде што ќе се врши тестирање на коронавирусот со брзи антигенски тестови. Матичните лекари ќе може да закажуваат термини веќе од понеделник. Тестирањето ќе почне в среда и ќе се одвива секој ден од понеделник до петок во прва смена, информираат од Министерството за здравство.
„На пунктот ќе се изработуваат по 30 теста дневно, а тестирањето ќе го врши лаборант, кој помина соодветна обука за земање брисеви за брзи тестови. Во Скопје досега имаше 6 пункта за брзи тетсови, и тоа во поликлиникте во Ѓорче Петров, Чаир, Ченто, Бит-пазар, Јане Сандански и во „Млин Балкан“. На овие пунктови дневно се прават по 360 тестирања“, се наведува во соопштението на Министерството.
Тестирање со брз тест ќе може да закаже единствено матичен лекар, и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот, односно има симптоми на вирусот Ковид-19 не повеќе од пет дена.
„Алгоритмот за брзо тестирање е од Светската здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот, одлучува дали тој ќе се тестира со ПЦР-тест или со антигенски брз тест. Брзите тестови се бесплатни за граѓаните“, потенцирааат од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

