Македонија
Врховен суд ги одби барањата на Панчевски, сметаат дека е исправна две и полгодишна затворска казна за него
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/20160519_143429_pancevski1.jpg)
Врховниот суд ги одби барањата на експретседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, за преиспитувањето на правосилната пресуда. Со ова врховните судии ја сметаат за исправна затворската казна од две и пол години што ја одреди Кривичниот суд, а ја потврди Апелација.
„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 13.7.2022 година постапуваше по предметот оформен по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда од осудениот Владимир Панчевски од Скопје, лично и преку неговиот бранител, и одлучи барањата да се одбијат“, велат од Врхове иотсуд.
Ова е втора жалба на Панчевски до Врховниот суд. Претходниот пат, 13 дена по влегувањето во затворот во Шуто Оризари, доби одлука од Врховниот суд, со која пресудата се врати на ново одлучување во Апелација. Оваа одлука беше донесена бидејќи Панчевски барал јавна седница, која не била одржана, но и по неа, ја доби истата две и полгодишна затворска казна.
За потсетување, Панчевски сам се пријави на издржување затворска казна на почетокот од февруари. Тој е осуден за случајот поврзан со АКМИС-системот. Беше осуден за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.
Според овинението, тој во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите што доаѓале во судот на одлучување.
„Обвинетиот со ставање писмен параф од негова страна и со усно задолжување вработени во судската писарница, кои имале пристап до АКМИС-системот, давал наредба да распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, како и насока на кој судија да се распредели предметот. Со ваквите дејства обвинетото лице на странките во така распределените предмети потешко им го повредил правото на еднаков пристап пред судот во заштитата на нивните права и правно заснованите интереси“, пишува во обвинението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.