Македонија
Гаши: Заедно можеме да направиме пресврт за Албанците од Северна Македонија

Лидерот на Алтернативата, Африм Гаши, во својот говор за време на вчерашниот митинг во Кичево упати апел преостанатото време до изборите да се искористи максимално, да се убедат граѓаните да излезат на гласање.
„Треба да се искористи секој момент да се затропа на совеста на граѓаните да се поканат да ни се придружат нашите партии, нашите поддржувачи и многу Албанци што им го сакаат доброто на Албанците заедно да направиме пресврт за Албанците во Северна Македонија, големата победа на 15 јули“, рече Гаши.
Тој им се обрати на граѓаните што се немаат одлучено за кого и дали ќе гласаат.
„Првата група на која денес сакам да се обратам од Кичево е индиферентна група луѓе и кои сè уште се прашуваат дали да излезат на гласање или не. Ве молиме, браќа и сестри, ако имате малку желба да ја видите ова земја напредната, ве молиме, излезете на 15 јули и поддржете нè. Запомнете дека претпоставките и индиферентноста во ова време се непријател на промените. Ако не излезете да гласате, ќе нè спречите да направиме разлика, а ќе му помогнете на сторителот да продолжи со деградацијата на секоја вредност што ја прави 18 години по ред“, рече Гаши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почина доајенот на македонската фолк песна, Ѓоко Дончев

Ненадејно вчера во Скопје почина Ѓоко Дончев кој важи за еден од доајените на македонската народна музика.
Тој беше активен на сцената повеќе од 25 години и остави длабока трага во македонската народна музика со безвременските хитови „Чуј ги куме свирачите“, „Сношти Кате“, „О доме мој“ и многу други.
Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово.
Погребот ќе се одржи утре на градските гробишта во Бутел.
Македонија
Приведен угостител од Тетово кој работел и покрај забраната

Вчера околу 21.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 55-годишниот тетовец С.И., чиј угостителски објект на улицата Иво Лола Рибар во Тетово работел по дозволеното време.
Како што информираат од МВР, во објектот престојувале 10 гости.
Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.
Угостителскиот објект е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат.
Македонија
Вкупно се хоспитализирани 670 пациенти со коронавирус во Македонија

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 670 и има околу 600 празни болнички кревети во ковид центрите.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во Скопје хоспитализирани се вкупно 279 лица.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 32 болни, а во Куманово 57 пациенти позитивни и суспектни на Ковид- 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 48 во ковид центарот во Гостивар 12, а во Струга 27 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 29 пациенти, во Кочани 9 во Кичево 16, Кавадарци 21, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 8 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира