Македонија
Герасимовски: Ниту сум имал контакт, ниту сум дал дозвола на хрватски новинари да влезат во Песталоци
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, демантира дека дал дозвола на хрватски медиуми да влезат во училиштето каде учеше Вања.
„Ниту сум имал контакт, ниту сум дал дозвола, на хрватски новинари да влезат во училишето. Влезот е строго контролиран и дозвола за влез може да даде само директорката на училиштето“, вели Герасимовки за „Макфакс“.
Ваквата информација ја сподели и на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пензионирани полицајци одавале службени тајни на криминалната група „Дуќанџик“ од Грчец
Јавен обвинител од ОЈО ГОКК ноќеска ја координира акцијата на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР во која три лица беа приведени и против нив е донесена наредба за спроведување истражна постапка.
Осомничените во периодот од декември 2019 година до март 2021 година извршиле кривично дело злосторничко здружување и продолжено кривично дело одавање службена тајна, дополнително прво- и третоосомничениот сториле и кривично дело попречување на правдата, а на првоосомничениот му се става на товар и кривичното дело противправно стекнување и прикривање имот.
Осомничените од користољубие се поврзале со организираната криминална група „Дуќанџик“ од селото Грчец и како припадници со посебна улога, поттикнати со умисла од првосомничениот во предметот „Грчец“, пренесувале службени информации.
„Во наведениот период, осомничените, од кои двајца поранешни главни инспектори за имотни деликти, односно недозволена трговија со дрога, преку третоосомничениот за криминалната група прибавувале, пренесувале и споделувале информации за постапки што се од значење за јавната безбедност, како и за безбедносни и разузнавачки активности на државните органи. За ваквото неовластено откривање, со кое предизвикале штета во работењето и ефикасноста на истражните органи и органите на прогонот и го отежнувале или оневозможувале обезбедувањето на доказите, осомничените добивале награда“, информираа од Обвинителството.
Според содржината на наредбата за истрага, осомничените, заедно или поединечно, со информациите што ги споделувале, го отежнале докажувањето во кривичните постапки, и тоа:
– за кривично-правен настан случен во декември 2019 година, секој посебно заканувајќи се дека повторно ќе биде нападнат тој или членовите на неговото семејство, влијаеле врз оштетен – жртва на обид за убиство по нарачка, а сега починат, да ја смени изјавата дадена пред овластени полициски службеници;
– за убиство во август 2020 година осомничените споделиле значајни информации за криминалната група;
– во текот на втората половина од 2020 година осомничените споделувале службени информации за примена на посебни истражни мерки за тогаш актуелно криминалистичко истражување со кодно име „Планина“, во кое беа опфатени лица од оваа организирана група;
– за кривично-правен настан во септември 2020 година, во кој петмина беа осомничени за кривично дело грабнување, биле пренесени информаци за обезбедените докази и изјави на сведоции задржани лица;
– за двојното убиство од март 2021 година во Скопје за кое биле пренесени информации кој е задржан во полициска станица, кои активности се преземаат и кои службени лица се вклучени во криминалистичкото истражување.
Првично обезбедените материјални докази за првоосомничениот упатуваат дека тој и членовите на неговото семејство поседуваат недвижен и движен имот и штедни влогови, што во големи размери ги надминуваат неговите законски приходи како полициски службеник.
Осомничените денес ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје на кој јавниот обвинител, ценејќи дека се исполнети условите, ќе му предложи да им биде определена мерката притвор.
Македонија
Филипче: Премиерот откога е на функција, како да живее во некој паралелен универзум
Немоќта на Христијан Мицкоски да се справи со водењето на државата ги затскрива со измислени состојби и лаги. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање за наводно следење со дронови на Мицкоски кога бил лидер на опозиција, ја потести јавноста за серијата измислени ситуации пласирано во јавноста од сегашниот премиер.
„Лагите на премиерот еволуираат во зависност од тоа како еволуира технологијата. Во еден дел жолтите комбиња еве станаа дронови, во друг дел видовме на собраниската седница шилото стана црвче. Премиерот откога е на функција, како да живее во некој паралелен универзум, некои работи само тој ги гледа. Имаше некое мито за Коридорот, железничките, кое само тој го виде, имаше дестабилизација, па сега нема. Па ‘Бехтел и Енка’ беше скандалозно коруптивен проект, на кој сега се фотографираат и повикуваат на промоција“, изјави Венко Филипче.
На собраниска седница, Мицкоски, одбегнувајќи да одговори на пратеничко прашање на претседателот на СДСМ, Филипче, поврзано со скандалозното назначување на Бојан Христовски за директор на АНБ, рече дека кога била ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, безбедносните го следеле со дронови. Познатата теза на претходникот на Мицкоски, Груевски, „вистината е како шило“, сега Мицкоски ја преиначи во „вистината е како црвче“. Кога беше во опозиција, Христијан Мицкоски велеше дека договорот со „Бехтел и Енка“ е историски криминал за пред некој ден да каже дека е супер проект. Премиерот пред неколку месеци говореше и дека за Коридорот 8, секција 3 за железницата, му понудиле мито, но и од тој случај не излезе ништо на видело. Мицкоски исто така гледаше и најавуваше опасност од дестабилизација. Би рекол дека тој измамнички пристап е карактеристичен само за луѓе што не може да се справат со функцијата и бегаат во лага тогаш кога имаат сериозен предизвик и не може да реагираат, немаат што да направат“, изјави Филипче, претседател на СДСМ.
Македонија
Меџити: Приоритетни инвестиции за безбедност и управување со отпад во депонијата „Дрисла“
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, и в.д. директорот на Јавното претпријатие „Дрисла“, Ненад Јосевски, ја посети депонијата „Дрисла“. При оваа посета се разговараше за важноста на инвестициите во депонијата со цел таа да биде целосно функционална и да нуди побезбедни и поефикасни услуги.
Министерот Меџити ја нагласи потребата од заградување на депонијата, пред сè, од безбедносни причини, а со тоа ќе се овозможи заштита на животната средина и јавното здравје. Тој нагласи дека потребните инвестиции ќе помогнат да се подобрат условите за работа и ќе се придонесе за подобро управување со отпадот во регионот.
Оваа посета ја истакна посветеноста на Владата за подобрување на управувањето со отпадот и обезбедување почиста и поздрава животна средина за граѓаните.