Македонија
Герасимовски: Од општина Центар почнува промоцијата на протоколот за постапување со деца со дијабетес во градинките и училиштата

Од општина Центар почнува промоцијата на протоколот за постапување со деца со дијабетес во градинките и училиштата изработен од Асоцијацијата за детски дијабетес „Баланс МК“ на барање на родители чии деца имаат дијагностициран дијабетес тип 1. Прирачникот е наменет за воспитниот и наставниот кадар и има цел да ги запознае вработените со основните постулати на дијабетесот, терапевтските можности и контролата на гликемијата. Денеска, во објектот „Пепелашка“, клон на градинката „Р. Ј. Корчагин“, покрај градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, и Наташа Д. Димитревска, претседателката на „Баланс МК“.
„Исклучително е важно воспитниот и наставниот кадар во училиштата и градинките да го имаат и да го следат овој прирачник за децата и учениците што имаат дијабетес тип 1. Трендот на деца дијабетичари расте, па оттука и потребата за едукација и негова контрола. Во општина Центар се запишани вкупно 10 дечиња што имаат дијабетес тип 1 и за сите нив е потребно знаење доколку настане состојба на хипергликемија. Се надевам дека следејќи го овој прирачник, наставниот кадар во училиштата и градинките ќе биде спремен соодветно да одговори. Исто така, радува и фактот што во прирачникот има и низа илустрации и за другарчињата, кои исто така може да учествуваат во грижата на своите соученици, деца со дијабетес тип 1. Сите ние мора да се запознаеме со сите предизвици што ги носи денешницата, образованието е законско право за сите деца, а ние носиме одговорности да обезбедиме соодветна грижа и услови“, изјави Герасимовски.
Прирачникот дава упатства за најчестите проблеми и предизвици во кои може да се најде детето, при што навремената и соодветна реакција е најважна. Овој прирачник е дел од неопходните документи што треба да ги има секоја установа каде што престојуваат деца со дијабетес тип 1. Општина Центар ќе продолжи да одговора на сите предизвици што ги бараат децата за да може да се вклучат во воспитниот и образованиот процес. Образовниот процес е законско право на секое дете, а обврската на локалната самоуправа е да обезбеди соодветни услови за престој и безбедно згрижување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Илинден, Арачиново и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од ФРЕШ ФАРМ С.МРШЕВЦИ,ФЕЦ СИМАО 1,2.3, ФОТО СОЛАР, СИТИ ФЕШ, МЕЦ СОЛАР, СОЛАНТ, МИЈАК (општина Илинден)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.БУНАРЏИК (општина Илинден)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.ГРУШИНО (општина Арачиново)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.АЈВАТОВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот дел од корисниците на УЛ.МИЛАН МАРКОВИЌ БР.2-8. (општина Карпош)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.МРШЕВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ФРЕШ ФАРМ С. МРШЕВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.БУНАРЏИК (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ФЕЦ СИМАО 1, 2, 3, ФОТО СОЛАР, СИТИ ФЕШ, МЕЦ СОЛАР, СОЛАНТ, МИЈАК (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.ГРУШИНО (општина Арачиново)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.АЈВАТОВЦИ (општина Илинден)
Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека на ден 08.05.2025 година ( Четврток ):
· Поради уличен дефект на ф 65 мм на бул, Партизански Одреди бр.63, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Борка Талески и Зграда бр,63 на бул Партизански Одреди од 22:00 часот до завршување.(општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно време, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови од земјата, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во наредните денови ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во сабота повремено засилен северен ветер. Во недела попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.