Македонија
Горан Заев: Николоски не докажа дека Вице Заев е главен бизнис-фактор во државата
Во Граѓанскиот суд во Скопје попладнево заврши судското рочиште во кое братот на премиерот, Вице Заев, го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Алексансар Николоски, за навреда и клевета за телeфонската изјава дека е главен бизнис-фактор во државата и дека местењето тендери на Вице Заев не се европски вредности.
Судијката Кети Германова на денешното судење ги изведе доказите, меѓу кои и снимката од спорната изјава, а беа изнесени завршните зборови.
Горан Заев, адвокатот на Вице Заев, рече дека од изведените докази се покажало дека со клеветата на Николоски се компромитираат личноста на Вице Заев и почитта од сограѓаните.
„Слободата на изразување сепак во определени услови може да биде санкционирана и ограничена во случај кога со слободното изразување се нарушуваат угледот и правата на другите“, рече адвокатот на Вице Заев и појасни дека со изјавата му се нарушени честа и угледот.
Николоски во завршните зборови рече дека изјавата е дадена како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и должност на опозицијата е да отвора прашања во јавноста со цел јавноста да врши надзор и критика над работењето на власта.
„Изјавата е дадена со цел да даде критика на власта предводена од СДСМ и е насочена кон работата на Владата и за големиот број афери што постојано излегуваат во јавноста“, рече Николоски. Тој пред судот рече: „Немав намера да го навредам тужителот. Делот со наместени тендери е изваден од контекст и не се однесува на тужителот, туку на работата на Владата“.
Причината за тужбата е поради тоа што Николоски во телефонско интервју рекол дека Вице Заев и неговото семејство ги добиваат сите главни бизниси во државата.
Вредноста на спорот е 30 илјади денари. Вице Заев беше повикан на распит и објасни дека тужбата е поради лагите и манипулациите што ги изнел Николоски во телевизиската емисија, со што му ги нарушил честа и угледот.
Објавата на пресудата судијката Германова ја закажа за 22 април.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

