Македонија
Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, донира крвна плазма
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/08/IMG_3735.jpg)
Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, на Институтот за трансфузиона медицина донира крвна плазма.
„Многу сум среќен затоа што успеав да си го исполнам ветувањето што си го дадов уште додека се лекував, дека штом оздравам и се создадат услови, ќе дарувам крв за да дадам шанса за успешно лекување, исто како што и јас ја добив таа можност, за што сум бескрајно благодарен. По изборувањето со инфекцијата на Ковид-19 и по низата испитувања и процедури, се утврди дека ги исполнувам условите за дарување конвалесцентна плазма. Воопшто не се двоумев и веднаш се пријавив за донирање плазма“, рече градоначалникот Георгиевски.
Тој упати и апел до сите лица што се избориле со Ковид-19, да даруваат крв за да им се даде шанса на оние што допрва ќе поминуваат низ оваа голгота полесно да ја пребродат.
„Сакам да порачам дека од големо значење е да сфатат сите што се излекувале од оваа инфекција, дека колку повеќе лица даруваат крв, толку повеќе наши сограѓани ќе може полесно да се изборат со Ковид-19 затоа што крвната плазма на лицата што биле излекувани има антитела, кои организмот ги создал за време на борбата против болеста, а се врзуваат за вирусот на организмот на болниот, го намалуваат неговото дејство и со тоа ја намалуваат прогресијата на болеста“, додаде Георгиевски.
Затоа, ве охрабрувам сите што успеавте да се изборите со болеста, да донирате крвна плазма затоа што нема поубаво чувство од тоа да спасите нечиј живот, посочи Георгиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.